Њет. Ја знам, црвени се за страст, розеви за љубов, а сини за пари или така нешто беше. Oд толкава еуфорија за спремање, последна работа на памет ми е бојата на долната облека.
Хехе, не сум знаела за ова. Уште првата заедничка Нова Година со дечкоми, сега мм, од него за полкон добив црвен долен веш, некој ден претходно и ноќта го носев, и најинтересно што во таа НГси правевме романтичен интимен дочек само ние двајца, без претходен договор сме се облекле исто, црни пантолони и црвени џемпери Прекрасни спомени!!! А често за НГ миподарува црвен веш мм. А дека се носело со некој адет не сум знаела, ај за оваа ќе знам Минатите години или сум трудна или тазе породена доилка... ни дочек гледам а не пак какви гаќи имам хехе.
Haha, ne obrnuvam mnogu vnimanie na dolnata obleka koja ne se gleda. Jas iskreno kazano nemam crvena dolna obleka. Inaku I jas sum cula za ovo no ne sum a i ne bi go prektikuvala.
Ако ја поминувам во интимна атмосфера со мм, ќе облечам некој по секси долен веш, ама црвен дека ќе биде, не верувам. Не памтам дали сум носела црвен долен веш за Нова Година, толку припаѓање во несвест за една вечер...И така сум приметила дека колку поголеми очекување имам за вечерта, па неубав ми е дочекот.
За мене носење долен црвен веш на Нова Година дека ќе ти донесе среќа во љубовта е празно суеверие-проверено и докажано од мене. По некоја случајност оваа година бев во црвен фустан па поради тоа и носев црвен долен веш и нормално бев со дечко ми и почувствував потреба да бидам облечена празнично па на крај годинава излезе катастрофа во секој поглед од социјален живот и плус раскинав со дечко ми. Така да не верувам во тоа носење црвен веш ќе ти донесе среќа во љубовта ама верувам дека ако ти го соблече некој секси Дедо Мраз сигурно ќе ти донесе среќа а може и бебе.
Мене најсекси ми е црниот долен веш посебно чипканиот и 90% за излегвање таков носам,а јаки ми е и тие комплети со алимал принт што се долна облека секако,црвен не се сеќавам да сум носела на новата,ај оваја нова здравје и тој адет ќе го направам ама подобро ќе ми биди да сум во друштво со некој искрено...
Во средно, со другарките ритуално неколку дена пред нова година си купувавме црвени секси гакички. Не дека слепо верувавме во тоа, туку тоа ни беше дел од забавата
Не носам црвен долен веш,всушност омилена боја за секаков вид на облека ми е црната боја,така да класика