Дали сте задоволни од самите себе? Кога-како. Во некои периоди мислам дека владеам со светот и со себеси, задоволна сум, сметам дека сум една зрела, комплетно изградена личност и така гордо се рашетувам со главата крената горе (парам небо со носево). Во некои периоди пак, кога си грепкам по дното како дрвена лажица кој собира мрснотија на загорено тавче, сум самосожалувачки настроена, несреќна, мизерна и се преколнувам самата себе. Се' ми фали, не сум за ништо, си наоѓам милион фалинки и маани, се мразам себеси, моите достигнувања ги множам со нула и не ми се вредни воопшто. Што значи заклучокот би бил дека - не сум задоволна самата од себе токму заради ова моја лоша особина. Ќе бидам задоволна кога ќе постигнам баланс самата со себе и кога нема да ескалирам како некое скокачко јо-јо.
Дали сте задоволни од самите себе? Сум. Со оглед на тоа колку години имам и како сега чекорам и се поставувам во животов - сум. Си имам некоја моја теорија дека самата ако не се сакам и самата ако не сум задоволна од себеси, никој нема да биде од мене. Физички имам многу недостатоци, да си ги гледам деловиве од телово поединечно не се ништо посебно, ама се на се научив да си се сакам како целина. Сум приметила дека кога сум позитивна и кога се познава тоа на мене привлекувам многу повеќе внимание отколку кога сум нерасположена. Да ме праша некој дали би сакала естетска корекција на овие делови кои ми се несовршени, никогаш не би се нафатила, си ги сакам и се дел од мене. Карактерно исто сум задоволна од самата себеси, сега сум на едно поглавје во животот, задоволна сум како го поминувам, задоволна сум од тоа како сум се поставила кон тоа поглавје во животов, задоволна сум затоа што знам дека си го исполнив она што ми беше цел во претходното поглавје во мојот живот, а се надевам дека и ова добро ќе го сработам, за и во следното да бидам задоволна самата од себеси. Би сменила кај мене само тоа што некогаш знам да пропуштам некој убав момент, само затоа што јас не сум два пати мери еднаш сечи, јас сум пет пати мери еднаш сечи. Ми се случило од што се двоумам што да направам моментот во кој што требало само да се опуштам ми поминал. Тоа гледам да го сменам. Се на се, можеби звучи нарцисоидно, ама сум ПРЕзадоволна од себеси, таква сум била досега, а се надевам дека таква и ќе останам.
Дали сте задоволни од самите себе? Задоволна сум ама делумно од физичкиот изглед сум задоволна,таман е како што треба исто и карактерно,единствено само што знам понекогаш да бидам тврдоглава и сум доживотен алтруиста ама за алтруизмот тоа е, неможам да сменам,освен да прифатам
Дали сте задоволни од самите себе? Па, физички сум задоволна и тоа прилично. Изгледам убаво, имам самодоверба, висока сум, слаба....не сум совршена, но сепак сум задоволна од изгледот. Цртите на лицето ми се доволно специфични и впечатливи, имам убав лик Би сакала само да ми порасне косата и ништо повеќе (ете, мислам дека косата би ми изгледала поубаво кога ќе ми порасне) Паметна девојка сум, но сепак сметам дека имам некои карактерни мани. Премногу ги потенцирам и форсирам своите размислувања и идеали. Пробувам се да биде по мое и имам многу заповедувачки став. Знам дека тоа ми е маана и се обидувам да ја искоренам. Фина сум со сите, се додека некој не ми стапне на нерв Имам разбирање за секого и секогаш сум подготвена да го кажам моето искрено мислење.
Дали сте задоволни од самите себе? Не сум задоволна,но се стремам кон тоа да станам задоволна.Од физичкиот изгледт се надевам дека ке ослабам,би сакала да нараснам уште некој сантим ама потешко тоа Карактерно,сакам да бидам посамоуверена,да си имам свое јас.И се надевам дека ке успеам во тоа со тек на време
Дали сте задоволни од самите себе? Паа делумно. Од изгледот сум задоволна, не се поистоветувам со моите недостатоци и се обидувам да извлечам максимум од она што го имам. Би си додала плус самодоверба, комуникативност и отвореност. Би си додала и инстант храброст за да направам нешта кои отсекогаш сум ги сакала но не преземам ризик. Би си одзела поспаност и би го користела попаметно времето кое го преспивам Вака кога го напишав, овие последниве две работи лесно можам да ги решам, а на другите се’ уште имам време да поработам.
па да... имам прекрасно семејствоо кое ме подржува за буквално се....имам прекрасен мал ама доволен круг на пријатели кои ги обожавамм...и најважното имам човек до мене кој ме сака и го сакам...мислам дека и кога пак би се родила би го избрала овај животт.... мислам дека имам се што му е потрено на еден човек за да живее... материјални работи нема да споменам затоа што човек никогаш не е задоволен во материјална смисла(пари) секогаш бара односно сака да има повејке...
Дали сте задоволни од самите себе? Може да се каже дека сум задоволна а зошто и не би била .Пред се здрава сум а тоа ми е најважно од се , изградена личност свесна за своите постапки , борбена , решителна , упорна , комуникативна и ред друго што треба да поседува една жена на моја возраст . Е сега памет имам но понекогаш и јас знам да направам по некоја глупост да забегам, па не би било интересно кога не би ја имало. Луѓето кои се околу мене и ме познаваат велат добро се држиш , лепа си ,згодна,фина па штом така велат така ќе е Пред неколку месеци кога бев надвор од државава си ја расипав својата идеална тежина која со години ја одржував изгледа од воздухот или од промената ќе да беше начукав едно 3 ,4 кг повеќе но откако се вратив во МК се фрлив на работа и ги стопив така да упорна сум и секогаш со мојата упорност на секое поле порано или покасно го добивам тоа што го посакувам. Знам да ги сослушам и младите и старите , да помогнам каде што треба ако е во моја можност се разбира .Имам еден братучед тој често знае да ми каже, сестро ти имаш чисто и добро срце, уметност е како такво да го поседуваш кога е потребно да го подариш и многумина да ја почувствуваат неговата нежност и топлин а сепак да остане твое .Тогаш се шалам со него до сега добро е ме слуша чука ли чука Ајде толку за самата себе умре циганката за фалење Повеќе сакам моите дела и тие кои ме познаваат да искажат мислење за мене како личност отколку јас самата за себе... но наидов на темава па ајде си проговорив
Дали сте задоволни од самите себе? Па не сум баш најзадоволна но се трудам да се поправам, да се надградам и да се чувствувам подобро во своја кожа. За разлика од порано сум позадоволна и се трудам што повеќе да се подобрам, да го сменам размислувањето, изгледот и се друго што не ми се допаѓа. Знам дека само од мене зависи како ќе се чувствувам
Дали сте задоволни од самите себе? Задоволна сум, не гледам причина зошто не би била. Свесна сум за своите квалитети, а и за своите маани. Се трудам да станам уште подобра личност, учам, стекнувам нови искуства. Сметам дека сум доволно самоуверена и комуникативна личност, точно знам што сакам во животот и настојувам да го остварам тоа. И за изгледот не се жалам-задоволна сум кога ќе се погледнам во огледало. Некогаш знам да бидам многу тврдоглава, избрзувам и со тоа ги повредувам другите. Ете тоа би го сменила. Да бидам малку посмирена личност.
Дали сте задоволни од самите себе? Јас сум задоволна од себеси во сите погледи не сум совршена имам мнаи но како секој човек и се обидувам да ги прикривам
Па не баш, но што е тука тука е Не можам да се пожалам ни од финансиската ситуација, ни од љубовта, ни од другарството...но постојано ме мачат грешки од минатото, пропуштени шанси, дилеми... Се трудам да го ценам тоа што го имам, но криво ми е што не сум доволно храбра и самоуверена за да се борам за тоа што го сакам
задоволна сум не се жалам ма да можело и подобро...не може се да биде најнај се розово секогаш фали нешто...али се у свое време..