Моментално да, за овие години ама имам многу планови што треба да ги исполнам за едно 3-4 години од сега.. Ако успеам во тоа, можам да си честитам себеси дека сум ги направила работите што најмногу ми значат и ги посакувам
не сакам да се жалам, греота е, од се сум задоволна во животот, немам баш се што ќе посакам а и што ќе ми е. некој рекол "бидете благодарно што бог не ги исполнува сите ваши желби"
Не,не,не и не.не сум задоволна воопшто од животот мој. Не дека сум неблагодарна.Само..Посакувам друг начин на живот,а мојот на никој не би го посакала..
Задоволна сум од тоа што го имам,затоа што има некои што немаат ништо,но не сум задоволна од начинот на кој го живеам.. :/
Задоволна сум од мојот живот,не се жалам... Фала Богу имам се што ми е потребно љубов,здравје,среќа...
oна што го посакува сепак е само сон, иначе ко ке размисла - пресреќна су семејство, друштво, супер партнерче што поќе!?
Да. Некогаш не ми се верува дека тоа што го посакував од мали нозе кога моите не оставаа дома сами и одеа да рБотат на црно ми се оствари. Си замислував како ке дојдеме и ние тука, ќе си земеме документи, ќе се запишам на школо и ќе имам убав смирен живот и конечно ќе сме сите заедно. Е сега нормално и тука не е се како во бајка, ама е како во мојата бајка Ех да, си замислував дека ќе имам дечко, ама го немам уште. е само уште тоа ми фали.
Долго време посакуваш да дојдеш до одреден начин на живот затоа шо на почеток ти изгледа интересно, ризично па дури и филмски. Си викаш денес ке го сменам ова, утре ова.. итн. Е, коа ке стигниш до тоа шо си го посакувал толку време и коа ке сфатиш дека ти не си ТИ повеќе и дека не знаеш кај се наоѓаш и коа ке погледнеш околу себе.. си викаш шо барам јас тука? Кои се овие луѓе околу мене? Кога ке се погледниш во огледало и коа нема да се препознаваш повеќе едноставно ти иди шамар да си врзиш. Ама нема назад. Story of my life.
Некој се богати и имаат убав живот ама немаат среќа во семејството,најважно е да имаш среќа во семејството а другото не е битно. јас сум задоволна од мојот живот.
Не сум задоволна. Сакам, можам и заслужувам подобро, ама, нели, кога среќата не ти е добра... Spoiler
Сега за сега да. Само посакував почесто да патувам. барем еднаш месечно да одам во некоја држава кај што не сум била. Ама ќе биде и тоа
До одредена граница живеам,не сум ни богата ни сиромашна,можам да си дозволам и одреден луксуз,патување во некоја држава,среден дом...ама сето тоа не е гаранција за среќен живот,повеќе би сакала луѓето околу мене да ме сакаат и почитуваат искрено,од колку да бидат дволични, ама за жал сега ако имаш пари те гледаат ко човек,ако немаш никој и ништо си,измешани се човечките вредности,за да имаме живот како што посакуваме треба цело опшество и човештво да поработи на тоа!