На ова прашање милион пати би рекла дека не. Да живеев како што сакав немаше ниту да бидам тука,ниту да живеам според други правила,ниту би била во оваа ситуација.Сепак сакам друг живот и се надевам дека некогаш ќе го имам...
Едно кратко и јасно НЕ. Не секогаш оди се по нашите зацртани планови и најчесто ние сме единствените виновници за тоа. Се разбира некогаш влијаат и други фактори, но за да го постигнеме она што го сакаме и да живееме онака како што сакаме треба да промениме некои работи ние самите. А, ова за жал е многу полесно да се каже отколку да се направи...
НЕ! Средината, луѓето, целото општество, едноставно не одговара на мене и на мојот каракер. Не сум требала да се родам тука, дефинитивно. Само нешто се фрустрирам зашто и како се случува и постојано немам одговор. А, како ќе имам кога сум опкружена со дебили, насекаде. Моите дома постојано се караат дома, татко ми секогаш почнува и и' замерува ситни работи на мајка ми за кои што не ни треба да почне да размслува да се кара, понекогаш е насилен, мисли дека секогаш е во право, дури не те ни слуша кога се обидуваш да го убедиш во спротивното и многу ми е криво затоа што не можам никако да помогнам, ама па од друга страна не можам да ги слушам повеќе. Заедно се само заради мене. Среќа што сум доволно паметна да не тргнам во лош правец поради тоа(знам многу такви деца), Не можете и не треба да ме судите за ова што го зборам поради годините кои што ги имам, затоа што многу работи имам доживеано кои не се баш пријатни. За другари и другарки, да не почнувам. Кратко и едноставно: секогаш се тука кога им требаш. За повеќето од работите се обвинувам самата јас, затоа што премногу сум добра кон другите и сум многу попустлива. За Скопје, за мојот град Скопје, што да кажам. Се претвори во несигурно и неубаво место, околина за живеење, со луѓе кои што се' завршуваат со врските кои што ги имаат и за да успеат во нешто, газат се' пред себе. Кога ќе поминам низ нашиот ни комплетно 'реновиран' плоштад, ми се лоши. Епа, по кич, амин од ова. А, најтрагично е што ако почнеш да зборуваш на оваа тема, одма ќе ти лепнат етикета дека си политички настроен и ориентиран, ама јас стварно не можам да поверувам кој може да го издржи ова лудило што се случува на плоштадот. Како можеа да дозволат, градот да се претвори во вакво нешто. Со тие пари, можеа многу повредни работи да поправат и да создадат. Тоа е тоа, накратко.
50-50. Би сакала да живеам во некоја земја каде нема толкава сиромаштија Луѓето се океј, ама стандардот е на многу ниско ниво. Би сакала да живеам во поголема куќа со голем двор и базен Да не бидам разгалена, ама да ми бидат дозволени поќето работи. Но, од друга страна високиот стандард и имањето на повеќе финансиски средства не се предуслов за среќа, љубов и хармонија во домот... Задоволна сум до некаде со тоа што го имам, бидејќи знам дека има некој кој се радва и на едно парче леб и малку вода ...
Луѓето живеат во својот свет, во сопствениот филм, во својата приказна. Тие ја вложуваат целата своја верба во таа приказна, и таа за нив е вистинита. Сите нивни мислења за вас всушност се однесуваат за ликот кој живее во нивниот филм. Што и да мислат луѓето за вас, вистината се однесува само на сликата која ја имаат. А таа слика не сте вистинскиот вие.
Па мислам дека посакувам многу многу мноооогу поубав и посовршен живот од овој што го живеам. Секогаш ќе ми се случи нешто најубаво и ќе бидам најсреќна и ќе помислам дека имам совршен живот ... и по некое време пак сум незадоволна. Сакам уште. Сакам се да ми биде совршено во секој момент, дури и повеќе од совршено. Такви сме ние луѓето. Бараме премногу. И јас барам премногу и ДА, дефинитивно сакам совршен, раскошен живот, сакам да имам се што ќе посакам! И се надевам дека иднината ќе ми донесе поубав живот, ма да иако се жалам и сакам повеќе од ова, мислам дека имам доволно.
До сега сум презадоволна. Се што некогаш сум посакала, до сега ми се остварило. Мислам дека после факс некако тоа ќе иде downhill, ама моментално ми е тип-топ
Да. Сум успеала да изградам цврст карактер, имам личност која ме поддржува и разбира, љубам. Се друго можам како-така да пребродам, па не може се да биде розово у секој случај.
До пред некоја година мислев дека го живеам животот што го посакувам, но подоцна сфатив дека ни одблизу не е така. Не, НЕ го живеам, многу работи недостасуваат за да се нареди сложувалката наречена ’живот каков што посакувам’. Толку многу страдав, патев и плачев за се’ што ми се случуваше и сеуште ми се случува, што понекогаш мислам дека некоја виша сила дејствува против мене и не дозволува да напреднам во животот. Едноставно, животот ми зададе многу тешки удари во краток период и мислам дека сето тоа ме дотолчи. Се’ што добивам го добивам на потешкиот начин, се’ што силно посакувам и верувам дека ќе се случи - не се случува иако постојат совршени услови за истото да се случи, едноставно штом ми излезе некаква можност да остварам нешто - уште однапред знам дека ќе се изјалови и дека ништо нема да биде. Едноставно, колку повеќе се надевам на нешто, толку повеќе се оддалечува тоа нешто од мене. Како да постои некоја пречка пред мене и не дозволува убавите нешта да ме стигнат. Секако, имам многу на што да се радувам и да бидам благодарна, имам здравје, семејство, љубов, но го немам најглавното. Го немам она што ми треба за да продолжам во животот да чекорам цврсто, самостојно, гордо. Времето изминува, а сето тоа ми е толку далечно. Толку малку фали за да бидам среќна во животот, а тоа малку мене ми изгледа толку многу... Ми изгледа невозможно, недостижно, неостварливо...
Не, ама свесна сум дека живеам живот што мн други го посакауваат и би биле срекни ако го живеат, затоа не се жалам. Се во свое време, во иднина сум сигурна дека ке го живеам животот кој ја го посакувам
ДА. Ако ме прашавте пред една година одговорот ке беше поинаков, но со текот на времето, се се среди, искрено јас најмногу се борев во животот за се што имам, дипломирав тоа што сакав, се вработив и може да се рече дека немам тешка работа, се омажив со љубовта на мојот живот и чекам бебе. Само треба да му се заблагодарам на Господ, повеке ништо не барам
Па незнам и да и не но повеќе не ноо има некој работи на кои им се радувам ии само можам да му се заблагодарам на Господ за тоа што го имам.
Кога ке го остварам ова тогаш ке можам да кажам дека сум задоволна. Ама се во свое време, вака се тешам