Во овој момент не, но тоа е животот. Секогаш има падни-стани ти си тоа што правиш не што зборуваш или што зборуваат. Па затоа правете, пробувајте ако добиете ќе бидете среќни ако не ќе бидете помудри.
Не би можела да кажам со сигурност. Голем дел од тоа што го сакав т.е некои цели што си ги зацртав - ги постигнав. Не дека не сум задоволна, само ете. Да не се грижам многу за нешто што и онака не зависи од мене, па таман ќе е.
Да. Среќно вљубена сум, здравјето добро ме служи, имам доволно материјални средства за да живеам релативно удобен живот. Можеби не за да се расфрлам (тоа никогаш не ми ни било цел), но можам да си дозволам мали задоволства што ме исполнуваат. Работам, учам и се надоградувам секојдневно, творам и имам доволно време за креативни активности. Се чувствувам емотивно и интелектуално исполнета. За мене ова е сосема доволно за да кажам дека животов ми е убав, баш таков каков што е
Да, многу ми е убаво. Искрено, замислував дека ќе биде полошо. Имало кризни периоди, не е совршен, ама сепак многу сум задоволна.
Многу работи фалат за да животот биде комплетно среќен. Среќна сум со тоа штом го имам. Тоа е моето се. Ама има нешто што фали... Таа болка секогаш ќе го крши мозаикот...
Да некако уште од 2016 почнав да одам во насока на животот кој си го замислував, али последниве 3 месеци сум пресреќна и тотално заљубена во себеси и во животот
Не сè уште, имам уште многу да учам за животот за да би стигнала до тоа ниво на среќа, ама се чувствувам задоволна од моменталната состојба и исполнета што барем знам кон која точка целам.
Сега кога подразмислам... Реално гледано здрави сме среќни имаме кај да живееме немаме болести не сме гладни работиме имаме пари. Што би требало да посакаме повеќе??
Зависи што очекувате од животот и колку сте реални со себе. Значи јас сакам да возам Мерцедес, а возам старо и сикршено Пунто, ама врши работа. Значи ли тоа дека не го живеам животот што го сакам. Најбитна е слободата, пријателите ( малку ама да се искрени), работа која ве исполнува, партнер, деца, позитивни мисли, и посебно организација на денот и животот воопшто. Ако животот ви се сведува на монотонија, секој ден едно исто, тогаш и не е некоја симболика за среќа. Размислувајте за ново хоби, за физички активности, за сретнување на различни луѓе, направете некој производ сами. Некоја креативност и иновативност. Само преку исполнетост мислам дека успехот за среќа е загарантиран.