Не не е баш како што сакам да живеам али се надевам дека ке биде, и дека ке успеам во тоа што го сакам да го средам.
Никогаш немаше да помислам дека ќе завршам на местото на кое што сум последниве месеци/години. Порано бев ведро дете (сакам да реферирам на убавиот период од мојот живот како период кога бев дете) и немаше нешто што повеќе сакав од книжевност, музика и дружење, безусловно сакав и не бев оптеретен од ништо и некако чувствував дека бев посакуван од луѓе (може не како партнер, ама како човек со кој луѓе сакаат да поминуваат време), можеби бев мрзелив за многу нешта и тоа ме доведе до тоа каде што сум сега, ама сега не можам да смислам луѓе или не можам да се смислам помеѓу луѓе и едноставно изгубив желба за сѐ. Деновите поминуваат така, ноќите стигнуваат брзо и само тоа ми е важно. Порано уживав во секоја ситница. Не знам, имам 30 години и сѐ изгледа толку страшно. Остарев или се уморив? Порано ми беше доволно да мечтаам за убави нешта за да се чувствувам убаво. Можеби се заглавив и загубив во мечтите, па стварноста? Не знам.
Една грешка може многу да смени? Мислиш на лош избор на партнер или некој деруг избор? Да, одговорам на темата, делумно живеам живот кој го сакав.
Па ајде нека не биде грешка ама ете да речам сама си го искомплицирав животот место да уживам во него. Можеби еден ден кога ќе се помирам со тој факт, тек тогаш може нема да ми е криво. А инаку да, една грешка може многу да смени.
Целосно се согласувам. Еден момент кога постапив непромислено без размислување за последици од истото буквално смени многу во мојот живот. Затоа моментално НЕ го живеам животот кој го посакувам. Исто така и сеедам дома без работа. Многу работи треба да ги поправам за да стигнам до тоа да живеам живот каков што посакувам.
За џабе не се рекло размисли два пати пред да направиш нешто, јас и ти тоа најдобро го знаеме Но ете, памет за друг пат.
Никогаш не сум размислувала баш како би сакала да живеам,некаква утопија и слично ама задоволна сум и среќна,ако го тргнам настрана фактот што ми фали татко ми и тука фали цел дел од сложувалката,друго што би сакала е да си најдам подобра работа или уште подобро свој бизнис,во глобала ништо друго не би менувала.
Јас во мојот живот држам се под контрола и си правам што сакам, без никој да ми се меша или да есапам туѓи небитни мислења. Ама тоа што се родив во маќедоња и изгубив бесценето време тука, ништо не може да го избрише, за жал. Така да, не.