Уште многу работи кои ги посакувам не се реализирани. Но се во свое време. Сега за сега не можам да се пожалам, се живее
Да. Засега навистина да. Најубавата година во мојот живот, го добив син ми мојот смисол за живот кој секој ден денот ми го прави посебен, маж кој безусловно ме сака и почитува како и јас него.. Здравјето е на наша страна на целата фамилија. Финансиите фала му на Господ никогаш не биле проблем а годинава баш ни тргна повеќе туку минатите години(семеен бизнис). Навистина се надевам и наредната и сите други години ќе бидат како оваа
Секогаш живеев со надеж за некое подобро утре,кога ке ги остварам моите надежи.Но животот го направи толкму спротивното ,во последните 7години ,ми го понесе животот во такви насоки ,кои мислев им се случуваат само на другите..од лошо полошо,со секој чекор погрешен потег,направив се што мислев никад нема да направам или тоа нема шанси мене да ми се,случи..Изгубив надеж за дека некогаш ке живеам бар приближно до она што сум го посакувала,таква ми била кармата,и сватив само НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ,се она што потценувате ,исмевате,или едноставно мислите сте предобри за тоа ,ке ви дојде на глава.Работите кои мислите дека вас никад нема да ви се случат...се случуваат..Кармата е кучка.А животот тркало,само предолго чекам да се сврти.Но постои надеж дека можда животот ке ме изненади позитивно..по дождот изгрева и сонце.
Не го живеам животот што го посакувам и не сум задоволна од својот живот.. се надевам еден ден ќе биде и тоа и ќе го живеам животот од моите соништа..се надевам дека тоа ќе биде се додека не е доцна
За да го живееш животот кој го посакуваш треба да имаш храброст,а ретко кој ја има.Не не го живеам 100 % како што сакам и можеби еден ден ќе жалам поради тоа доколку не се ослободам од овие стеги кои ги носам во себе
И да и не. Комплицирано е. Од нешто сум навистина задоволна, од друго не. И не знам како да го променам тоа.