1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Да.

    Пред година ипол мислев дека живот со хронична болест ќе ми биде пекол. И пекол е, некои денови.
    Ама ме научи како да живеам, како да ценам се што имам и како да се борам.

    Има уште многу работа, ама оди во вистинскиот правец.
     
    На PaLaVa, Wahnsinn, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  2. kLem23

    kLem23 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Da! Zadovolna sum od zivotot sto go ziveam...Zdrava sum,isto roditelite i sestra mi i decko mi toa mi e najvazno,zdravjeto e najvazno fala mu na gospod.se mi e OK vo semejstvoto.Se stom sum posakala sum dobila,ne sum preteruvala kako nekoi sto neznaat sto sakaat.Kaj sto sum posakala sum otisla sve mi ovozmozuvaat moite,mozam da si dozvolam nekoj odreden luksuz nesakam da preteruvam bidejki parite ne najmalku vazni zatoa sto denes gi ima utre mozebi ne...Izleguvam po kafici denski na kafe drushtvo imam,pokraj toa vecerni izleguvanje zurki super...Odmori ova ona naleto,vo zima zimuvanje nekolku dena sega za sega mi e super dodeka sum kaj mama i tato a eden den koga ke bidam samostojna neznam kako kje bide,dali kje bide kako sega isto ili ne,no sepak sve se postignuva vo zivotot,najvazno e zdravjeto i srekjata . :)
     
    На peperutche21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Супер ми е.
     
    На kLem23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    И мене исто:D Оваа година ми се случија многу убави работи и едноставно работите се движат во супер насока. Имам некои планови за иднина и би сакала да можам да го дадам истиот коментар и за неколку години од сега.
     
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Па моментално сум на пат, за да ги остварам плановите, кои ке го комплетираат она што јас го посакувам..секако дека ке има уште многу други работи, кои ке се трудам да ги достигнам, ама се со тек на време...Сега засега би била и повеќе од задоволна, ако ми се исполни тоа, за кое се борам веке подолго време...
     
  7. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Да сум.Многу.Имам прекрасни родители кои ме чуваат како принцеза,брат кој секогаш е тука за мене.Кров над глава и сите работи кои ми се потребни да функционирам во животот.Животот е чуден, исполнет со успони и падови ,преку кои на некој начин се осознаваме себе си,што всушност можеме а што не,до каде е нашата граница.Сега почнувам и со факултет во друг град.И да можам да кажам се додека ја бараме среќата во мали нешта секогаш ќе сме среќни.
     
  8. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    54
    Не. :) Да не испадне се жалам од она што го имам, напротив некои го немаат ни тоа, благодарна сум на се, не само материјални средства па, понатаму најбитните, среќа, љубов, радост итнитн. Но сепак не е тоа, тоа што би ме направило среќна, она вистинското, она што го посакувам :)
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Да можам да бирам без мислење одма ќе си го изберам пак мојов.
    Имам професија во која се пронаоѓам. Луѓето околу мене ми се како по мерка.
    Сметам дека имам интересен и забавен живот и знам да го уживам. :sun:

    Пу пу да не се урочам ама засега се иде како подмачкано :angel:.
     
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ако го тргнам настрана здравјето, искрено не. И мислам дека животот што го посакувам ќе почнам да го живеам почетокот на третата деценија од мојот живот. Немав многу можности и моменти за уживање како што го имаа и имаат моите врсници, меѓутоа тоа е.
    Да не испадне дека сум неблагодарен, среќен сум што сум здрав и прав и тоа што полека ќе почнам да си ги остварувам моите цели, она што ми недостасувало и недостасува.....
     
    На Herrera и peperutche21 им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
  12. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    70% го живеам оној живот за кој секогаш сум сонувал и сум го посакувал,е сега другите 30% не ми се од она што го сакам јас,но се надевам дека во понатамошниот живот ке ги поправам пропуштените 30% .
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Баш никој човек на оваа планета неможе и не го живее животот кој сите го посакуваме, ако животот на сите луѓе би бил како што го посакуваат тогаш не би се нарекло тоа ни живот, бидејки животот е составен од секојдневни проблеми и нивни решенија, борба и секогаш упорност за подобра иднина.

    Животот не фунционира никогаш според саканото, ако сите ние би живееле раскошен и пезброблемен живот тогаш смислата негова никогаш и не би постојала, се че биде изживеано и досадно, ако се нема простор за секојдневна борба и акција.

    Да така живеам во сегашноста и се борам за мојата иднина за моето подобро утре, да успеам бар колку толку во некои животни цели, го ценам мојот живот како таков што е а судбината ја создавам лично јас и се стремам кон моите животни цели.
    Знам дека никогаш нема да запрат проблемите и разочараноста, но затоа ќе продолжам секогаш упорно да се борам како вистински борец за да го направам мојот живот исполнет во целост.

    Задоволна сум и од тоа што го имам, но сепак се борам за да ја достигнам мојата љубов и среќа, да имам живот горе доке таков каков што одговара на моите критериуми, ставови, карактер и на моите животни гледишта.
     
  14. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно да! Благодарение на бога имам се и ништо не ми фали.Годинава си добив и внук и животот ми го направи прекрасен со неговото појавување.Животот ми е прекрасен со зададени цели за понатака кои знам дека ќе ги остварам.
    Гледам наоколу што се случува и сфаќам колку сум благословена и најсреќна.
     
  15. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Za sega da super mi e,pa ke videme ponatamu :)
     
  16. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Да.
    Секогаш треба да бидеме благодарни на тоа што денес го имаме. Утре може да биде полошо.
     
    На Kukla994 и butterfly* им се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Така е.
    По лошото иде полошо.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Некој цели во животот кој сум си ги поставил си ги исполнив и сум среќен задоволен, и горд на тоа не го живеам сеуште оној живот што го посакувам во целост но здравјето е најбитно пред све:!: ке биде све со тек на времето.
     
  19. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
  20. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Да. И среќна сум и задоволна.

    До пред некое време одговорот на ова прашање беше не. Многу често се разочарував бидејќи многу очекував. Кога сфатив дека можам само од себе да очекувам без да се разочарам сум пресреќна.

    Се случи тоа што никој не би посакал, се разболев. Бев разочарана, гневна, бесна, лута на животов. Откако успеав да се совземам почнав да размислувам реално. И да, нема цел живот да бидам болна. Ќе се излечам. Шансите се големи. Само ќе треба да поминам низ тежок период, одење по болници, редовно примање лекови, стресни ситуации и за мене и за моето семејство. Моменти кога нема да ми биде добро. Ама сфатив дека треба да бидам трпелива. Ќе се борам за себе, т.е веќе се борам. Сакам да живеам среќен и исполнет живот.

    Поради болеста морав да се откажам од многу работи. Работи кои секоја 18 годишна девојка ги прави.
    А и изгубив многу. Дури и една другарка кога дозна почна да ме игнорира. Почна да престанува да ме вика за излегување. А и да ме викнеше не ќе можев секогаш да излегувам. Не и се лутам. Секој има право да се дружи со кој сака.Не ми беше сеедно. Ама тоа е. Тие што навистина ме сакаат останаа покрај мене. И имаат разбирање за мене.

    Морам да живеам. Така сфатив дека се што треба да превам е со сите сили да се борам да се излечам.

    Знам дека еден ден и јас ќе можам да живеам така како што јас сакам. Еден ден и јас ќе излегувам пак како некогаш. Еден ден и јас ќе одам на одмор со другарки. Еден ден ќе се заљубам. Млада сум. Животот е пред мене. Затоа и не губам надеж. Со Господ напред нема да трае долго ова, ќе помине за некоја година. :)
     
    На MIA-SK, joy1, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.