Не.Далеку е ова од оној живот што сакам да го живеам,од оној барем пристоен живот. На човека се нешто му фали,тежнее кон подобро, но мене како да ми фали премногу... Ја гледам болката во очите на мајка ми,лошите односи со татко ми,ни трошка татковска љубов,уште помалку братска и така ми иде да вриштам....ЗОШТО??? А и мојата состојба не е подобра,депресија,лоши мисли,повеќе песимизам,многу малку оптимизам.Тоа е сликата на досегашниот живот кој од година во година одеше на полошо, се до овој степен.Сега сум рамнодушна.Тоа е и најлошо.Животот ми донесе многу болка и тага но луѓе сме,живееме за оние малку среќни моменти со нашите најблиски. Еден ден,јас и тој- семејство.Еден ден дете во мојата прегратка.Само тогаш би започнала нова страница во мојот живот и би била се она што условите не ми го овозможиле.Би била вистинската јас.
Може да се каже дека да. Иако малтене живеам на две различни локации една кај што ми е срцето а другата кај што ми е фамилијата и сите пријатели. Ама добро најбитно е што сме сите здрави и живи фала богу и тоа ќе се среди конечно да ми биде и срцето таму каде што ми е животот.
Фала му на Бога дааа, највеќе од аспект на љубовно поле, но има нешто што од време на време ми ја попречува среќата но нема врска со љубовта, тоа се неслогите дома. Секако најважно ми е што сум исполнета на љубовно поле, тоа секогаш ми било најважно, а гореспоменатото што ми пречи ќе се реши кога ќе почнам нов живот секако. Си се запишав на факултет, колегите ми се фини, материјалот не делува тежок, си шеткаме наваму натаму со саканиот, си се сакаме... Не би си го замислила животот на поинаков начин, што значи дека ја имам таа среќа да го живеам животот кој го посакувам. Spoiler Пу пу пу, да не се урочам.
Други викаат блазе тебе, јас не би рекла... Уште како дете си поставив премногу високи амбиции и дури не ги остварам ќе немам мир.
за жал не,ни најмалку не го живеам животот што сакав да го живеам.но се надевам дека еден ден ќе го живеам
Кога посакуваш нешто се стремиш кон тоа нешто да ти се исполни.Кога ке ти се исполни се стремиш кон следно нешто и се така. Така да секогаш може и подобро, но како што ке кажат старите "бог да чува од полошо".
Дефинитивно не. При првата укажана прилика заминувам од овде и го напуштам овој живот без око да ми трепне. Не велам дека не можело да биде полошо, но истовремено и не велам дека е совршено. Инаку, радо би живеела некаде далеку од градската врева, на некое планинско чисто местенце би направила виличка и би останала таму до крајот на животот. Би читала книги, би готвела, би ги повикувала пријателите на забава и така. Сепак, иако ништо посебно не барам и мојот сон е скромен, сепак е неостварлив.
Рака на срце,сите ние сакаме подобро од тоа што го имаме. И јас посакувам подобар живот,но истовремено задоволна сум од нештата кои што ги имам. Секогаш може и подобро.
Не,воопшто не го живеам животот кој го посакувам. Јас ја живеам судбината. Се препуштив на реката наречена живот па да видам каде ќе ме одведе .
Сакам со мојот дечко да одиме на зимување во Банско да учиме да скијаме заедно.Но има еден проблем моите родители не ми дозволуваат како да постапам помошшшшшш. Ве молам
не...фала богу може и полошо господ да чува.ама несум задоволна ама ич срекна сум само што сме живи и здрави а другото ...да имам мок некоја па да сменам се...