Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали за здрава исхрана се потребни финансиски средства?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mr. Right, 30 ноември 2016.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Дали здравата храна е скапа? Да, ама за оние луѓе кои преживуваат со минимална плата. Тие не гледаат здраво, приоритет им е да не останат гладни до наредната плата. Сосема е разбирливо зошто земаат бел леб, шпагети, паштета и слични производи. Тоа е храната што "најадува", поевтина е и потребни се помали количини. Кога правиме муабет за физички напорна работа од 6 па се до 3, тогаш си гладен, ама ти се јаде леб, цревата кркорат. Тука индиски ореви нема да завршат работа.

    Ама оние луѓе кои земаат просечна плата, и те како можат да се хранат здраво. Значи тука исклучиво е во прашање избор и немарност.
    Портокали во текот на зимата се 3 кг - 100 денари. Јаболка има во тек на цела година. Не мора патлиџан секогаш. цвекло, морков, зелка се совршена замена. Во тек на лето има речиси се, а 1кг краставици се 20-30 денари. Толку чини и едно мало шише од 0,33 кока кола. Така да, штом е повисок стандардот, немарност е во прашање.
    Иако е дискутабилно како тоа 1кг скуша може да чини 140 денари, 1 кг стек - 150 денари, секако е поздраво да направиш чорба со грашок и пилешко, отколку да купиш чоколада и смоки.
     
    Последна измена: 2 декември 2016
    На warrior, fallenangel, Ginger^ и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Thea96

    Thea96 Нов член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Не се потребни доколку знаеш како да ги организираш финансиите. Доволно е да си бидеш на некој режим, повеќе природни работи да внесуваш, овожја зеленчуци витамини и останато, да избегнуваш смоки чипсови чоколади и брза храна.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека ако си ги организираш парите и си имаш план како да се храниш и не е скапо. Бидејќи еден хамбургер во Скопјево е околу 100 денари па за тие пари дома и леќа ке си сварам и салата ке си направам. Месото исто така најпрепорачливо е да се јаде од 2-3 пати неделно и со него не треба да се претерува. Мислам дека парите за здрава исхрана не се толку проблем колку што е времето, повеќе време треба за да си подготвиш здрав оброк за на факултет или за на работа секако наместо да го купиш сендвичот кој е доста полесно пристапен. Ама како што кажав ако се си организираш и не излегува скапо.
    И најважно е да се има желба да се храниш здраво, и да е човек издржлив оти не секој може да издржи без многу леб и без брза храна. Јас од кога се хранам поздраво се чувствувам и доста подобро, сепак се работи и за нашето здравје.:)
     
    На Victorian, kjukli и Bridget им се допаѓа ова.
  4. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Онака што ми текна сега да додадам ..

    Не само за храната, ако сакате да бидете целосно поздрави ќе ви треба многу време а и ќе треба да се откажете од многу работи.

    П,С, Ако беше лесно сите ќе го правеа тоа :)
     
    На Ketchup, elimkd, Ginger^ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто скапа здравата храна, ова го тврдам затоа што се хранам така веќе повеќе од една година.

    Нашите пазари се секогаш преполни со сезонско овошје и зеленчук кои се многу поефтини од било која храна во продавница. Воопшто не е точно дека поскапите егзотични овошја се поздрави.
    За да направиш смути на пример, ти се потребни 3-4 плода и една чаша јогурт, а заситува и држи неколку часа.
    За ручек, комбинација од зеленчук и јајца, или месо. Телешкиот џигер на пример, чини 120 денари кило, а е пребогат со хранливи материи. Некаде толку е и кило риба или пилешко. Сепак месото секако не е препорачливо да се јаде секојдневно. Еднакво добар извор на протеини е и гравот и леќата.
    Секако кога се приготвува зеленчук, не е работата да се утепа со запршки. Подобро е да е само сварен.
    Наместо да се купува леб преполн со адитиви, може да се замеси дома леб, повкусен е а и стопати поефтин.
    Наместо грицки и благо, може да се грицка јаболко или семки. Домашните пуканки се многу поздрави од чипс и смоки, а со кесе пченка од 20 денари ќе правиш пуканки цела недела.
    Комплетно да се исфрли газирано и сокови. Најобичната вода е стопати поздрава.

    Уште една работа, инегралните тракатанци не се здрава храна. Вистински здрава храна е само тоа што го правиш сам дома, од основни состојки.
     
    На warrior, Ketchup, power11 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Зашто здравата храна ја врзувате исклучиво со мисиркино, авокадо, индиски ореви , цедени сокови ,благо, а нездравата со пилешко, бел леб, газиран сок и алкохол?

    Здрава прехрана е балансирана исхрана. Никој не умрел или се здебелил од шише сок или вино, ниту пак ако јадел пилешко и пржен компир еднаш во неделата.
    Факт е дека кај се нема пари, па и скапо е - особено овошјето и зеленчукот.

    За да појадува обични житарки со млеко и сушено овошје и семки, да руча супа, зеленчук и парче месо, со обилна салата и парче интегрален леб, а да вечера овошје, и цел ден да грицка мешунки и да пие цедени сокови, едно четричлено семејство треба да даде минимум 15,000 месечно.
    А просечна плата е 10,000 илјади.

    Кај нас се знае што јаде сиротињата - леб, грав, ориз, макарони, палента, паштета , салама, кечап, растителен кашкавал, кромид или зелка салата.
    И не може да си приушти газирани сокови и јадење по сендвичари, како што си замислувате вие.
    Јаде да се најаде, оти треба да работи 8 саати минимум за тие мочани 10,000, и да нарани цела фамилија со 5,000 што ќе останат од кога ќе се платат сметките.

    И на тема кампањиве за здрава храна, ги проколнав еднаш во СДК нашиве политичари, и се уште им го посакувам истото.
    Без трошка жал - исто како што ни тие не не жалат нас...
     
    На macka91, Ketchup, LivingGlam и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Порано немаше здрава-нездрава храна, односно не ја делевме така, туку храна за богати и сиромашни. За сиромашни беше -грав, леќа, ориз, компир, грашок, боранија, јајца, тестенини, зелка и слично, а за богати -кока кола, пици, месишта, салами, чоколади, торти и колачи, хамбургери...што ти душа сака. Која е поздрава и полесна храна се знае, ама изгледа луѓето комплекси уште си влечат од тогаш па кога се има прилика се полни фрижидерот со секакви глупости оти тоа значи на некој начин дека ете се има, се може. Не велам дека не требаат пари, ама пак и малку повеќе пазење и читање кои хранливи состојки во кои производи ги има кои ни се достапни за џеб, плус начин на приготвување на храна, може да помогне.
     
    На fallenangel, Ginger^, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    За ова ештен шретера ни сок ко демек нешто вао си потрошил за еден сок
     
  9. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Ова што го болдирав претпоставувам е "Ептен претера". Не знам што ти претерав, извини ми за тоа.
    Не давам 120 и сега ? ;)
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па на нешто парите мора да се трошат :^) Мене не ми е скапо. Попрво би штедела на леб, отколку на здрава храна. Зеленчук и овошје мора да имам дома во секое време, тоа е правило. Ако во зима не консумирам во големи количини, ќе се разболам. Сончогледово масло нема шанси во живот да купам.
     
    На Ginger^ и joy1 им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Интересни сте ми луѓе :)

    Се расфелате со поими како авокадо, јаткасти овошја, не знам што, па се фалите како се евтини краставиците, доматите, како е скапо мисиркиното, а нездраво пилешкото, свинското..и што уште не...
    А реално врска си немате.
    Кој работел во увоз и извоз, знае колку дена стојат тие увезени продукти пред вие во маркет да ги купите, а не па да ги конзумирате.
    И нека не се увезени, доволно се од Прилепско или Струмичко да се набрани и сервирани на трпеза. Знаете колку се нездрави?
    Знаете дека доматите за 20тина саати стануваат црвени, црвените пиперки стануваат поцрвени..
    Знаете како јагодите стојат толку време здрави во маркет?

    Знаете пилешкото, мисиркиното, зајачкото месо па и сите останати колку се здрави?

    Знаете дека кај пилешкото се почнува со изведување на бројлерите во инкубатор, па тие таканаречени пилиња за товење секојдневно ги клукаат со концентрат, плус екстра "зачини" за да пораснат побрзо него во нивниот предвиден 40 дневен рок, за колење? Мисирката е иста, само подолго време и треба..
    Знаете зајачкото месо како е добиено? Од оние 42-44 дена бременост на зајакот, до трпеза? Се котат 3-4 пати годишно, плус може да се пари додека е бремена.. И затоа знаете колку мажјаците се барани за приплод? А причина знаете? (Месо од машки зајак најпаметно ви е да не го ставите на трпеза:mm:)Јас знам, уште пред години кога ретко кој се занимаваше со тоа, имавме фарма со огромен број на кокошки и пласман низ Скопје.. јас јајцата ги одјадов..

    Знаете како издржуваат свежи толку недели портокалите од дрво до трпеза? Знаете дека брокулата и проќељот иако се многу здрави за јадење, во бавча не се имуни на штетници? Ептен лесно можеш да завршиш само со стебленцето во раце..
    Јас во викендичката ќе ги испрскам со "тајното средство" ама производителите на големо нема да собираат коприви и ќе ги испрскаат со прашкаста материја..

    Знаете праските и јаболката што ги комзумирате колку се здрави?
    Ќе ви го викнам чичко ми, тој има 20 хектари.. ќе ви каже дека 10 до 12 пати ги прска годишно, ако е многу дождлива годината и повеќе..



    И покрај сето ова, вие мислите дека се храните здраво само затоа што од прекупците купувате домати, краставици и по некоја пиперка?
    Повелете со мене во 4:30 наутро на кванташки, да видете од каде "домашните производители" ја набавуваат робата. Пазарски кажано меѓу нас - од големата бавча.

    А вие пак јадете авокадо, папаја, кивано и што ти не..

    Јас во бавча имам лешници, ореви, грозје, јаболка (упс, штета алергична сум), јапонски јаболка, праски, кајсии, сливи, јагоди и еден куп зеленчук..
    Непрскан..(fingers)
    Веќе немам коковчиња и зајци ама тоа ти е животот..


    Здрава храна?
    Да..
    Ама ја барате на погрешно место :)
     
    На Ketchup, Aleksandar1212, elimkd и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки

    Од утре не јадам ништо. Помислив да почнам соларна јога да гледам во сонце, ама од магла и тоа немам. Така да, одбројани ми се деновите. Позз :(
     
    На Oxymoron, joy1, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски

    Далеку од тоа дека ти се одбројани деновите.

    Сите ние на овој или оној начин се храниме нездраво.. без оглед на тоа колку мислиме дека истото е здраво за нас.
    Ние гледаме овошка - супер, овошјето е здраво.
    Гледаме пиперка - супер, пиперките се здрави..
    А не гледаме како истите се добиени :)
     
    На Aleksandar1212, Ginger^, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ти па @Dust, да не мислиш тоа во двор што го садиш, ич не е подложно на загадување.
    Во Европа, здравата храна е уште понездрава од кај нас, и пак се повитални, помалку болни, и векот им е подолг.
     
    На Ginger^, Annath, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки

    За сето тоа што го кажа сум свесен. Јасно ми е. Али на крајот од денот подобро ќе јадам прскано, ГМО овошје и зеленчук отколку ГМО чипс и газиран сок :lol:
     
    На Oxymoron, joy1 и sjdgo им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Па со оглед на тоа што дворот ми е во Марков Манастир, мислам дека е далеку поздраво отколку гмо доматите и јагодите со рок на траење 2 месеци после собирање :)
    Не е идеално, само подобро.
    Подобро и од овошките одгледани сред Скопје

    @Читател подобро е.. до некаде.
    Само немој мн скржав да бидеш, нарачај барем флаширана вода во кафич.. ;)
    Срамота е чешмовача да си извадиш...дури и флаширана.
    Кафичите за тој профит работат
     
    Последна измена: 3 декември 2016
    На galapce, Annath, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nina+O

    Nina+O Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Во Битола се плаќа:)
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како те пушта обезбедувањето со шише вода.
    Да си женско па да ти стои во чанта ама вака под сако ли ја криеш :wasntme:
    Ептен штедлив и водата од трафика или маркет :worried: штом ја купуваш.
    Ваков маж не би сакала да имам :D
    @Dust Како може робата како домат пиперка и било што при извоз да созрее и да добие боја ко што викаш
    кога шлеперите со кои се превезува си имаат хладначи :wasntme:
    Тако ја товарат така ја истоварат :D
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Sozreva..ama so prasok.
    A hladnjacite pomagaat da ne skape, ne da ne sozree do tolku
     
    На Aleksandar1212, Viktorijaaa5, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Mislam deka se potrebni pari za zdravo hranenje i toa kako.Ne e se vo luk,kromid i piperki.
    Jas eve imam dete 7+ i sega namesto adaptirano mleko za koe nemam pari ke dadam kravjo oti e 40den kilo.
    Sok nema da kupam 100%tuku od 30-40den poln sekeri.Ke recu nekoj zemi iscedi ama za toa treba sokovnik od kaj da najdam da kupam koga najevtiniot e 3-4000.
    Ova seto go nabrojav kako primer eden.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.