Искрено јас не сум задоволна од животот кој што го живеам.. Се трудам секој ден да ми биде подобар, иако морам да признам дека не ми оди баш..Сепак не се одкажувам, продолжувам напред со надеж дека еден ден и јас ќе имам живот каков што го замислувам. Си се тешам со овие зборови: сето ова еден ден ќе се вика "минато"
Јас не можам да се пофалам дека живеам живот кој го посакувам и знам дека и понатаму ќе биде така. Не се тешам, туку сум се помирила оддамна дека немам среќа во животот. За се што треба да постигнам, треба да се изнамачам за да го добијам тоа, а понекогаш не го добивам па сум и разочарана. Фамилијарно ни е на сите така, така да ..
Дефинитивно не го живеам животот кој го посакувам.Дури ни приближно.Можам да кажам дека животот ми поминува во фантазирање,каде што се е перфектно,па дури имам некој страв да се помирам со реалноста.Многу сум млада за толку да бидам во депресија,но реално многу сум разочарана од мојот живот.Не ми е јасно како на некои животот им е перфектен,исполнет со радост,среќа,забава и се им оди од рака,а на мене...
Cloee мислам дека имаш проблем во животот. Не дека глумам психолог , но депресијата не го менува животот. На никој животот не му е перфектен. Сите глумиме лудило понекогаш знаејќи дека на некои луге тоа добро им доаѓа .. па затоа само напред. немој со такви мисли
Не го живеам животот како што сакам.Сакам на пример да живеам сама еден период да се осамостојам да најдам работа одкако ќе завршам средно и да се запишам на факултет сама,да не зависам од никој.Дечко ми да не ме контролира толку,да ми верва да не се караме за глупости,да прошетам надвор од земјата(планирам да го направам ова за брзо време),да имам малце повеќе пари,другарките да ме разбираат повеќе-е вака сакам да живеам но иако сега не живеам како што сакам сигурна сум дека еден ден ќе се смени тоа бидеќи ке се потрудам да имам се што сакам во животот.
Од премногу гледање филмови, посакувам да бидам како америчките девојки или британските..Здрав и доследен живот, секојдевни ритуали и забава. Наместо тоа, седам дома на компјутер или учам. Секој ден ми е : школо, дома, школо, дома. Пробувам овој месец да доведам малку среќа во животов..
Го живеам животот кој го посакував од кога знам за себе. Сега пак нешто ми фали, пребарувам .....посакувам нешто повеќе и од ова. Човек...вечно сакаме нешто више.
Не, не живеам живот каков што посакувам... среќна ме прават и најмалите нешта, но и тие се реткост во мојот досегашен живот .. Се надевам на нешто убаво наскоро
Живеам скроз поразличен живот од тој што го посакувам. Се борам со години нешто да сменам а ништо не се менува, само полошо станува а годините си летаат. Затоа сега решив ќе направам огромен чекор што ќе ми го смени скроз животот па ќе видиме дали ќе испадне подобро или полошо. Ќе ми треба многу среќа а ја немам. Јбг...
Моментално сум на еден крстопат и сакам да остварам некои работи, но далеку од тоа дека не живеам живот каков што посакувам. Открив дека да се биде среќен со она што се има е најубаво чувство што постои.
Имам убав брак, прекрасен син, здравје - фала богу, работа за која сум се школувала. Задоволна сум од животот кој го живеам, но во секој момент не престанувам да се трудам да го направам подобар Од секогаш се ужасував од помислата за живот заглавен во просечноста, рутината. Го гледав животот на мајка ми, нејзините пријателки, подоцна колешките. Муабетите за ајвари, торти на три спрата, проблеми со деца, кавги со маж. Работа, готвење, чистење, секој ден - дежа ву. Подоцна сфатив дека општеството, финансиите ти поставуваат рамки од кои не можеш да излезеш. Но, и покрај тоа што сум вработена жена од 7 до3, мајка, сопруга, домакинка, од петни жили се обидувам (многу се обидувам) да не ме совлада рутината. Во секој момент кога можам да внесам креативност, да отстапам од шаблонот почнувајќи од готвење па до облекување (ова не вклучува швалеришење, да се разбереме), да не бидам досадна, конвенционална, просечна, затоа што тоа би ме убило.
Сметам дека оние кои што имат 16, 17 години не треба да пишуваат на темава зошто се сеуште многу мали зависни и како секој тинејџер живеат во фантазија. почекајте да поминат години тогаш ќе зборуваме на темава... инаку за мене да го живеам живото што го посакував и искрено да ви кажам некогаш ме фаќаше страв дека нешто ќе ни се случи бидејќи толку многу работи имам поминато во животот за да стигнам до тука што често не ми се верува... имаше еден период каде што ми беше и страв да заспијам али ај тоа е друга тема. најбитно е што имам здравје , прекрасен маж до мене здраво семејство, добра работа (се она што посакував од неа) и динамичен живот, незнам што друго би посакала за сега ...
За да живееш живот што го посакуваш пред се треба самиот да се потрудиш.. Живеам живот што посакувам, но ми треба она „минималното“ за да биде целосно.. со тек на време се на свое место
до пред една недела, се беше во ред со мојот живот, се додека не сватив што правам, ама кога се свестив да бидам искрена се разочарав, не е ова мојот замислен живот, ова не сум, немам сила да ги сменам случувањата, оти ова што се случува е сепак моја вина, си признавам барем, бев наивна, премногу верував, и мислев дека сите се како мене секогаш, колку и да е лоша вистината ја кажуваат, ама ете грешка сум била... таа е, секој со неговата среќа, некој помалку некој повеќе