Ќе запомнам Досега немав слушнато ,ама за оваа Нова година ќе се снабдам со некоја најсекси црвена долна облека и ќе ја носам. Трите вечери истата . Непрана.
Хахаха Лани касно ми текна, баш последниот ден, и нигде немаше црвено. Ама оваа година со повреме ќе си купам нешто секси црвено.
Јас за ова првпат слушам ! А и не верува многу во такви работи! Така да гарант нема никогаш да го испочитувам тоа правило црвен долен веш на 31 декември!
Ова само за понежниот пол важи или за сите? За сите години колку што ги имам (а не се малку), ниту еднаш немам носено црвен веш за Нова година па и се вљубивме и се оженивме... Не се замарајте, среќата во никој случај не ви зависи од бојата на гаките
Јас не верувам во вакви работи тн БАБИНИ ДЕВЕТИНИ ама лани носев и тоа случајно, не ми беше планирано ама си спремив црвена тангица со корсетче (корсетчето не го носев) и после ја видов на фемина темава и секако ја носев па имав среќа ама не е до долниот веш сигурно
Да беее нова година е уште малку, затоа гледам ја нешто слабо црвн веш по продавниците, тоа феминките се таиле во поход по исклучиво црвен веш Уште каква не бабина деветина нема да им текне на луѓето. Бог да чува!
Црвената боја си ја сакам без разлика на се.Па здравје оваа година ако сум при пари и ако одам негде ке си купам.А не дека верувам многу во тоа дека ке имаш среќа во љубовта...
Слушнав за Нова Година ќе има распродажба на црвени тампони по маркетиве, наводно ќе носеле многу среќа, за тие што се уште невини ќе има улошки со црвени крилца. А и практично е ако имаш добиено.
Нека им е наздравје на Веро ќе се напунат пари...а и гратис Кока Кола со слика од Дедо Мраз ќе даваат со тампоните... се да биде во црвен ефект
јас пак имам разбрано дека ако сакаш срека во лјубовта цела година да имаш па дури и наредната,волнени чорапи се носат,едно 3,4 дена
Мене па од извори блиски до Владата ми кажаа дека црвената танга за Нова Година треба да ја носиш наопачки со тенкиот дел однапред, за да не те фаќа урок од тие што ќе им удриш корпа вечерта
Абе секакви верувања има, овие изгледа се некои по католички календар што се водат па затоа ни се смешни, али што да им праиш, нека се угоде
Абе, не само што носам туку и не ги слекувам од мене, ехееее се до Стара Нова година. Да фати убаво мајата.
Абе ако затераш така до Стара Нова Година, мајата кисело млеко ќе стане, да си купиш Nivea сапунче од јаготка, она црвеното, и редовно секоја вечер од Нова Година до 02 Февруар да ги подзаперуваш тангата. После не му се секирај ќе ги натераме мажите да ни купат на сите по едни класични бели памучни гаќи, да се одмориме од тоа сексипилот.
Јас мислим дека треба тампоните да се веќе употребени, односно да бидат со крв, така ќе бидат многу поекономични,а и навистина ќе биде атракција. Исто така слушнав дека на Нова Година ако имате добиено цела година ќе ви биде крвава.