Дали живеете живот што го посакувате? Мислам дека не го живеам баш она што го посакувам. Понекојпат се прашувам самата себе, како живеат луѓево, дали се задоволни со она што го имаат, дали ја имаат работата од соништата, покрај себе личностите кои ги сакаат? Јас имам, но додадно ми е понекогаш, па си барам забава
Моментално да иако секогаш ќе фалат некои работи, ама оние главни кои ги посакувам моментално ги имам. Студирам тоа што го сакам и се трудам да бидам се подобра, околу мене знам дека имам луѓе кои искрено ги сакам и ме сакаат, можеби малку повеќе ми фалат пари ама тие не се причина да речам дека не го живеам посакуваниот живот. Го правам она што ми е желба и ги имам најблиските здрави и живи околу мене. Се друго може да се создаде и да си добие
Не го живеам животот што го посакувам, би сакала да живеам во полиберално место без предрасуси, да не морам да ги правам оние работи општо прифатени што ги налага опшеството
Го живеам. Фала му на Бога здрава сум како јас така и моите блиски, имам дволно за нормален живот, имам дом, семејство, човек кој го сакам и ме сака и неколку верни пријатели кои секогаш знаат да ме расположат. Што друго треба покрај ова? Имаше едно интересно видео каде човек во тегла става прво крупни камења, потоа поситни па поситни...Се исполнија сите пори. Потоа почна прво да ги става ситните камчиња, теглата почна да се полни и за крупните не остана место. Идеата беше дека крупните камења се најважните работи во животот и дека тие треба да бидат секогаш на прво место. За мене најважни се оние кои ги набројав на почетокот, се останато е споредно и ако недостига не значи дека не сум среќна. Според тоа, го живеам посакуваниот живот.
Не, ни приближно не е како што посакувам јас. Но се надевам дека еден ден ќе живеам макар бар приближно до тој живот што го имам зацртано.
Со оглед на тоа дека секојдневно се соочувам со секакви проблеми и потешкотии затоа што така ни наага ваквиот начин на живот би кажаа не. За моите години и тоа како имам голем број на одговорности, стресови и нервози, и некој да ми кажел дека за 9 години вака ке ми се промени животот и дека вакви тешкотии ќе имам, ќе му се смеев. Меѓутоа е како што е, и мора да научам во секој ден колку и да е тежок да најдам мала среќа и таа да ме води, надеж дека после дожд сонце изгрева, нема секој ден да е ваков, тежок и тмурен ќе изгрее сонце, ќе заживе среќа, коцките ке си дојдат на свое место. Ако научиме секој ден да ја препознваме малата среќа и во секој ден да наоѓаме причина за мала среќа ќе имаме среќен живот.
Денес можеби не но силно верувам во тоа дека ќе го живеам животот кој го сакам - еден ден Најбитно здравје другото само ќе си дојди. И за тоа што денес го имам сум благодарна не се жалам никогаш.