Моментално го живеам животот онаков каков што го сакам.Т.е. цела прва недела од оваа година ми е така убаво тргната и сакам вака да ми остани,ама за жал не ми е верна среќата која ја чувствувам.
Многу сум среќна што покрај себе имам човек кој не дозволува да бидам тажна и незадоволна од животот па колку и да е суров истиот. Среќна сум што имам сестра со која колку и да се караме неизмерно се сакаме и животот би си го дале една за друга доколку е тоа потребно. Татко кој се жртвува цел живот за да ни обезбеди топол дом и здрава иднина. Несреќна сум што со мојата мајка тоа не е случај. Веќе за тоа имам напишано во една тема. Ми недостасува кафе муабет со неа, нормален однос, блискост а највеќе од се топла прегратка. (а тоа веќе никогаш нема да се случи) Ми недостасува стариот живот без толку многу обврски. Јас не сум комплетна а со тоа и мојата среќа, се трудам храбро да се соочам со реалноста но тоа многу тешко ми иде. Мојот совршен живот е во мојата глава, искрено и од срце се надевам дека што поскоро ќе креирам свој дом, семејство и еден нов живот во кој ќе се чувствувам комплетна, задоволна и среќна.
Па не можам да кажам дека ништо не би сменила, ама задоволна сум со оглед на тоа каков живот живеат други луѓе. Имам родители кои што се труделе да ми овозможат се во животот и успеале во тоа. Студирам на факултет кој што го обожавам(иако многу ме мрзи да учам ). Заљубена сум во дечко ми и он во мене, за кој што можам да кажам дека е најдоброто суштество на планетава . Имам и другарки кои можеби не се идеални, ама битно постојат и тука сме една за друга за да си се најдеме кога сме си потребни и кога треба да се прај женска пијанка. И брат ми ќе заборавев да го спомнам кој е секогаш тука за да ме ислуша, а порано кога живееше тука и за истепа некој по потреба . И то, може и не ми е совршен животов, ама не би менувала ништо, освен што би си го преместила гзов од столот пред PC, на столот пред книгите . Е, да и би си го тргнала целулитов , тоа ќе заборавев да го кажам.
Многу, премногу сум задоволна од животот кој го живеам. Среќна сум, здрава, права, имам одлични родители, семејство, другари, другарки.
па вака: бидејки ова официјално ми е втора животна шанса дадена пред 13 години, ке кажам ДА -сум задоволна од животот но некако и не сум баш задоволна оти постојат пречки секако контрола од страна на мама -секој мој чекор-буквално караници со брат ми и татко ми невработеност (ако вака продожи за жабе учев на факс, оти се ке заборавам) немокност да се направи ништо (врски, врски, врски) почеток на здодевните кавги со љубовта(ке видиме до каде ке одиме ) но и покрај се,сум личност што не се откажува , и се бори за подобра иднина на за себе и своите најблиски
секако тука се и моите најблиски-моето семејство,секогаш до мене и во добро и во лошо, роднините, и секако другарките што многу си ги сакам, и што можам сето добро и лошо да го споделам со нив, да побарам совет,помош и кога им требам секогаш сум тука за нив.
Не,не го живеам животот кој го посакувам. До пред неколку месеци имав се, дечко кој го сакам и уште го имам но само тоа ми и остана.А тогаш пак сакав повеке си велев не сум срекна сакам ова сакам она...А сега кога едноставно родителите ме донесоа на друг непознат свет кај што немам никој и не познавам никој е дури сега сфатив дека суштината на животот е да бидеме срекни со малите нешта а не да посакуваме што е можно повеке. Е сега пак кога го сфатив тоа сакам само да се вратам назад па макар ако треба ке јадам само леб и сол отколку тука кај што имам се всушност немам срека и ги немам тие што највеке ги сакам.Али тоа е кога уште не сум полнолетна и мојте што сакаат прават со мене само на нив како им одговара.
Да не ми е урок ама во моментот можам да кажам дека ми е прекрасно.Запишав медицинско како што и сакав одсекогаш, имам пријатели кои ме сакаат и подржуваат исто така и семејство,а од неодамна имам и дечко
Искрено животов мислам дека ми оди во погрешна насока.. И се повеќе сум убедена дека не е до мене.. Значи од својот карактер сум задоволна но, околностите моментално се такви и нема што да направам. Утре да се случи нешто и да ме нема повеќе, за овие 17 години не би кажала дека се среќни. Се трудам да ги игнорирам лошите работи. Се надевам ќе биде подобро, надежта последна умира нели. И да го цитирам Игор Џамбазов: "Утре е дури утре".
Да затоа што среќен е оној кој се задоволува од мали работи. Имам прекрасно семејство во кое владее хармонија и љубов, заљубена сум во дечко кој ме цени и премногу се грижи за мене. Факултетот си го терам бавно но сигурно очекувам да се вработам, имам прекрасни другарки до мене...епа повеќе од ова не би можела да посакам. Вака сум си го замислувала животот уште од малечка и среќна сум што го живеам мојот сон!
ДА ви го раскажам мојот живот, има многу лоши работи. Но се трудам да гледам на светлата страна, а и таква страна постои. Така да јас сум задоволна, пред се со она што сум, а потоа и со своето окружување. Можеби доколку сите тие работи не ми се случеа немаше да бидам она шо сум. Благодарна сум за тоа и не се каам за ништо. Очекувам некои работи да се подобат, нормално се надевам, но се на се го обожавам животот што ми е даден за ништо, јас добив се од него.
Во суштина ДА го живеам животот што го посакував. Имам нова прекрасна работа, мажуле до мене што ме сака и го сакам, ќерка којашто ја обожавам, а во моево меше расте уште еден живот.
Па можи да се речи да за мојте 16 год. имам дечко кој го сакам и ме сака имам семејство првава година супер ми оди а за понатаки здравје госпо нека ме чува од пријателите а од непријателите знам сама да се чувам