Све си е на свое место и потаман освен една работа за која се надевам ќе си дојде на свое место во иднина
Па така така. Чекав да ме удри и мене бранот на god's plan па да сум како Горџина на Роналдо жена му.
Никаде не наведов дека го сакам Роналдо. Кажав дека сакам да ме удри бран на god's plan како жена му.
Многу тешко прашање, не го живеам животот кој го посакував, многу загуби ми се случија на млади години, мачење све сам во животот, се распаднав еден период скроз.Но се трудам мах да си го средам сега и живеам животот што сакам да го имам.
Мислев дека го живеам, сега сфаќам дека ништо од тоа не било она што сум го сакала, и дека тек следи да го живеам тоа што од секогаш сум го посакувала! Со него!
Мислам дека да, секогаш се стремам кон остварување на она што го имам замислено. Не секогаш испаднало така како што сакам јас, ама некако животот секогаш ми наоѓа друг пат подобар од мојот замислен.. Можеби само едно нешто има за кое што така одвреме навреме ќе ми дојде на мисла, каков би ми бил животот, посебно детството со некои други личности во него, ама не пречесто може еднаш на 2-3 месеци.. Ама генерално го сакам животот што го живеам.
Да, со тоа што баш би сакала да не морав да работам за да поминувам поквалитетно време со семејството, туку повеќе да си имам хоби што би ми носело приходи
Да, задоволна сум од тоа што го имам, не е се идеално секој ден, а и не ни очекувам но си го сакам мојот живот и не би го мењала