1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали живеете живот кој го посакувате?

Дискусија во 'Слободно време' започната од Magnolija, 3 февруари 2010.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Живеам, знам, уживам и сакам да живеам. Животот што го посакувам го имам, но секогаш фали нешто нели, но мојот живот е совршен, задоволна сум многу и го ценам и почитувам тоа што го имам, благодарение на моите родители, ценам и почитувам исто така што ги имам другарките што секој може да ги посакува а пред се на врвот ги ставам моите родители кои се совршени, значи можам да кажам THEY ROCK!!! Живеам и тек сам почела, има многу градење пред мене ^
     
  2. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Не, дефинитивно не живеам живот каков што посакувам, ама се обидувам да го насочам кон остварување на мојот сон. Многу е рано да се каже дали моите замисли можат да се исполнат или не, ама сепак со цела моја сила и огромниот оптимизам одам напред. Со оглед на тоа што почнувам од нула, нема кој да ме поттурне (од финансиски аспект) сама се трудам за да успеам. За неколку години ќе го исполнам она што го сакам. Студирам, планирам, организирам и работите одат кон добар пат, ќе бидам една од најуспешните жени во Македонија, а може и пошироко. :lol: :lol: :lol:
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Иксрено ретки се тие кои живеат живот што го посакуваат :) Јас можам да речам дека живеам еден мал дел од животот кој го посакувам. :D
     
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
  5. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.709
    Засега да. Тоа што сакав да го постигнам со мои скоро 18 години го имам постигнато , домашните мои се живи и здрави ( најголемата среќа ) , школото ми оди според очекувањата..Единствено сум разочарана што во последно време почнав да им откажувам на некој дејчиња што сакам да си муабетам со нив , ама обврските си го прават своето . Се надевам дека во иднина ќе имам повеќе време за нив :)
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    НЕ!!! Јас таков живот не сум порачала ве молам сметкава на друг а не на мене :) јас не живеам ни 2 ‘% од животот како што сакам да живеам сите проблеми нервози и препреки во животот како само кај мене да дошле...фала чао пријатно.
     
  7. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Од ден за ден животот ми е со малку повеќе стрес,но во глобала и кога ќе се свртам зад мене ,ДА тоа е тоа Фала ти Дедо Боже
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    не бас како сто сакам...но тоа е
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Не сакам да звучам фарисејски, но му благодарам на Господ, мислам дека го добивам од животот она што го сакам и тоа го живеам.
    Можеби не сум опкружена со материјално богатство (кое буквално не ми значи ништо), повеќе ме радува тоа што духовно сум исполнета, од мојата околина. Тоа богатство, таа љубов е повредна од се и затоа вистински го живеам животот кој го посакувам :inlove: .
     
    На Fearless и Srekicka им се допаѓа ова.
  10. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Фала им многу на родителите што ми овозможиле се што сакам во животот од факултет, сега магистратура,што ме воспитале ко личност да знам све да ценам во животот, материјално од ништо не сум била скратена што сум сакала сум добивала али знам секогаш да го ценам тоа што ќе го купам и никогаш не фрлам пари за без врска. Дај боже секогаш во животот да ми биде така и кога ќе заработувам мои пари....
     
  11. husaric

    husaric Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    хммм многу интересна тема имам размислувано многу на оваа тема. пред се сакам да и кажам на девојката која ја поставила оваа тема браво бидејки таа е на добар пат :!: се уште е доста млада а веќе размислува за животот кој е доста комплицирана тема. размислувањето за тоа како треба да постапувам и како може да го достигнам она ниво на живот кој што сакам да го живеам низ годините ми помогна да сфатам многу работи. факат е дека секогаш во животот нешто ќе фали но никогаш не треба да се откажуваме од нештата кои што ни недостигаат во нашиот живот напротив токму овие нешта кои што ни фалат се тие кои што ни помагаат да созреваме, да напредуваме и пред се да се наградуваме и да ги формираме нашите карактери. во моментите на тешкотии без разлика од кој вид ние сме повеќе склони да забележиме некои основни вистини,би сакала да споделам со вас нешто што го напишав во периодот кога ми беше најтешко во животот. инаку е многу интимно досега го нема прочитано никој, сега за прв пат се одлучив да го споделам со некого а тоа сте вие :) затоа што сметам дека може да им помогне на многумина. всушност тоа се некои поуки до кои што дојдов од лично искуство. во тие моменти на слабост кога чуствував дека мојот живот се руши и дека сум потполно сама без никаква подршка, без никого кој би го слушнал моето страдање, моите стравови и моите мисли напишав едно писмо со наслов :
    Чекор напред
    уште малку а после ме чека SVETOT.Oстанува се позади мене,почнувам нов живот,од почеток. страдањето ме прочисти, ме направи посилна личност.Bлагодарна сум за се што доживеав, за се! почнувајќи од интензивната болка па се до максималното задоволство.се надевам дека поуките кои ми ги даде животното искуство веќе се дел од мене и никогаш нема да ги направам истите грешки од минатото. се молам за да бидам јака,силна за да можам да ги издржам сите предизвици кои се пред мене затоа што знам дека имам уште многу што треба да научам,се молам за среќа нека горчината остане само во моето минато, се молам за љубов искрена за која вреди да се живее. иако доживеав многу разочарувања не се откажувам од радоста или болката која ми ја носи секој нареден ден. иако понекогаш се чуствувам премногу слаба за да продолжам понатаму тоа е минливо,покрај се знам дека вреди да се живее и не се плашам да направам чекор напред.
    ваквиот став и ваквото размислување ме извлече од најтешката криза,од најлошиот период во мојот живот. и сега ако ме прашате дали живеам живот за каков што некогаш сонував без размислување ќе ви одговорам да . се надевам дека со ова ќе можам да помогнам на некого :* :* :*
     
    На MissSippy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Floyd12

    Floyd12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    110
    Задоволна сум од она што го имам сега за сега понатаму ништо не се знае. :$
     
  13. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    19
    Да, али УВЕК МОЖЕ БОЉЕ!
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Не.
    Ова е далеку од мојот живот каков што го замислувам јас :)
     
  15. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Да.Секако дека имам некои работи кои ги сакам но ги немам,но сум задоволна.. Задоволна сум дека има многу луѓе кои немаат нешто што јас имам.Најважно ми е дека имам среќа.Токму овој живот го посакувам,да ги имам моите блиски,и да имам среќа и љубов во домот :*
     
  16. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Го посакував овој живот и со малку тешка борба но го добив Да многу сум задоволна од животов што го живеам не е секогаш се толку розево но јас и моето семејство сме среќни и задоволни од тоа што животот ни овозможува.
     
  17. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Да. Живеам нормален живот во семејствто во кое владее мир и слога. Се што сум посакала - сум добила, порано или подоцна.
    Јас би сакала на некој период да живеам живот на накоја богаташка од Лондон, Њујорк да видам како е. Тоа ми е желба :lol: Инаку од мојот задоволна сум.
     
  18. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Ох, проклето не!
    Секој период од животов имав различни амбиции и цел. Дел остварив, дел ги запоставив.
    Да речам дека сум среќна со сегашноста ќе значи дека сум задоволна со тапкањето во место и идеализирање на совршен живот. Никој не живее совршен живот, никој не е 100% среќен и задоволен од него, секогаш може подобро!

    Лично за мене, далеку сум од она што го посакувам и тоа само затоа што тој не зависи во целост од мене, него од безброј други фактори кои не можам да ги променам така лесно.

    Она што го сакав е да сум далеку од овде, во хармонија и неограничени луѓе, а јас сум заглавена deep down во простотилак и малограѓанство, во општество каде за единствен напредок е предуслов финансии или добра јака позадина!

    Ма, ќе ги сништам таквите околу мене! Или ќе заминам...
     
    На MissSippy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Многу интересно прашање и дефинитивно ќе одговорам со ДА.Многу ми се допаѓа животот што го имам.
    *Ја работам работата од соништата :inlove:
    *Го имам најпрекрасниот дечко што некогаш постоел :* :inlove: :lol:
    *Мојот сон:одреден период да живеам во Њу Јорк или Париз.И живеев.Во двата града. 8) :rock:
    *Живеам со мојата постара сестра(3 сме,едната се омажи и има бебенце,ја сум најмлада и живеам со другата сестра :) ( додека и таа не ми кидне :D ))
    *Задоволна сум од мојот изглед. 8)
    *Го имам моето срце од куче,Макс!(самојед) :*
     
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Не.
    Никој не би го посакал мојот живот а најмалце јас би го посакала него на некому.
    Поужасен мислам дека нема. :worried:
    Би го посакала моето детство да го има секое дете, толку убаво детство имав. Полно со љубов, другарства, игри и се што може да го направи едно дете среќно. :)
    Но во понатамошниот живот, никој да не ми биде во кожа. :?:
    Постојана борба со нешто, кое знаеш дека еден ден ќе те сруши. :x