Дали сте задоволни од самите себе? Ќе бидам вистински задоволна кога ќе ја работам работата што ја сакам, кога ќе си оформам семејство и ќе ги оставарам сите мои мали или големи цели. Кога ќе завршам со нив, ќе си поставам нови. Сега сум задоволна со плановите, амбициите и со трудот што го вложувам за да си ги исполнам целите. Имам прекрасни родители, добра другарка, сестра и талент на кој работам секој ден. А и човек кој е предаден на уметноста, секогаш е исполнет и задоволен. Задоволна сум од физичкиот изглед, само уште малку да ми порасне косата
Дали сте задоволни од самите себе? Прилично сум задоволна од мојот физички изглед. Висока сум 172, што според мене е идеална висина, имам 53 кила што за моја висина се недоволни, ама ај може ке се здебелам малце (си се тешам ) Многу сум задоволна од устата, а би го сменила носот иако не ми е многу голем ама сепак ми претставува комплекс А за постигнувањата, најчесто кога ке направам нешто чуствувам како да е недоволно и како да можам повеќе, иако тоа во очите на другите е сосема доволно. Понекогаш многу се форсирам и кога нема потреба.Ама и покрај ова воглавно сум задоволна од се
Да. Среќна сум со тоа што го имам, знам да се радувам и на малите нешта, не ми е потребно којзнае што за да се чувствувам убаво. Задоволна сум и исполнета. Но секогаш може да биде и подобро нели. Си имам зацртано некои цели во животот и настојувам да ги остварам. Но и вака сум задоволна и го сакам животот.
Во природата на човекот е да не е задоволен со она што го има! И јас сум среќна што имам ваков живот, ама никогаш нема да сум задоволна. Секогаш можам повеќе, секогаш има поголем максимум од тој што го постигнувам и секогаш сакам повеќе... Ако некој ме праша што ми фали, би му одговорила тоа што ми фали сама ќе си го најдам. Не дрско, ама самоуверено. Врвот е далеку, а дното изгледа длабоко. Значи сум на некоја златна средина. Почнав од дното, бев далеку подолу отколку сега, немав идеали, имав скромен живот исполнет со караници и солзи, без мир. Полека полека се се смени. Прво се преселив, започнав живот во друга средина, градска средина(што за мене е многу важно), се запишав каде што сакав. Се покажав во поинакво светло, во вистинско светло. Стекнав нови пријатели, постигнав многу поголеми успеси од тие што ги имав. Почнав поинаку да живеам. Задоволна сум од тоа какви промени внесов во животот. Позитивни промени. Сега имам повеќе, сега сум друга личност. Животот не можам да го почнам од почеток, бидејки за тоа треба одново да се родам, ама почнав од место каде што одамна стоев, направив чекор напред и продолжив да одам. Со тоа сум задоволна.
Секогаш може подобро- секогаш велам вака, значи за работа за факултет за љубов за дом буквално за сите нешто во животот. Лакомоста на човечкиот ум е голема, секогаш бара и посакува нешто повеќе а никогаш не вели доста, тука ако можам да има повеќе. Така и јас, живеам убав живот но како што кажав погоре посакувам повеќе, секогаш уште малку, секогаш уште малку повеќе
Живеам живот кој сама сум го одбрала и би требало да бидам задоволна од истиот. Понекогаш факторите од надвор, кои не сме во состојба да ги промениме можат да направат да не се чуствуваме убаво во сопствените мисли. Но животот носи падови и успони и треба да бидеме среќни се се она што го добиваме. Секој неупсех треба да ни биде мотивација за искачуваче по скаличките. Среќна сум во животот и му се заблагодарувам за секој нов убав ден. Ќе бидеме задоволни само тогаш кога ќе се пронајдеме самите себеси. Најстрашно е да талкаме и да неможеме да се пронајдеме, да не знаеме што сакаме но и што можеме да добиеме.
За сега не го живеам животот кој го посакувам бидејќи доколку би имала се што сакам немаше да ми биди интересен но задоволна сум со тоа што го имам бидејќи кога ќе помислам дека некои луѓе немаат да јадат, немаат што да облечат, немаат вода итн... Презадовола сум во тој поглед ме радуваат ситници знам да му се радувам на животот, но се стремам кон поголеми цели амбициозна сум според мене се се можи ако се сака
Дали сте задоволни од самите себе? ех, баш ваква слична тема имавме во курс xD пред... речиси две години, ми беше смачено од мојот физички изглед, и оттогаш не престанав со промени, премногу сум задоволна, во јуни вадам протези (не беа само забите во прашање, ама само тој дел од Extreeme MakeOver ми остана) уште некои ситници ми останаа, па тогаш кога ќе се гледам на огледало, и ќе бидам задоволна од тоа што гледам, тогаш ќе знам дека мојата работа е завршена
Дали сте задоволни од самите себе? Не би рекла дека сум задоволна, ми треба некоја корекција на носот и некој центиметар плус... со се друго сум задоволна.
Дали сте задоволни од самите себе? Ти ги имам читано мислењата во повеќе теми. Мислам дека си навистина реална и незнам зошто не би била задоволна...Зборувам за карактерот и т.н. За убавина не те знам но сигурна сум дека зрачиш со посебна убавина!
Дали сте задоволни од самите себе? Зошто штета? Ако си задоволна од тоа што ти го покажува огледалото...?
Дали сте задоволни од самите себе? Надворешен изглед - Не Си имам набиено комплекс на целото тело. Кога би можела се би променила. Карактер - И така и така По природа сум весела личност, хумористична, премногу емотивна, срамежлива, по малку и лоша Проблем ми претставува што некогаш неможам да ги пронајдам соодветните зборови, неможам да го искажам тоа што го чувствувам.
Дали сте задоволни од самите себе? Прво,затоа што и во воведниот пост пишано е дека не се однесува само на физичкиот изглед.Тоа што го гледам во огледало ми се допаѓа секако,она што го носам во себе секако,но со оглед на годините кои ги имам,не би смеело и не би требало да биде тоа така трајно.Далеку е од крајната цел,што е природно и нормално.Како што течат работите е тамам,дури и на делови и премногу,но јас по природа сум перфекционист,така што... Анели,ништо лично.Не мора да реплицираш на секој пост,ако ја имаш отворена темата ти.
Дали сте задоволни од самите себе? Баш пред некој ден тоа и си се запрашав. Но, повеќе во емотивна и интелектуална смисла, а не физички. Зошто, знам дека манипулацијата со сопственото тело може да се прави во текот на целиот живот, барем тоа можеме со волја лесно да го решиме. Ај, оди пробај смени си ги карактерните особини, додај си на ова, скуси си на она...! Нема шанси, или барем е стопати потешко кога треба да работиш на себе. Мене многу ме нервира мојата пасивна импулсивност. Сакам тоа да го сменам, ама ете, ми треба начин и време како. Се ужаснувам од фактот дека, кога нешто ме иритира, го држам во ескалација додека не рикне и не направи беља наоколу. А тоа е нездраво во голема мера. Друго, сакам да можев да ги гледам нештата порезервирано, да не бидам толку приемчива, ај да не речам наивна, оти тоа не сум, но ете, му приоѓам на светот со ширум отворено срце, па после се чудам какви луѓе има. Сакам повеќе да учам, јазик, некоја вештина, а си наоѓам изговори дека не можам, немам време. Работата, би сакала да можев да ја премаскирам, некако да и додадам на креативност, да најдам ќоше кај што би можела да се пронајдам, ете тоа би сакала да ме прави позадоволна. Во секој случај, еден куп работа си најдов Генерално, задоволна сум, секако со можни исправки до правилни постапки. И онака Совршенство - Не постои!
Дали сте задоволни од самите себе? Физички не сум баш задоволна,убава сум за убава ама со вишок кг...џабе сум цел живот на диети кога пак сум таква крупна и решив таква да се прифатам тоа е,инаку секогаш сум средена-тоа го обожавам,-нашминкана,исфирцана и исфенирана-испеглана дури и за денско кафе По карактер сум силна и мн абициозна,и ми се допаѓа што сум таква,се запишав и на постидпломски благодарение на мојата амбициозност,многу сум самоуверена и верувам во себе....никогаш не ја наведнувам главата пред друг,колку и да ми е тешко,никогаш немам дозволено некој друга да го види тоа,само јас -кога сум сама со себе! Друштвена сум и сакам кога околу мене има луѓе кои заедно со мене знаат гласно да се смеат и од срце Се на се-задоволна сум си од себе,да!
Дали сте задоволни од самите себе? Си патам јас од една сериозна умо-болештина, т.нар. синдром на „искривено огледало“, па не генерално, а само и само недостатоците ми ги бодат зениците. Имам да моменти на себе задоволство, кога дур се гледам во огледалцето си ја пеам „ју секси тинг“, ама додека го тресам задничево забележувам како собата се затресува, пак и тоа јадното вибрира и шири последователни хармонични кругчиња од бранови по целото ми тело, па веднаш расположението ми е во затишје пред цунами. Но, освен домашниве ми љубимци (мама и тате), остатокот од светот и не чул за моиве експлозивни изливи на задоволство и себе величење во гуливерски размери. Затоа упатувам молба до секој машки егземплар од човеЧИНА да не ме погледнува кога јас и корпусов ми движиме по улица, бидејќи ни предизвикувате внатрешен немир, не!, не не интригирате воопшто ... И фино е кога ќе чујам луѓе откако ќе ме запознаат подобро, како ми велат „еј, јас мислев дека си ти многу дигната девојка, човек да му е страв да ти се приближи“, а мене во главата ми се мота нешто во стилот, пак драго човечуле, ако можеш да го заобиколиш мојов задник, и да ми се доближиш на доволно растојание да те видам и чујам без притоа да ми цапнеш на пупава, слободно приближи се. Луда сум да, премногу, но се додека под пенџер не гледам жолто комбенце, мене ми све ОК. Што се однесува до мојата внатрешна убавина, со неа сме си некако во хармонија, си се прифаќаме, си се сакаме, знаеме како една со друга. Убав човек сум да. Има работи кои би ги сменила, кај себе, се разбира, но тоа би било невозможна мисија (пропадната инвестиција е од старт), пак и во многу ситуации и јас самата не знам како ќе реагирам, бидејќи мозоков си работи на своја рака и не е нешто што можам да го предвидам , не работи по правила и прописи, можеби и баш тоа не ми е баш фино... но тука сме си да научиме како да се сакаме .
Дали сте задоволни од самите себе? Во последно време воопшто. Самодовербата ми се урна, а и така ја немав многу... Не зборам за физички изглед, од него горе-доле најчесто сум задоволна... Психата е таа што ме мачи. Се чувствувам бескорисно, вишок, не придонесувам ништо ни во семејството, ни во општествово... Мајка ми ми вика твое е само да учиш... До пред месец дена сосема различно гледав на ова... Среќа што ми иде факултетот (пу пу да не се урочам). Но, знам дека се е до мене, пробувам и до негде успевам и си правам измени, си влијаам на потсвеста, а тоа воопшто не е лесно. Се мразам што воопшто им дозволувам на луѓето да ме газат. Премногу се врзувам за секого. А сега, кога дојде време да се надминам себеси и овие глупави емотивни кризи што ги имам, не можам така лесно да ја згазам „лошата“ во мене. Во мене се борат доброто и лошото... Мислите ми се хаос, емоциите уште повеќе. Се барам себеси. Сума сумарум, моментално не сум задоволна од самата себе, ама решително пробувам да се сменам, да инвестирам во себе, да ги заменам негативниве мисли со позитивни. Да научам да се ценам повеќе, да не потпаѓам под туѓи влијанија, да не се препуштам на сопствените чувства толку многу како што правам. На крај краева самите себе сме си најголемо богатство што го имаме, само треба да научиме да ја гледаме неговата вистинска вредност.