Боже мили, ,,таму доле,, и црвена да се офарбам, и црвени прамени да си ишатирам и црвено кукулче да си врзам, не иде бре љубав, нече, никако. Баш годинава како што сум ,амбициозна, во врска со дочекот, и како што имам испитна сесија после НГ, се си мислам дека ова со фарбањево ќе ми успее. Таман ќе си ги пуштам дотогаш. Спојлер Да се уозбилам, не ми личи на годините. На темава, не, не носам.
Ич не ми текнува каков веш сум носела изминатите години, ама лани сигурно не носев, добро памтам Би облекла само ако случајно дента се зажелам за црвено, а специјално дека е Нова година сигурно нема. Не знам дали некој навистина и верува во ова.
Јас пак прв пат слушав за вакво нешто... Црвен - не црвен, мене ми оди во љубовта. Не смеам да се пожалам.
Па не сум носела до сега, ама баш видов едни кјут комбинации во Њу Јоркер, who knows Kiddin'. Освен ако не бидам облечена во црвено (а нема да бидам), не би носела. А откако го прочитав прашањево неколку пати, сфатив дека е малце глупо, а за Денот на независноста црвено-жолти ли носите? Хахааа
имам слушнато и јас за тоа ) иако не ми текнува дали сум го испрактикувала ...однсоно сигурно некогаш да , ама дека сум осетила некоја промена сигурно не ке пробам оваа година
пф шта мора да је црвен. Можда немам црвен са треба ли да купим ? Си носам това што имам. Гаќи обични памучни и прслуче и шибај .... божем ќе се слечам јас на н.г таму да ме видит сите...
Годината која ја дочекав со црвен долен веш наместо посреќна , ми беше една од најлошите на љубовно поле... Така да, нема да носам, празно суеверие...
Во изминативе години за Нова Година, секогаш носев црвени гаки (и тоа со чипка и потесни) ништо од тоа.. Нит љубов нит бакрачи.. Имав дечко што ме изневери, може таа носела по-црвени гаќи од моите. Оваа година ќе си носам домаќински, памучни гаќи... Може ќе се одомаќинам со некое момче, па удобно да ми е.
Не носам, од три причини. Прва, немам црвен долен веш. Втора, не планирам да купувам специјално за Нова Година. Трета, не го сфаќам толку трагично значењето. И кога би го сфаќала би ги носела истите гаќи од прехлани, зошто од тогаш навака љубовта ми цвета. Само штета што не памтам кои гаќи тогаш ги носев, а и да се сетам гарант се веќе во Дризла. Затоа ќе си облечам некои омилени, и ич нема да ми чуе.