Не! да живееш живот и да имаш дискус хернија од 15-16 години и не е баш лесно секој ден страв дека повторно ќе се повторат тие неподноссливи болки...џабе пари џабе се кога немаш здравје...
Не знам каков живот посакувам, но ќе речам да! Мислам дека секој има проблеми во животот и секакви зафрканции, но еднаш се живее, мора да се справиш со се тоа и да гледаш во секоја прилика на позитивната страна.
Не е идеално, а и не барам да биде. Скапо се плаќа тоа. Вака работам на тоа да биде се во ред, и да се одржува на едно прифатливо ниво. Се дури блиските се среќни и исполнети, ќе си најдам и јас чаре.
Не. Секогаш се наоѓа некој што ти тречи во оставрување на соништата...Или во живеење на еден спокоен,отпуштен живот....Тоа е...
Па прилично, до некаде го живеам животот што го посакував. Среќна сум што најдов човек кој е заслужен за тоа, благодарна сум му на мајка ми и татко ми што се секогаш со мене и ме сакаат и ми помагаат во се. Во исчекување на бебчето за среќата од страна на љубов да ми биде целосна. Но секако не е се така розово како кај сите така и кај мене, но се надевам дека за неколку години ќе ми се оствари и тој сон. Семејство во кое владее љубовта и почитувањето, добра финансиска состојба и среќен и сопствен дом. Ете толку.
ДА.Уште овај анкс да не постоеше,но рековме совршенство не постои.Имам се што сакам во животот и благодарна сум!!!
благодарност до бога и за ова што го имам. Но сепак не е животот што го посакувам т.е живот за кој сонувам