Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали за здрава исхрана се потребни финансиски средства?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mr. Right, 30 ноември 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.844
    Луцерка, ја знаеш онаа сиромавиот два пати плаќа? Ама има начини да се снајдеш. Не го бутај детето шекери. После ке даваш лекови и ете ги парите.

    СОК НА БЕБЕ НЕ. Ке даваш сок од вареното јаболко, варената слива, варената крушка.
    За варење ти треба 5 минути на рингла. На една рингла и палента ќе вариш и сокче ке вариш.
    Јас кога давав АД беше 200 денари кутија. Не верувам дека е многу поскапо од кравјото. Најевтино е мајчино, ама можеби си имаш причини оти не доиш.
    Ако мораш да даваш течност има чај за бебе од 20 денари за 20 чаја.
    Бебињата јадат јаболка, круши, сливи, моркови, кајсии, праски... Се тоа е евтино. Леќа, кромид, ориз, палента... Па пола кило ориз е 30 денари, а бебе еден месец го јаде. Палентата е исто, па за цел месец имаш. Едино скапо е месото. Факт. Ама кило е 800 денари за цел месец, па скуси од некаде. Јас цело лето си замрзнував храна за да има за бебе кога ќе јаде. Скапо е 120 денари сега крушата, ама у сезона 20 денари беше.

    Извини вака, може само пример ти беше тоа, а не правиш реално така, ама бебе јаде по 100 грама кашичка, 200 до 300 вкупно на ден. Не можеш да кажеш дека е скапо пола јаболко, 2 лажици палента, една лажица ориз и кромид и морков , и 2 лажици кисело млеко и палента уште 2 лажици. Ова ти е за цел ден 3 кашички. Не кошта ни 50 денари.

    Е сеа, чоколино, фрутолино, медолино, цедени сокови у соковници, купечки кашички и купечки сокчиња, коштаат. Ако купиш 3 кашички се 150 денари. Го буташ детето конзерванси, и ти правиш трошок.
     
    На warrior, Ketchup, crimson и 15 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.757
    Пол:
    Женски
    Јас да сум нема 2000 да давам месечно за интернет и мобилен ама ке купам соковник или ад млеко или зеленчук.

    Со тоа што сега даваш кравјо и сокови со шекер во иднина ке претплатиш тродупло кога ке го носиш на забар поради расипани заби или кога ке се појават други штети од прерано воведеното кравјо

    Паралела правам и приоритети
     
    На warrior, Cinderfakinrella, Ketchup и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не напротив, не се потребни пари, посебно за тие што живеат надвор од градот како мене. Одвојте малку време за бавча и тоа е тоа. ;) А и здравата исхрана е далеку е поевтина, наместо хамбургери, пица, сувомеснати производи зеленчукот и овошјето се далеку поевтини.. Исто така и месото е здраво но може да си набавите од некој што произведува домашно наместо од маркет или месата... Секоја храна кој не е ГМО храна е здрава храна во умерени количини, но на народот му е мака да земе да го прочита составот на производот.. Мака му е да оди до најблиското село и да си набави здраво млекце или здрав зеленчук... :)
     
    На meckicka, мкд98, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Cekajte...Stop...Dadov samo primer rekov....Jas go dojam maloto i ne davam sokovi...Samo dadov primer.Ama tuka na Femina posho site ame bogati i se si znaeme ima nadvor i luge koi nemaat dovolno.Jas mislam generalno deka za zdravo da se hranis trebaat sredstva.A i ako ne stavam internet kako ke sum vo tek :) :) :)
     
    На kjukli, elimkd, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Од друга страна, животот не е само вечно јадење марула и патлиџан. Мора да има од се умерено. И месо, и млеко, и јајца, и чоколада, и овошје и зеленчук :D Па здравјето е и здравиот разум :D
    :d::drunk:
     
    На warrior, Ketchup, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Многу ми се смешно затоа што сите на тоа се фативте како риба на мамец. Ама најбитно е што ви ја допушта слободата за имагинација, предвидување и констатација :)
    А и јас не сакам да имам жена која донесува заклучок со нецелосна опсервација на суштината, односно половично. ;)
     
    На kjukli, elimkd, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам освен со делот за џигерот не.
    Не само џигерот,внатрешните органи не спаѓаат во здрава храна.

    Ете уште една паралела.
    Обично кравјо млеко е околу 50 тина денари а бадемовото околу 250,или ако го направиш во домашни услови 100 тина.
    Дури и млекото не спаѓа во здрава храна веќе.
     
    На Ketchup, Mr. Right, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Веќе и здравото не е тоа тоа веќе(tumbleweed)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    54.988
    Пол:
    Женски
    Супер постче :D И знаеш што би додала само? Еден апел до веганите и вегетаријанците,доста живеете во заблуда т.е во тренд де,демек се хранам здраво бе,ми се може,не јадам месо,штетно е :D
    Не пијам млеко од коза и крава,поубаво ми е ова другото да го конзумирам како веган,ова де кокосово,соино ..и не дека ми беше морално да ги исхејтам луѓево де,ама морав..ми се смачи од тоа акцентирање и нагласување нивно што се,и реално и по социјалните мрежи :D
    Знам дека е здраво кокосовото,ама на пример има многу варијанти на здрава храна што се опфатени во вашето фалење читај тупење на здрав начин на исхрана,а вистината е поинаква.
    Друго се погоре ви кажа @Summerlover.
    Фала ,чао :D
     
    На Kitten, Mr. Right, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Што е битно дали некој на утро мачка путер од кикиритки или маргарин кога на крај сите ќе умреме, као демек тие што се хранат "здраво" го пронајдоа еликсирот за безсмртност|(
     
    На black-angel, stilas7, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Rama иако е офф топик, да прокоментирам за веганите и вегетаријанците. Генерално луѓето кои се прогласуваат себе за такви, го прават тоа ради емпатија кон животни. Значи веганите одбегнуваат било какво насилство врз животни или користење на нивни производи, додека вегетаријанците единствено не јадат месо. Најпрост пример е дека вегетаријанци јадат јајца и мед, додека вегани исклучиво само растенија.
    Тие всушност објаснуваат дека можеш да имаш добра крвна слика, без конзумирање на месо.

    Млекото од тетрапак никогаш и не било здрава храна. За жал многу луѓе никогаш и немаат пробано тазе измолзено млеко од крава или коза.
     
    На kjukli, crimson, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Da se hranish zdravo znachi da se hranish kvalitetno a kvalitetot koshta. ( pari nema )
    Sekako deka przheni piperki so jajca i kobasici se poeftini od biftek i nekoj opasen garnir!
    Vaka kako kral na svojot mental bi izbral bifteche nekoe pogolemko i nekoi xclusivni mix salatichki shto kje mi dadat extra vitaminchinja i kje se soedinat prekrasno so proteinite... ( preku kur od kbasi. ) ;)
    Iako ne znachi deka so malku pari ne mozhesh da se hranish zdravo.
    Shtosot e vo razbiranjeto na rabotite...
     
    На Dust и Vespa им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.757
    Пол:
    Женски
    Има разлика во тоа да умреш од старост и природна смрт и да умреш од канцер (на пример)
     
    На Rebecca_R и LollySky им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Дедо ми лани почина на возраст од 100 години од природна смрт, нити селанец нити земјоделец, живееше во град и мислиш дека со пензија од 8-9000 денари можеше да си дозволи да се храни со авокадо, леб од 60 денари... зад таа "здрава храна" што ја промовираат некој дебело профитира оти нели не можеш да се храниш само со овошје и зеленчук значи тука спаѓа и кафеав шеќер, храна без глутен, житарици ....
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Немојте да споредувате Некогаш и Сега.
    Односно,дедото и бебето.
    Има ли потреба да образложуваме зошто?
    Иначе јас не се хранам здраво но за малото се трудам колку можам.

    @Cka кое е тоа АД млеко од 200 ден?
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    21.313
    Здрава храна признавам само кога знаеш од која бавча ти е овошјето и зеленчукот,и да се растени за домашна употреба.
    Здрави патлиџани, пиперки , краставици во овој период ? Може да бидат се,само не здрави.

    Инаку не мислам дека треба многу пари за да се храниш здраво.Ако на дете му купиш чоколадо и смоки за 30 ден. со тие пари може и банани да му купиш.
    Многу пати кога на внуците им купувам чоколади еурокрем и др. од маркет знам да си кажам зошто ги купувам овие кога може многу овошје за тие пари да им земам. А реално, ако овошјето им го излупиш и сервираш на маса го јадат и те како.
    Или компир,грав,леќа не е скапо, а манџите се здрави , на пример во споредба со сендвичи , помфрит или купени пирошки.
    Единствено скапо е месото и јаткастите плодови,тоа да.
     
    На warrior, kjukli, Summerlover и 5 други им се допаѓа ова.
  17. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Nema zdravo nisto veke se e prskano so pesticidi zdravo e samo toa doma sto ke si go posademe vo bavcata drugo nema nisto zdravo
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.844
    Бебимилот е 209 денари, а јас купував на почеток Хумана, 230 денари. Се спремаш за второ? Хуманата е најблиска до мајчино, и по некоја германска табела меѓу поквалитетните.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ваљда грамажата не е 800 гр.
    Јас пак читав дека аптамилот е најприближен до мајчиното. И ме зачуди цената пошто аптамилот е скоро 900 денари.
    Нема приближно на макчиното,ич да не се лажеме ама понекогаш немаме избор.
     
    На LUCERKA и Cka им се допаѓа ова.
  20. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Сметам дека не се потребни повеќе средства. Од мое искуство. Пред 18 месеци почнав со теретана и го променив скроз начинот на исхрана. Не почувствував дека трошам повеќе, туку напротив трошам дури и помалку. Наместо газирани пијалоци кои ги имаш од 50 ден па нагоре кои ги конзумирав секојдневно се префрлив на свежо цедени сокови и шејкови кои сам ги правам, а килограм свежо овошје го имаш за слична цена. Брзата храна ја исфрлив и се сконцентрирав само на соја, риба и пилешко месо секако домашно приготвена храна. Наутро место да трчате по бурекџилници можете да конзумирате овесни снегулки со јогурт или млеко кои можете да ги најдете и за 70 ден и имате здрав доручек за цела една недела. Конзумирајте повеќе ориз, компир, зеленчук.. сето тоа е поздраво и поевтино од месото по сендвичарите. Не се потребни пари. Потребна е дисциплина, време и желба. Секој треба барем малку време да си посвети на себе и здравјето.
     
    На Mr. Right, LollySky, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.