Мислев дека врската со дечко ми ке е совршена...толку го засакав , пред него немав долги врски...идеме 4 месеци..многу бевме блиски, некој ке каже прекратко време за да му дадеш..но ете бидна...како и претходно не бев навикната да се врзувам за еден и да седам мирна...нонстоп имаше некој нов што ми се свиѓа...Е пред да го запознам дечко ми имав еден тип по кој душата ми гореше...ностоп мислев на него но несакав прва да го направам првиот чекор...и ете бидна некако озбилно со дечко ми , се засакавме 24/7 бевме заедно...се осеќам како да идам 2 години...Во последно време често го сретнувам типот кој ми се свиѓаше...и дали дека често мислам на него и нонстоп го сонувам..ова никад ми се немаше случено...кога сум со дечко ми само физички сум тука , а мозокот (не по моја волја) ми лета кај другиот...кога ке се сретнеме се изгледуваме од глава до пети...животот мисе смени толку мислев дека живеам прекрасен живот кој од секогаш го посакував но сега приметив дека не е така...што да правам...го сакам да ...но душава полека ми се оддалечува од него.....????
Така функционираме ние, луѓето. Секогаш сакаме повеќе од тоа што го имаме/можеме да си го дозволиме. „Типот“ кој ти се „свиѓа/л“ сигурно нема да биде ништо особено, доколку си го дозволиш. Би сфатила дека тој е толку обичен како и сите други на планетава, но ти си го идеализирала (крајно човечка особина) бидејќи фактот дека филмовите и книгите лажат е едноставно неприфатлив. Имаме потреба од една таква хиперболизирана страст, па тоа е и причината што одбираме „рандом“ момче кој по некоја најмала особина (било физички изглед, било интелигенција) не привлекува и си го правиме нашиот принц на бел коњ. Се разбира доколку тие фантазии се реализираат би биле разочарувачки, па би се префрлиле на некое ново момче и така натаму. Ја сфаќаш поентата нели? Најдобрите афери се оние кои никогаш не се случиле. Најпривлечниот оган е оној од кој никогаш не сме се изгориле. Што се однесува до дечко ти, душата не ти се оддалечува од него, не се плаши. Тоа што го искусуваш се вика монотонија на рутинскиот живот. Почнуваш полека да се навикнуваш на присуството на дечко ти, а работите кои одредени парови ги поминуваат за подолго време, вие веќе сте ги поминале. Всушност, во врските е добро да се оди полека. Секогаш да има нешто возбудливо кое ќе ви ја оддржува врската доволно долго пред да стане навика. А тогаш кога ќе стане навика, ако е убаво, удобно и има компромис нема да сакате да ризикувате да се разделите, па да градите нови врски кои можеби никогаш нема да бидат како таа што ја имате...
Не. Но има потенцијал и тоа голем за да живеам баш така како што сум си замислила. Е треба храброст. Ама имам и храброст!
Се слагам со тебе, фала што ми помогна колку-толко...барем малку позитивизам ми внесе , се надевам ке ми помине оваа фаза
Работиме на случајот,никој не живее како сака,тоа е незвожмно,но затоа можеме да правиме работи кој ни претставуваат задоволство.
Грев е да се пожалам...ама од мала си мечтаам да живеам лукзусно да бидам премногу добро финансиски ситуирана,а пред се со добро здравје
Сметам дека човековата природа е таква шо човек секогаш ќе биде ненаситен. Кај некои луѓе тоа е во границите на нормалата (оти нормално е секогаш да се трудиме да постигнеме нешто поише во животот, и тоа е ок, барем се додека не повредува некој друг), а кај некои луѓе е изразено до тој степен шо се манифестира као чист егоизам (да се има се, тоа се да се има само за себе и притоа не водејќи сметка за начините да се стигне до целта).. И не, немам живот каков шо би сакала, всушност не ни можам да дефинирам шо сакам, желбите никогаш не се конечни, константно се менуваат..... има денови коа сум задоволна, ама никогаш не заборавам да се потсетам себе си, дека утре морам да бидам подобра личност од вчера..секако, да си поставувам приоритети и да целам кон нив.. ..дури мислам дека ако кажам дека овој живот го сакам и дека се имам, зошто тогаш уште живеам ако немам нешто за шо треба да се борам?
Нема да се жалам, задоволна сум. Го имам сето тоа кое не се купува со пари и среќна сум. Секако и јас имам многу неостварени желби, но има време животот е пред мене. Ќе дадам се од себе да ги остварам моите соништа.
Јас сум задоволна од мојов живот,најбитно е здравјето за човек да биди среќен...имам прекрасен вереник кој го сакам и ме сака најмногу на цел свет,финансиски сме супер друго ништо не треба...(и ни фалат уште 3 бебенца понатаму ) ама се во свое време