1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Nema problem, zatoa sme tuka nie feminkite. Kolku tolku da si pomogneme.
     
  2. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Па не баш, знам дека не можам се да имам, и имам уште многу цели во животот да направам незнам дали ќе можам сите да ѓи остварам но барем најмалку сакам да имам мирен живот а не постојано да бидам во опкружение со лицемерни и невоспитани луѓе.
     
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Da, jas go vozam brodot. Se razbira ponekogas branovita e vodata, ama se znae brodot tera, ke se zanisa ama nema gajle.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    па не баш, од финансиски причини.. би сакала да студирам и живеам некаде низ Европа, Шпанија, Италија, Велика Британија, ах соништа соништа..
     
  5. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Ние уѓето сме најсебичните живи суштества на планетата земја никогаш нема да бидиме задоволени секогаш бараме повеќе и повеќе.Како и сите така и јас имам многу неостварени желби не дека сега ми е лошо имам покрив над главата што е најбитно меѓутоа нешто фали...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Би сакала да живеам сама, не со цимерка.
     
  7. Bojana.20

    Bojana.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    хахаха исто исто.
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Па лесно е тоа земетеси стан сами никому ништо
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Па не е баш лесно, не е исто да плаќаш стан сам и со цимерки. :)

    Он топик, јас сум горе-долу задоволна. Може да биде нешто подобар, ама станува подобар со секој ден, па океј е.
     
  10. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Ничиј живот не е совршен,тоа е и суштината на живеењето,се бориш за тоа што го сакаш,добиваш се повеќе и повеќе,имаш неуспех,паѓаш,повторно стануваш,се бориш да преживееш,но никогаш нема да биде доволно што и да добиеш секогаш ќе има желба за повеќе.Сакаш да бидеш среќен и наеднаш сфаќаш дека си.Така да единствено што ти преостанува за да живееш живот каков што сакаш е да се задоволиш со тоа што го имаш,да се радуваш и восхитуваш на тоа.Тоа е клучот на среќата и еден убав живот.
     
  11. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    ne noo se obiduvam da si go popravam
     
  12. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Не, не но се движам со минијатурни чекори кон таму. До другиот живот ќе стигнам така ми изгледа :):(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Темава ме потсети на еден цитат од Едгар Алан По што го прочитав пред скоро време:
    Man’s real life is happy, chiefly because he is ever expecting that it soon will be so.
    Со други зборови, никогаш не го живееме животот што го посакуваме.
     
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Искрено, не!
    Ама си го сакам животов, кој е тој е еден е!:)
     
  15. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
  16. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сум ја отворила темата пред 4-5 години и пред да прочитам, не се ни сеќавав што тогаш сум посакувала и што сум конкретно барала. Се сеќавам на едно горчливо чувство на незадоволство и ниско ниво на енергија кое резултираше само со глава во облаци и работење само за своја пропаст.

    Денес, од оваа посакуваното се' ми е исполнето. Студирам факултет кој го сакам, врска која ме прави среќна, почнав да учам чешки и италјански, патувам колку што ми дозволуваат средствата (иако со многу малку пари успевам да си организирам патување какво што сакам), живеам сама неколку години и тоа ме направи поодговорна за домаќинските работи. Пред некоја недела почнав да живеам со дечкото, и тоа ми помага да си ја развијам црвената аура бидејќи уште повеќе се ангажирам околу домот и секојдневните работи.

    Да, го сакам својот живот иако никогаш нема да остане на овде. Тоа што не сакам да дремам на едно место и да се убедувам дека кафезот околу мене е супер, уау, прекрасно уреден го сметам за своја добра особина. Секојдневните мои креативности и живеења ми ја креваат љубовта и позитивната енергија, ама во некоја минута ќе набројам што е тоа што го посакувам. И не, тоа не ја губи почитта која ја носам околу секојдневните облици, емоции, лица со кои се среќавам пошо од љубов знам како да ги задржам.

    Ајде, ко некоја магија можеби (како што ми се оствари онаа од 2010), ќе пишам што е она што го посакувам иако знам дека реално е прерано за тоа, али ете, копнеж. Барам работа која ќе ми носи креативност и љубов и свој личен простор за постоење и творење.
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што спијам на кревет, храната ми е во фрижидер, книгите на полица и имам смарт телефон, јас живеам луксузно и богато за оние кои горенаведените работи ги немаат... Имам повеќе од толку колку што заслужувам...
     
    На crazylady, temily, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    Не. Ограничена сум и немам можност да го правам она што го сакам секогаш кога сакам.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Да, може да се каже.
    Сакам се што ме опкружува, среќна сум и исполнета. Тоа незначи дека си немам маки и проблеми, но тоа е составен дел од животот, битно е да не се откажуваме.
    Гледам да си ги исполнувам сите цели и желби, ништо не ми паѓа од небо, за се вредно работам, штедам, осмислувам како да си остварам, се борам... Убаво ми е, со сите проблеми, искушенија, глупости, убаво ми е.
    Ако сакам нешто калкулирам, се трудам, вложувам и се борам да го остварам. Се што зависи од мене можам да го средам, другите работи може да ги заобиколам ако ме кочат, да ги игнорирам, да ги решам, било како...
    За се треба план ако сакате да го остварите.
    Сакам да шетам, ок, штедам и шетам според можностите. Ако сакам да одам на Бали ќе штедам со години ама ќе отидам. Ако сакам да земам диплома, ќе учам, ќе земам.
    Ако сакам да напредувам, ќе газам се пред себе и ќе напредувам. Ако сакам да сум најдобра ќе бидам.

    Позитивноста е најбитна, се може да се среди. За да живееме живот што го посакуваме треба да се потрудиме, да ги земеме работите во наши раце и да се трудиме да успееме. Битно е да не се откажуваме, преку ноќ неможе да се постигне ништо.
    Прво треба да се прифатиме кои сме и што сме, што имаме и што сакаме па да тргнеме напред да си го направиме животот онаков каков што сакаме да ни биде.
     
    На blady, Libera, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.