1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали заработувaат македонските блогери?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од mime87, 28 август 2014.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Тука е проблемот, секоја просечна девојка не може да е блогерка, како што кажа самр на претходната страна треба да има што да покаже, пред се креативност.

    Според мене економската состојба на семејството е многу битен фактор но не и пресуден, би било многу подобро да видам некое парче облека од обичен бутик (сега да се разбереме не зборам за мајците од шутка) убаво искомбинирано па да можам и сама да си го купам отколку да гледма цел ден сликички со шанел чанти и дури и да не можам да помислам а не да купам. Но тоа парче иако од обичен бутик да биде искомбинирано убаво и различно не нешто што по дифолт би одбарала и обична девојка, се согласувам и со Silver.E треба да се има стил.

    И да мислам дека поголемиот проблем е во фирмите кои би требало да се рекламираат.Да речеме дека блогерката собрала добра цифра на посетители на нејзиниот блог(чисто хипотетичка ситуација) ,за почеток блогерството не е доволно познато низ луѓето, тие што сме на форуми тука таму по некоја локална тв, некоја страна на нет... , но верувајте има многу луѓе кои воопшто незнаат дека вакво нешто постои во мк, самите сопственици на бутици кои нели треба да платат за почеток или да дадат некое парче облека за да се рекламира, некоја пудра сенка што и да е, немаат ни слушнато за ваков тип на реклами, а и во случај да слушнат кај нас новите работи тешко влегуваат, па и овој тип на рекламирање мислам дека уште не е прифатен како што е во србија да речеме
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Стил и моден блогерај без пари мало морген. Според мене, за да заработува или да стане популарна, прво и основно треба да е многу убава и згодна, привлечна за гледање, шармантна, да не можеш очи да тргнеш од сликите нејзини првенствено заради лицето, телото, на крај секако надополнето со одлични комбинации. Не мора да се многу скапи, но да знаеш да ги претставиш, изрекламираш на правилен начин. Добри фотографии се подразбира. Активност исто. Тоа што фирмите кај нас се баук за вакви работи е друго, па не знам дали некој освен популарност може и до пари да допре во Македонија од ова. Нека кажат блогерките.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Дека ја бива, ја бива и да и даваат пари за да рекламира а пред тоа? пред да стане тоа што сега е, за да има најмногу посетители на блогот сигурно започнала со скапа облека, како што кажа и ти има пари. Што значи за да заработуваш од блогот треба да имаш пари,вкус,редовност и способност за добар маркетинг.Ја зедов Зорана како пример затоа што претходно беше споменувана а не дека ми пречи тоа што го прави. А кога ја напишав првата реченица дека не заработуваат мислев на македонските блогерки а не на светски познати,српски и незнам уште какви. И целосно се согласувам со feminium
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Иако веќе и не сум во тие води, јас не ни помислував да заработувам од блогот. За мене блогот беше отскочна даска за она што сакав да следи потоа.
    Јас строго се држев до ефтини парчиња облека и сакав да им покажам на девојките дека не мора да се трошат многу пари за да изгледаш убаво. Сакав да покажам и дека ако отидеш на шнајдерка, купиш материјалче може да направиш нешто убаво.
    Јас не сакав да инвестирам во добар апарат, не сакав да трошам многу време за средување на слики итн.
    Сепак добив неколку понуди за соработка со сајтови од странство кои требаше да ми праќаат работи кои јас би ги рекламирала. Добив и неколку понуди за медиумско промовирање, но тогаш решив дека сепак не се гледам јас себеси во тој свет. Мислам се гледам ама не така како што требаше да биде во тој период.
    Искрено прилично ми значеше што имаше заинтересираност и покрај плукањето на еден куп девојки за мојата гардероба која им изгледаше ефтина, добро де и ефтина и беше цената :lol:

    Нашите блогерки не заработуваат, но тоа не значи дека не може да се промени во иднина.
    Сепак за еден блог да заработува треба да се вложи во него. Не мислам само на финансии туку мислам и на време.
     
    На lovely91, gjoker4e, mime87 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    [​IMG]

    Тоа е тоа.. жално и вистинито, но парите го движат светот.
    А за да се заработува од блог најпрво треба да имаш добра заработка, што за нашата ситуација во земјава е многу тешко.. Јас обожавам и мода и шминка и сите тие работи ама кога немам со што да почнам можам само да сонувам и да си шмрчкам гледајќи слики од блогерки..
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Neznam dali ima takva tema pa reshiv tuka da pisham...Sakav da prasham dali nekoj znae da mi kazhe kako i kade se registrira na blog strana za sportska prognoza,kazhuvanje natprevari,poznato vi e :).. I kako se raboti..?
     
  8. Dinaskopje

    Dinaskopje Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Зорана како блгоерка прави навистина добри пари за на балкнот. Читав некаде на српски форум дека заработува најмалце 4-5 илјади евра месечно!
     
  9. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Блогерката сама по себе треба да биде еден вид на бренд и ако почнува со тоа да го сфати малку посериозно. Тука на форумов само колку девојки рекламираа блогови, а колку останаа да функционираат.
    Што кажува тоа?
    Ако блогерката не е сериозна, како да очекува други да ја сфатат сериозно?
    Кај нас реално и нема од каде да се заработуваат пари, зашто и немаме некои брендови кои би ја плаќале блогерката да промовира одредени артикли. Исто и фирмите немаат претстава како модните блогови уствари функционираат. Додека во светот се повеќе и повеќе внимание добиваат овие девојки.
    Не е само да знаеш убаво да облечеш.

    За девојките од Битола http://insidethebworld.mk/ секоја им чест.
    Некако ми се на врвот, се гледа дека посветуваат време на блогот. А тоа доаѓа до израз во квалитет на фотографии, локации, изглед.

    Фросина од Куманово, многу ми се свиѓаше на почетокот. Ама со оној апла Кардашијан стил заеба се.
    Таа мислам дека и немаше текст на постовите, што е малку смешно.
    Ако е замо за слики, постои Инстаграм.
    Некако и удри популарноста у глава.
    Не е интересна веќе.

    Еве ги нашите девојчиња. Вредни и за читање и за гледање!!!!
    Марија од http://www.fabulousisfreedom.com
    Азизе http://rosee96.blogspot.mk
    Теона http://teona.mk
    Елена http://www.shybutsecretlyfabulous.com
    Имаше уште некои, ама сега и ме мрзи да барам кои се.
    Ќе се познаете :)
     
    На 1209, SuperGirl24, blueeparadise и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Може сум оф ама каде е Мери,Поповска мислам :^), имаше супер комбинации и Русевска Анита ми беше секогаш топ,ама сега прави накит :)
     
  11. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Мислам дека кај нас најчесто блогерките работат со компензација односно ги плаќаат во производи, многу ретко да има даваат пари. Ако не се лажам блогерката Теона Манго заработува и тоа некој добри цифри. Мислам дека во некое интевју имаше кажано дека ја плаќаат добро. А ја следам и на инстаграм и цело време рекламира брендови а и носи доста скапа гардероба и ташни. Ако има некои блогерки на форумов нека не просветлат, баш ме интересира дали во Македонија се заработува :)
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Да, ама Теона живее и студира во Лондон каде менталитетот за ваквата работа е многу НАД нас
    Ако не се лажам, мислам дека имаше добиено награда од познат британски магазин за блогот
    Светско девојче. Ако не читаш секое добро и продолжи така
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    36.031
    Пол:
    Женски
    Сега во 2022 се заработува од блог во Мк?
     
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Ако понудиш квалитетна содржина, верувам дека ќе имаш успех