Па да.Финансиски не зависам од сопругот(вработена сум солидна плата имам),имаме кров над глава(куќа),две деца кои се живи и здрави(фала ти Господе),отплаќаме стан редовно,секоја година успеваме да отидеме по 15 дена на море,родителите мои -живи и здрави,. Е сега (секогаш има нешто што мора да те нервира нели)сеуште „не научив “да викам незнам,неумеам и неможам.Неможам да здивнам, самата преземам многу обврски кои знаат да ме исцрпат,маста да ми ја извадат ама не„ јас се си можам“.Како и да е животот ми е турбо ,200 на сат ,а јас само сакам малку лер.
Па..моментално не.Имам многу глупаво чувство-како да се изгубив себеси.Повеќе не сум таа Чарми што порано бев и каква што сакам да бидам.Таа потона во морето на грижите и обврските...Уште еден месец и ќе ја довлечкам назад
Не,воопшто не.Животот ми тргна во сосема обратен правец,сега неможам да се вратам ни назад ни да тргнам напред Понекогаш се прашувам каде згрешив олку што вака Бог ме казнува
Па пола пола...ги имам личностите кои што ги сакам покрај мене, никој не ми недостасува, по никого не тагувам. Е сега финансиската состојба, место на живеење и слични работи не ми се баш по мерак, но тоа е тоа, треба да бидам благодарна и на тоа што го имам.
Да. Здравјето е ок, живеам со човек кој го сакам во хармонично семејство и на врвот е еден ,,малишан,,. Кариерата добро напредува ама се стремам кон подобро . Си поставувам помали остварливи цели (моја скромност) кои полека полека ги остварувам.
Здрава сум, имам разбирање и љубов од моите најблиски, дечко со кој обострано се сакаме, прекрасни пријатели, работа што ме исполнува и супер колешки, солидна плата со која можам да си дозволам повеќе луксузи, добро изгледам... за сега, ова е животот што го посакувам, а за во иднина здравје си имам уште планови
Од една страна сум задоволна,во смисла на тоа што имам покрив на глава(иако не е по наша заслуга),трпезата ни е колку толку полна,здравје има ти благодарам Господе за се ова... А од друга страна хмм...многу ме има животот повредено и тоа се одразува на квалитетот..некои ситни работи не ме прават среќна,а знам дека не треба да биде така...монотоно живеам...многу ретко запознавам нови луѓе,не зашто не сакам туку едноставно немам можност..и ако се одземе она горенаведеното не живеам живот кој го посакувам...
Па може да се каже,имам се што сакам и што ќе посакам,шивеам нормален живот сепак има некои испади за да биде поинтересно,па и се да ти е совршено не е на арно
Искрено, не баш. Работам нешто што баш и не ме исполнува, ама имав сосема друга замисла за тоа што сакам да работам(па затоа и завршив факс. кој нема благе везе со ова што го работам). Сакав куќичка некаде далеку од центаров на Скопје, на мирно место, полна куќа дечиња(ах се надевам дека и тоа ќе биде наскоро ), здравјето одлично да не служи, мирен спокоен живот. А реланоста е друга- живееам блиску до центаров, немаме сеуште дечиња, работиме турбо од сабајле до вечер со маж ми, фансиски сме потковани и за нашите правнуци, ама ете пак бркаме кариери Здравјето кое ми беше на прво место, некако почнавме да го губиме..... Ама сепак, млади сме и сето тоа може да се смени, со малку труд и воља. Се тешам со тоа дека ако било се како што сме поскаувале, ќе ни здосади и ќе биде монотоно. Зошто едноставно, кога може да биде комплицирано
па во последно време се разочарувам од животов ништо да ми тргне како што си планирав и сонував ах тие пусти пари сите соништа ми пропаѓаат но ајде ќе се надеваме уште малце има време т.е. до уписите на факс а иначе во љубовта неможеше да биде подобро само да најде асална работа во ск
Па може да се каже не баш имам неколку недостатоци нормално дека ќе има неможе се совршено да ми биде а и да биде кога тогаш ќе се сруши и тој мир и спокојство што го имам. Така да тоа е тоа и ќе си се помирам со тоа нема да бегам од оваа кожа. Еден ден се ќе се среди се надевам и мене ќе ме огрее сонцето Kако викаат: "тоа што е мое ќе си дојде" ако чекам така отидов измеѓу легендите ако сама не превземам нешто да биде во ред џабе ми е се ...............
Од една страна задоволна сум и среќна што имам колку толку пристоен живот, значи кров над глава каков таков и не сум гладна нити пак боса и гола. Но жал ми е што не ги искористив паметно шансите кои ми се укажуваа порано, и кој верувам ќе придонесеа да имам поквалитетен живот. Жал ми е што не го искористив мојот потенцијал и способности до максимум, што не направив ништо од себе иако можев. Жал ми е што останав само домаќинка иако секогаш се замислував себе си како независна и успешна жена. Жал ми е што рано се омажив без внимателно да го одберам мажот, па завршив како самохрана разведена мајка на млади години...А се што требаше е да си се посветам на златниот факултет на кој се имав запишано, да си дипломирав, па ќе си бев независна жена и ќе си бирав попаметно..ама тоа е, времето назад не се враќа, понекогаш си велам така требало да биде. Ќе се навикнам да бидам среќна и со помаклу од тоа што сум посакувала за себе и за моите деца. Барем сме здрави, живи, и не сме на Камени Мост да питаме...па може ќе ни се смени среќата, па ќе не огрее сонце и нас