1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Па да. Имам супер семејство кое се труди во се да ме задоволи и помала сестра која ја обожавам. Дечко само ми фали, но ќе дојде и тоа има време :lol: (така си се тешам :D ). Среќни се оние кои се задоволни од малите нешта.
     
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Можеби не таков како стварно го замислувам...но слободно можам да кажам дека до сега сум задоволна :)
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.146
    Не, ама па има ли некој кој е целосно задоволен??
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Хммм, па не баш, но имам покрив, храна и засега здравјево ме служи... За другото сам ќе треба да се потрудам. :)
     
  5. lejdiii

    lejdiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    никој не живее совршено и живот од соништата дури и тие со многу пари секогаш ќе излезе некој проблем и мака без разлика за што се работи затоа треба да се задоволиме со тоа што го имаме и да го цениме сами да си го направиме интересен и да сме среќни
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Nope. Ама се трудам колку што ми се можностите. Барем не ми фали ништо :) а секогаш може повеќе
     
  7. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Имам се што ми треба... но секогаш барам нешто повеќе :^)
     
  8. Desapointed

    Desapointed Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    6
    Па не баш искрено...ама се надевам дека ќе се подобри барем малку!!!
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Кратко и јасно да.
    Не наоѓам мани на она што го имам но и не се жалам кога ќе постигнам нешто повеќе.
    За себе си имам зацртано некои високи работи кои сакам да ги исполнам во животот. Но и да не биде баш така немам причина да го мразам животот.
    Имам пријатели, имам родители кои ме сакаат и поддржуваат. Имам брат на кој сум прилично горда, имам љубов. Одам на факултет. Здрава сум.
    Едноставно и да се западне во депресија треба да ни текне што се има полошо од нас па да си ставиме прст на глава.
    некој ќе рече ама има и подобро. Е да. Ама биди среќен со тоа што го имаш. Затоа што посакувајќи нешто што не е за тебе можеш да паднеш во нешто што не ни очекуваш.
    А секогаш ќе се стремам кон подобро. Но никогаш нема да речам дека животот ми е лош.
    Супер ми е бре. 8)
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Задоволна сум од она што го имам сега за сега понатаму ништо не се знае. :)
     
  11. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Засега е добро...!! може и подобро..но..сепак во глобала сум задоволна од себеси и својот живот..за во иднина имам повисоки цели..па тогаш ќе видиме... :)
     
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ијако ги имам потребните услови за нормален живот јас не сум срекна и така си живејам досаден живот и баксус сум , се што си замислувам(некои убави моменти) никогаш не ми се остваруваат :D (знам дека решението е да престанам да се радувам кога ке добијам добра информација и да не си замислувам али неможам :( )
     
  13. Anne.d.Sweet

    Anne.d.Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Не. Само славните живеат живот кој го посакуваат, оној живот од соништата, затоа што имаат пари, богатство и се останато и можат да се изживуваат со се и сешто и да имаат се што ке посакаат, и да бидат сакани од многу луѓе, и секој да трча по нив, и бла бла бла... Ама добро е јас што имам се што ми е неопходно (што го вклучува и овој интернет, воедно и компјутер) зашто ако ги немам тие нешта, не ќе можам да живеам, а не па да имам живот кој го посакувам. Треба да бидеме благодарни на она што го имаме, зашто можеме лесно да го загубиме. Треба да бидеме задоволни, затоа што на останатите 2 третини од земјинава топка на која живеат мнооогу луѓе, немаат ни четвртина од она што го имаме ние. Поздрав, Феминки! :)
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Дали сте задоволни од самите себе?

    Незнам дали има ваква тема но не сум приметила ако има и се знае лекот... Дали сте задоволни од самите себе од вашиот физички изглед? Дали сте задоволни со вашата висина, тежина, вашиот нос, уши, големината на градите и т.н.. Од кој дел од вашето тело сте најмногу задоволни, а од кој не, дали би го смениле тоа и зошто?
    Освен физишкиот изглед дали сте задоволни од вашите успеси, постигнувања дали сте оствариле некоја цел, долго посакувана желба?
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Дали сте задоволни од самите себе?

    Физички сум горе-долу задоволен од себе, а и харемот ќе го потврди тоа. :rofl:
    Шала на страна, некогаш се прекорувам зашто знам да забегам со јадење (особено во вакви периоди, празнични) и да качам 3-4 кг, али после тоа веднаш следи строго нејадење, и си ја враќам нормалната тежина, однодно 75-77 кг. Со оглед на тоа што сум висок 185 см и кусур, задоволен сум. Одржувам некоја основна „форма“ на телото, значи нема кај мене да „вриштат“ плочкасти мускули, меше и пол, или нешто слично, но пристојни се, не се за жалење. :lol:

    Е сега, околу вториот дел... Секогаш сметам дека сум можел и подобро, дури и кога нештото што ќе го направам наидува на генерално и општо одобрување. Се форсирам до максимум, се самокритикувам (некогаш и гласно) и секогаш наоѓам инспирација за подобрување кога ќе видам дека некој истата работа ја направил подобро од мене. И не се помирувам додека јас не сум тој кој отишол едно ниво повисоко. Сум се нашол во ситуација во неколку посериозни наврати да „изгорам“ во своите очекувања и реализација, после кои сум се осеќал, да не речам, ништожно. Но секојпат сум успевал да се вратам во нормала, и...
    повторно старата песна, целам кон небото. :)))
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Дали сте задоволни од самите себе?

    задоволна сум од мојот физички изглед,секако сето тоа треба редовно со хигиена и здрав начин на исхрана и на живеење да се рестартира секојдневно
    повеќе задоволна сум од мојата внатрешност,од мојата психа,дури и на некој начин самоуверена,цврсто ги држам уздите на животот,на моменти подлегнувам но сепак тоа е само еден момент
    задоволна сум,и да би се родила,со други родители,со друг дечко,со друга професија мислам дека исто би размислувала,и пак би била задоволна
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Дали сте задоволни од самите себе?

    Па... Задоволна сум од физичкиот изглед, задоволна од душата што ја носам... Не сум задоволна од мојата судбина, но сега сум презадоволна од мојот избор, задоволна од тоа што го имам...
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Дали сте задоволни од самите себе?

    Секогаш може подобро ....... :)
    Ама од друга страна ако сум задоволна од се ќе немам цел кон која ќе се стремам ... Имам долг пат пред себе на секое поле достигнувањата кои сакам да ги постигнам ми се предизвик а дури и да ги остварам секогаш ќе има уште , и ова и ова и ова ...
    Искрено не верувам да постои човек на овој свет без оглед на тоа колку е успешен убав и паметен и блаблабала и да каже ДОСТА Е !!! :!: :) секогаш човекот ќе најде нов предизвик тоа ни е во крвта ... ;)
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  19. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    80
    Дали сте задоволни од самите себе?

    хмм па од физичкиот изглед сум прилично задоволна.. висока сум 167 со облини 88( задник) 64(струк) 83 (гради).. како што ги спомна градите мн сум задоволна од нивнат форма топчести.. но иако имам долги нозе незнам многу не ги сакам.. на лицето немам нешто посебно за корекција освен да наведам дека не го сакам моето високо чело.. и сакам пополни усни.. меѓутоа сето тоа во една целина се слага некако и можам да кажам дека сум задоволна..

    кога зборуваме за другата страна.. како секој и јас имам некоја убава и некоја неубава страна..
    добри страни( самоуверена, зборлеста, амбициозна, знам да помагам, итн.)
    лоши страни ( небалгодарна, себична,завидлива,..)

    а дали сум ја постигнала целта во животов.. па хмм на училиште сум супер одлична со сите 5, а и моментално контактирам со црнокрак, ме фотографираше мики јејејеј ( мојата животна желба и цел ) па кје видиме што кје биде.. па сеуште е рано.. имам само 14 години :D
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Дали сте задоволни од самите себе?

    Од изгледот сум задоволна (осен носот кој ќе го правам операција) инаку телото ми е супер hot и имам убави црти не дека носот некогаш ми засметал но едноставно ради самата себе од кога го скршив ми остана комплекс :worried: Инаку премногу се сакам како личност дури што би се рекло навистина сум нарцис се сакам карактерно бидејќи што и да ми падне на ум го остварувам по секоја цена што понекогаш ме прави да сум малку лоша но во овој 21 век мора да сме такви животот ме научи така и така живеам. Првата цел цел ми беше да стапнам на сцената ја достигнав сега имам други цели кои ми се главна преокупација. И кога повторно би се родила повторно би била јас т.е задоволна сум дури и презадоволна за моите 20 години :)
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.