Засега можам да кажам дека сум задоволна. Но сепак тоа ќе може да се види кога ќе бидам самостојна и кога ќе почнам да живеам од сопствена плата. Се дури ме издржуваат мама и тато не смеам да се пожалам зошто нели тие со своја труд прават се за да ми го овозможат она што го имам денес. Среќа или несреќа што немам брат сестра па се што заработуваат оди за мене.. но парите и не се главната смисла на животот, денес ги имаш утре не.. Во тој поглед не можам да се пожалам но постојат други работи кои ми фалат во животот.. Во поглед на другарството денес сите гледаат да извлечат некоја корсит, вистинските пријатели се ретки.. речиси и ги нема.. не можеш целосно некому да веруваш и да се потпреш.. Имам пријатели од кои на една рака се бројат тие на кои можам да им верувам но сепак ми фалат повеќе луѓе во мојот живот кој сакам да бидат покрај мене секогаш. И уште една голема празнина ми е љубовта.. сеуште не сум нашла некој покрај кој ќе заборавам на сите недостатоци и тешкотии во животот. Сепак сеуште имам надеж дека во вистинкиот момент ќе се среди и тоа. Тоа е тоа животот кој го посакувам.. горе долу.. се трудам ако не сега барем еден ден да биде онаков каков што навистина посакувам да е.
Никој не живее совршен живот, тоа е реалноста. Дури не ни знаеме каков е животот без проблеми, бар јас досега не сум сретнала човек кој го живее тој живот. Со моите 16 години сум доживеала доволно многу според мене. И убави и лоши работи.Тоа е животот. Можам да кажам дека сум многу задоволна , односно повеќе од задоволна. Имам семејство, здраво , право , сложно , имам повеќе од добар меѓусебен однос четворицата, љубов , слога и нормално по некоја кавга. 80 проценти од потребите од нив ми се задоволени. Финансиите не ни се најдобри , но јас не сум ни гладна , имам покрив над глава, имам и да се дотерам, и да се средам, и секако тука е фамилијата која тотално ме подржува. Школото ми оди, задоволна сум и горда со тоа, а и моите се преегорди на себе. Имавме и тешки периоди на почетокот на годината со огромен пресврт, но со текот на времето се се среди, животот продолжи, потоа повторно тешки периоди но еве и тоа се среди. Изминатово лето научив дека здравјето треба да го ставам пред се. Школо, професори, оценки, другарки, излегувања се е минливо , но здравјето не. Здравствените проблеми тешко влијаат на човекот и психички и физички. Бев максимално истоштена , душата ми плачеше , а можам да претпоставам што и се случувало на моите. Како и да е. Излегов вон темата, но всушност сакам да кажам дека животот е стварно тежок, но сум задоволна од работите кои ги имам и кои ми се пружени , бидејки стварно не е малку.
Прилично да.Ама како и секое живо суштество секогаш бараме повеќе и се нешто ни фали. Ништо не може да биде како подмачкано мора да има и подеми и падови во животот, треба да бидеме среќни што сме здрави и живи, се друго се постигнува и купува во животот. Ако си здрав и се бориш е тогаш ќе живееш живот каков што посакуваш
имам воздух сонце почва љубов вода и храна .. за да живеам можам ... не барам многу .. ама мислам дека никој нема живот како што посакува .. треба да бидеме среќни за тоа што го имаме..
Да, задоволна сум од животот што го живеам, бидејки моите очекувања се многу мали и едноставни, а тоа се: Да бидам жива и здрава јас и моето семејство и да имам основни средства за живот, се останато е плус и добредојдено Секогаш кога ќе се нервирате затоа што немате ваков или онакув паметен телефон, сетете се дека има девојки на ваша возраст кои немаат леб да јадат, а камоли паметен телефон. Секогаш кога нема да сте задоволни од својот изглед, од своите нозе, сетете се дека некоја девојка на ваша возраст воопшто неможе да ги мрдне нозете, затоа што судбината се поиграла со нив. Само еден совет од мене, не дозволувајте да животот ви покаже колку фсушност сте среќни и задоволни во мометов од својот живот, а фсушност не сте ни свесни. Не дозволувајте еден ден да се каете затоа што животот сте го поминале во незадоволство и гев кон самите себ. Здравиот човек има милион желби, а болниот само една да оздрави.
Па да мислам дека е ОК...понекогаш си мислам дека ако имам повеќе пари, ако повеќе патувам, ако имам повеќе пријатели ќе биде уште подобро, ама на крајот доаѓам до заклучок дека тоа се само моменти. Тогаш застанувам гледам што имам околу мене, што сум сакала некогаш, што сум постигнала, си и гледам луѓето што ги сакам и си викам ОК е. Се додека со нив можам да споеделам убави си среќни моменти можам да кажам дека сум СРЕЌНА. Се друго ќе дојде и ќе замине...
ДА! Среќна,насмеана, заљубена, сакана, почитувана,искрена (спрема секој) ,успешна,здрава ..... Зарем ова е малку Животот е убав , еднаш сме овде !!! Работите кои што посакуваме материјално да не исполнат мислам дека доколку се потрудиме ќе можеме и да ги доживееме ...Секој си има свој сон , но не заборавајте да сонувате затоа што ако тоа се случи нема да знаеме кон што да се насочуваме во животот Најпрво да бидеме зрави и живи се друго со ред ќе си дојде
ДА, пресреќна сум реализирана и професионално и приватно. Вљубена сум како тинејџерка во мм, се почитуваме и сакаме. Би сакала уште луѓето што ги сакам да бидат посреќни и поздрави и тогаш би било се во ред.
Јас сум среќна со ова што го имам, но секогаш може подобро, па затоа и се трудам кон подоброто. Важно е во потрага кон тоа што го сакаме, да не се изгубиме самите себе и престанеме да бидеме среќни. Секогаш со позитивен став гледајте на работите.
Моментално не сум во таква состојба каква што посакувам, но за неколку години тоа ќе биде сигурна сум во тоа ако се тече по сегашниот редослед. Се со тек на време.