1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Еци-кеци, што би рекле нашите јужни соседи :rofl: добро е супер...постигнав на некои полиња многу повеќе од што сакав и замислував дека можам...но на некои.... :( јок....кариерата ми беше приоритет, а еве никако ни да стартува :( :( тоа ми е голема болка....и уште никогаш не сум замислувала дека овој период од животот и овие најважни случувања ќе бидат без татко ми...мојот татичко ;( ;( ;( тие две работи ме ништат во поим....другото...и повеќе од што очекував, како што реков...и за се се изборив сама...и горда сум многу на тоа...
     
  2. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ау колку само не,премногу сум далеку од живот каков што посакувам во моментов.А имало периоди кога квалитетот на мојов живот не само што ги надминувал моите желби и очекувања,туку и на повеќето што ги познавам и еве сега,вака потсетувајќи се сум апсолутно сигурна дека во таквите моменти и да ми предложеле да се заменам со Анџелина Џоли,најверојатно би одбила.

    Толку совршено се одвивале работите,што сум посакувала да не сум толку свесна за нивното совршенство бидејќи колку и да се трудам да го игнорирам и да го задишам од некое злочесто парче од потсвеста или свеста на момент само ќе ми помине како молња мисла во мозоков дека не е можно вака да остане засекогаш.Но,веднаш потоа сум го бришела,не сакајќи да го уништувам совршенството на моментите и непотребно да кобам со параноичен и неоснован песимизам.И тогаш,баш кога најмалку сум очекувала снемувало се,дел по дел или се` во еден миг.И кога сум мислела дека нема веќе што да се изгуби,на мое огромно изненадување,испаднало дека сепак има.

    Но,тоа сум јас и мојот живот,во кој возможно е да се пронајде се` и сешто,само не умереност.Или сум на врвот или на самото дно,од совршенство во провалија,без премини,периоди на адаптација ...целиот е црно бел,како шаховска табла :) ,но навикнав да функционирам така и не се жалам.
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Никој не го добива точно се она што го посакува... твое е да се помириш со тоа.
    Делумно сум задоволна од мојот живот, со исклучок на понашањето на татко ми, ама и тоа ќе мине.
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Па во принцип не барам нешто многу,но сакам оние основните цели кои што сум ги поставила да ги остварам...На секое поле ми е добро освен на љубовен план...Онака сакам озбилна врска доста ми е веќе од мување.но подобро би била сеуште сингл отколку со некој кој не ми одговара..само ради реда..
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Не,дефинитивно НЕ!
    Со школо сум ок,ама со љубов...шта да ти причам.Имам дечко ама исто ко да ми е непријател,секој ден се повеќе и повеќе се караме заради таа недоверба од негова страна...уфффффффф :@ ;( ;(
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Па... Не можам да речам дека го живеам животот кој го посакувам...(сеуште!). Мојата желба е да бидам самостојна, слободна, не сакам мајка ми да ми го контролира секој чекор! Тоа е мојата единствена пречка! :( :( Ако зборуваме на материјален план не можам да се пожалам, имам се што ми треба и се што сакам, но тоа не е секогаш среќата! Сеуште сум во години кога го изградувам животот, студирам на доста тежок факултет, но со труд постигнувам резултати, имам талент што ме исполнува и празни, имам дечко што ме сака... Единствено што немам доволно е вистинско другарство, но што се може... Таква ми е околината :( Кога ќе стигнам некаде во 24,25 та година од животот ќе можам да оценам дали е тоа, тоа што го сакам! А СИГУРНА СУМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ!!! :rock:
     
  7. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    pa ne znam kolku i mozeme da go ziveeme zivotot koj sakame da go ziveeme...ima mnogu kriteriumi,mnogu principi,moral,pravila...po koi mora da odime,ako ne ke zavrsime tamu i onaka kako sto pa najmalku posakuvame...taka da svativ deka treba da se zadovoluvame i so malku i da bideme srekni i na najsitnite raboti koi ni se slucuvaat...nikogas nema da svatam zosto i voopsto se upotrebuva izrekata-zivej go sekoj den kako da ti e posleden ...ami utre koga ke stanes od spienje ziva i zdrava ,so ke pravis koga ke moras da se snosis so posledicite? :^) ...a od druga strana pak nisto vo zivotot ne mora,samo mora da se umre...
     
  8. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    не баш али се стремам кон оствареување на сонот
     
  9. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    apsolutno ne.
     
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Кога би рекла дека нешто ми недостасува тоа би било претеризам, но бидејќи е по човечка природа да се бара нешто повејќе од она што го имаш.............јас посакувам да се мажам, да оформам своја фамилија, да имам деца,.. маж што ќе ме сака! ;(
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Па кога бев помалечка (и сега сум си малечко но кога си бев уште помалечко ) со живеев живот како и секое детенце,безгржино и среќно детство.Сепак тука ќе додадам дека и јас имам загубено многу личности и допрва губам но мало бев и не сфаќав но како поминува времево мене работите ми стануваат појасни и само ми е уште потешко..
    До негде е она што го сакав,сега тука би додала многу повеќе здравје,многу повеќе живци и поголема да ми беше главата да собираше се и свашта и тогаш ќе бев пресреќна.Сега сум среќна но не е таа среќа која ја посакував.Кога немате здравје-немате среќа.За здравје имам фала богу пак ќе кажам но оние работи што ги поминав пред 2 години и пред месец е тие денови се врежани за моето срце и тек сега она што ќе дојде од што најмногу се плашам иако сите викаат најлошото помина.
    Само ми треба малку повеќе:здравје а со здравјето ќе си дојде се-среќата,слогата и се друго
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Никој ама баш никој нема некогаш да каже,не ми фали веќе ништо, дури да сме и претседатели на Америка пак ке има нешто што ни фали, а на тие ''најголемите'' најчесто им фали нешто што ние нејавните личности го имаме повеќе од нив-Љубов
     
  13. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    30
    Здравје и љубов од најблиските е најважно :l:
     
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Да!! Живеам живот каков што посакувам,и бескрајно сум и благодарна на моите родители кои ми го овозможија тоа.Како прво :!: најмногу ми значи тоа што ја имам нивната поддршка и љубов СЕКОГАШ.Исто така бескрајно им сум благодарна за материјалните можности кои ги имам,бидејќи знам колку моите се жртвуваат за јас да бидам најдобро облечена,најадена и да имам се,ама буквално се што ќе посакам. :) Сите другарки им се восхитуваа на моите родители и постојано ми повторуваат дека толку разгален човек како мене нема на планетава :lol: Исто така сум задоволна и од моите досегашни успеси во врска со школото :) ии презадоволна од моите две другарки кои ги сметам за сестри,бидејќи немам сестра :$
     
  15. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    Искрено да ми се здрави и живи родителите а за мојот живот се тера некако..Не живеам како смислена бајка но ипак сум задоволна..Има некои полина што треба да се подобрат али си викам дека се пополека ќе биде(ипак не е се префектно)
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум кога се во прашање семејството,училиштето....но се ми е џабе кога не ја живеам младоста и животот како што го живеат сите мои врсници,тинејџери...Имам две другарки поточно една која ја сметам за најблика,најсакана која знае да ме сослуша,да ја сослушам,да си правиме друштво [SpoiledBaby] :* ....Но ми фали дружба со поголеми друштво,излевања во кафици,луди викенди,журки и љубов....можеби љубов од партнер во моменов во животот не ми е мн потребна не сум почуствувала некоја желба или недостиг..но сепак живот...судбина како ми е пишано така...ако вака треба да биде нека биде.Господ можеби ке се сети на мене пошто приметив дека ме заборавил во поседниве години :x
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    И јас си го средив својот живот. Се е до желбата и волјата. А и незнамшто би правело без семејството, тоа е најважно.
     
  18. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    за жал повеќето не го живеат животот што го сакаат вклучувајќи ме и мене, мислам дека тоа се случува заради тоа што мислиме и на тие што не опкружуваат (во мојот случај) пр. кога јас би го живеела животот како шо сакам моите родители би биле не баш горди и задоволни со мене :|
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    баш и не знам што посакувам се, секогаш ми треба нешто плус, а во природата на човекот е секогаш да сака нешто плус и значи испаѓа дека никогаш не живееме баш како што посакуваме
    немам некоја замисла за тоа дали живеам како што сакам или не, едноставно го сакам животот така ко што е и ги прифаќам работите како што доаѓаат, нема сакам неќам, тоа е што е, што сами сме си го направиле и што ќе си го правиме во иднина

    заклучок: не живеам живот каков што посакувам, ама го сакам животот таков каков што го живеам
     
  20. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Моментално не сум ниту задоволна, ниту разочарана од животот кој го живеам...едноставно полека се трудам да го постигнам тоа што го сакам и да си го формирам животот како што го посакувам.
     
    На Писана и anab им се допаѓа ова.