Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали за здрава исхрана се потребни финансиски средства?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Mr. Right, 30 ноември 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.844
    Факт е дека нема како мајчиното, ама ете има мајки кои од различни причини не дојат. Има деца кои не знаат да цицаат, премали се и немаат сила да влечат. Јас имав среќа што моето по 6 саати од пораѓај цицаше и имаше веќе млеко доволно, само што доби жолтица и почна повеќе да спие, па првата недела изгуби 100 грама и одма ми рекоа, мајка немаш млеко, давај ад. Ама среќа се едуцирав ептен и пред пораѓај и после за доењето и сфатив дека имам млеко, само треба да направам повеќе. Со јадење и одмолзување дополнително за еден месец бебето качи 1300 од мајчино, без ништо друго. И ете без пари јадење и квалитетно.
    Имало кризи кога сум немала млеко доволно ден или два ама не сум посегнувала по АД туку пиев многу течности и стимулирав екстра. Муабетот ми е дека не само за млеко туку и за се друго има начин да се најде здраво и евтино.

    На пример, место у недела по кафичи, може до некое село да се отиде и да се купи храна. Јас така си најдов јајца и пилешко од една бабичка која ми рече дека чим е за бебе не сака пари никакви. Од следна недела почнувам со жолчки.

    Пред да имам бебе имав многу слободно време у животот и можев да месам леб, да печам месо, да готвам и имав премали трошоци. А сега кога нема време и готвам само за неа купувам храна готова и трошиме страшно многу.
     
    На warrior, Lolipop23, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Samomarija.056

    Samomarija.056 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е . Што демек ќе потрошите поише пари ако се храните здраво ?
    - Грешка сте .
    Јас можда не се хранам баш и најздраво али колку толку сепак не трошам повеќе пари ако купувам и се хранам здраво .
    како ќе ти засфири џепот така а нестојам и за тоа и дека здравата исхрана е баш ефтина но ако споредиме некоја друга храна со здравата вреди да се купува и да се храниме здраво
    Иако јас не практикувам :D:D
     
  3. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Да додадам уште нешто. Никој не вели вие да купувате путер од кикирики, маслиново масло, сурутка, лосос или мисиркино месо.. Можете само за нијанса да ја смените исхраната. Ќе тргнам од себе. Еден мој обичен работен ден ми се состоеше од големи количини нездрава храна која во секој случај ја заменив за нешто поздрава.
    1. За доручек најчесто конзумирав бурек, пирошки, панцероти со јогурт или крофни пржени во којзнае какви и колку стари зејтини. Место наутро да трчам по бурекџилници и пекари почнав да приготвувам овесни снегулки со јогурт или млеко и плус можете да додате и некое овошје, банана на пример. Ако порано трошев по 60 - 70 ден за доручек сега трошам по некои околу 100ден на неделно ниво. Имате овесни снегулки за 70 ден што ќе ве држат 5 дена
    2. Јадењето на работното место ми беше обично брза храна хамбургери, француски, гиро, пица или нарачана скара за која трошев 100- 120 ден. Место тоа земав домашно приготвена храна обично парче стек со варен ориз, туна во саламура, сојини шницли и сл. Ако можеме да киснеме до доцна во ноќта на мобилен на интернет можеме да си одвоиме време и да приготвиме нешто за половина час одвечер
    3. Во текот на денот практикував газирани пијалоци по скоро два литра или негазирани полни со шеќери или леден чај. Трошиме тука 50 до 100 ден на ден. Место тоа се префрлив на флаширана вода (20 ден) или пак шејкови или цедено овошје, домашна лимунада без шеќер и зелен чај.
    Значи не е се до парите. Хранетесе поздраво од сега во рамките на вашиот буџет. И тоа е возможно само ако внимавате имате дисциплина и желба.
    И еве за 18 месеци откако го практикувам ова се чувствувам поздраво, посреќно, полн со енергија.
    Имам подобра крвна слика и подобар имунитет. Не велам дека се хранам којзнае колку здраво но барем газираното го заменив со вода, прженото со варено, конзервираното со свежо, чипсот и чоколадите со овошје, кафето со чај, обичниот со кафеав шеќер. Се чувствувам поздраво, а финансиски неоптеретен.
     
    На warrior, dunika, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @power11 гледам два пати ги спомнуваш овесните снегулки за 70ден, а знаеш ли дека во Кам имаш овесни за 30ден? 500г, германско производство.

    Инаку баш коментираме со маж ми дека кога ќе испазариме се' што ни треба од овошје и зеленчук трошиме 120-150ден, а се враќаме дома со неколку кеси, но кога купуваме г'зарлаци од типот чипс, чоколадни колачи, кока-кола, не поминуваме без 250-300ден.

    Точно дека здравата исхрана не подразбира само увозно тропско овошје, тренди храна и семиња со цени плафон. Здрави артикли имаме и од наше поднебје со евтини цени.
     
    На mode-kristina, Dust, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  5. power11

    power11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Да знам и за нив, сум ги пробал.
     
  6. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Не дека здравата храна го продолжува животот , ама секако го разубавува. :nod: Многу подобро се чувствувам доста по свежо , расположено отколу кога јадев секаква брза и мрсна храна претходно. Јас под здраво подразбирам месо,овошје,зеленчук,млечните производи и шпагетите/макароните/лазањите кога се добро подготвени и во умереност, точно е дека кај нас скоро се е извештачено ама подобро е тоа отколку чипсови,хамбургери и постојано мрсно и слично. :^)
    Дури откако престанав да јадам чипс , кога помислувам на него ми се гади :doh: И некој ќе рече еднаш се живее се треба да пробаш , ама рецептите за healthy meal повеќе ме привлекуваат.
    Кога ќе видам нешто вакво скоцкано , каква пица,каков чипс.:mm:
    [​IMG]
     
    На Вереничка, joy1, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кај мене дома се јадат јагоди само тогаш кога им е сезона (во Јуни), купени преку ден, ако не се изедат до вечер, почнуваат да скапуваат. Било кое овошје (цреша, мандарина, праска, банана...), ако го заборавиш неколку дена, го наоѓаш скапано.
    И доматите исто.
    Не дека не се познати сите тие работи што ги наведе во постот, ама преувеличувате со такви ставови. Како што напишав, на Запад веќе со децении ништо не е 100% природно, па ниту се разболеа, ниту изумреа.
     
    Последна измена: 5 декември 2016
    На allaround и crimson им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Јагодите не се мијат се додека не се стават во чинија за јадење. Веројатно затоа и ти скапуваат.
    И тоа се најчесто оние поприродните, купени од пазар со нормална величина и убав вкус..
    Ама голем процент од луѓето ги купуваат тие во канче, големи лични..Вонсезона. и ги сметаат за здрави бидејќи нели - овошје е. Исто е и со голем дек од увезените тропски производи. Здрави се, ама не се без никаква хемикалија
    Пред 2-3 години кај мене во фрижидер преживеаа цела недела јагодите од кутија.. ги купив бидејќи ми требаа 3-4 за декорација и останаа..


    Јас кажав некаде дека не се хранам здраво, туку јадам она што ми се јаде..
    Ама тоа не значи дека ќе го сменам мислењето за тоа што е здраво а што не..
    Никој нема да умре 10год порано поради прскани домати..аман нема да умре ниту поради чипс, чаша кока кола, малку смоки, парче бел леб на ден и сл(во мали количини)


    Патем, ние не збориме за на запад, збориме за МК..
    На запад постои органско производство..а кај нас не постои ни органско од увоз
    Колку за споредба со јагодиве, кутивче обични јагоди ги купив $4 кога видов колку не чинат, купив органски за $7.. малку подобар вкус имаа.
    И за се останато е така.
    Во МК органско производство скоро и да нема
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Бацки тролу, почекај ја реин ќе дојде за кратко
    Меѓувремено оди кај што ти е место во другата тема, да не почнам да те бркам:devil:
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Да си преовиличуваат со тоа , и мене секое овошје или зеленчук што нема да го изедам во рок од неколку дена ми скапува , дали јас имам толку среќа па најприродното го одбирам хаххаха.:devil:

    Нема никој да умре од малку чипс или паштета или кока кола да точно е. И ако ги конзумираш ептен малце МЕСЕЧНО е супер, ама има многу луѓе што по секој ден тоа го јадат е тука е проблемот , а пробај исфрли ги од јадењето и некогаш само кога си нагости да не одбиеш тогаш пиј само кока кола или незнам апни малце чипс,види колку подобро ќе се чувствуваш. Без тие чипсови , мајонези , кока коли и лицето ми се светна , а и во расположението многу влијае, никој не рекол дека од здрава храна повеќе се живее ама па затоа поубаво се живее.8) Не ти се противам немој така да си сфаниш, ова е само совет од лично искуство.:D
     
    Последна измена: 5 декември 2016
    На sjdgo, LollySky и Dust им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Е знам де.. поубаво се живее
    И јас гледам да одберам убави продукти во исхраната, ама дека 100% сум отфрлила чипсови и сл - не сум.
    Се додека не чувствувам дека ми штети одредена храна, немам намера да ја отфрлам..
    (ова во стилот - мисиркиното е здраво, свинското не е..а не станува збор за чипсови и кока коли, штетно е тоа без оправдување)

    Мислам се разбираме :)
     
  12. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Да да се согласувам и со тебе , според мене секое месо е здраво во умерени количини.:nod:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не е затоа. Знам јас кога се мие овошје и како се чува.

    Едно е да посочиш дека треба да се избира повнимателно, друго е да алудираш дека се што се наоѓа на пазари е штетно. Да се сомневаш во месото, ајде ок. Да не купуваш мед од маркет, е сосема во ред, бидејќи тоа не е мед. Ова со зеленчук/овошје е претеризам, безвезе параноја.

    Јас не сум под режим на здраво хранење, исхраната ми е разновидна, не пазам што во колку часот ќе каснам, не внимавам со каков оброк ќе го започнам или завршам денот, туку само глеам денот никогаш да не ми помине без нешто кое важи за здраво. Така од мала ме научија и до денес го практикувам. Последен пат кога го разболев грлото беше затоа што изедов сладолед и испив БАШ кока-кола едно по друго, на дождливо време. А кој мисли дека малку чипс и домати е исто, оти овие прскани, скроз нека ги замени доматите со чипс и смоки, па нека си носи целулит после. Што да кажам...
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.482
    Пол:
    Женски
    За мене здрава храна е умерена храна. Далеку од тоа дека јадам само здраво но тоа е најмногу така зошто сакам понекогаш и да си допуштам некои задоволства кои нели не се толку добри и здрави. Но пак ке кажам ако јадам чоколадо еднаш во неделата или во две недели или еден чипс еднаш во месецот не верувам дека многу ке влијае тоа на моето здравје. Барем до сега не влијаело а и никогаш не сум имала прекумерна тежина. Од друга страна не сметам дека требаат многу пари за да јадеш овошје или зеленчук. Фала богу живееме на такво поднебје каде изобилуваме со секаков вид на овошје и зеленчук па не морам да трпам за еден портокал или јаболко. Во животот не ми дојдено до толку да морам да јадам авокадо или ананас и остали скапи овошја кои ги нема кај нас, иако и за тоа попрво би одвоила пари еднаш неделно отколку и петок и сабота за пијачка во град или за цигари. Се е начин на живот дали повеке претпочиташ пржено или варено , дома готвено или од кафана. Месо се јаде дома секој ден, претпочитам свинско евентуално и пилешко пошто другите не ми се вкусни. Газирани сокови ни на сон, цедам портокали,мандарини и лимуни на рака а не во скап соковник. На крајот на краиштата дома живееме под мотото -Једи мало, једи добро, никад не сме имале навика да мачкаме паштети, мајонез , да јадеме виршли и сл тако звани нездрави работи. Често ми се случувало во Веро да сакам да купам чипс ама со тие пари за чипс што сакам да ги дадам да си купам индиски ореви, е сеа нема да зобам цела вечер пред тв ама се е состојба на умот. Не јадам бадеми и лешници ама мајка ми на кило за 900 ден плус минус купува ореви па во секое време имам ореви за грицкање дома. Млеко пијам и соино и обично како и јогурт. Во продавница не купуваме најскапи продукти па ете не сите живи и здрави. Риба се јаде најмаце еднаш неделно иако и тоа не ми е омилено ама морам силом прилике дома, овошје и зеленчук секој ден. На крајот од денот се ти е џабе ако имаш дупка у стомак и јадеш без усул, па макар и јадел кавијар секој ден.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не. Со правилен режим на исхрана, без шеќери и конзерванси немаш потреба од чија семиња, гоџи бобинки и што ли уште не. Зеленчукот е евтин, а и овошјето исто така. 100 грама бадеми се колку една кутија цигари, што значи со рационално штедење се доаѓа и до здрав начин на живеење. :)
     
  16. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Зависи за каква здрава храна зборуваме.
    Ако навлегуваме во макробиотика или Био производи,едно ќесе тестенини е 400 денари во Биокулт па оди купи ги.

    А здраво може без тој луксуз секој да се храни.Свежо овошје и зеленчук не кошта многу.Интегрално брашно не кошта многу.Пилешко месо и риба може секој втор да си ги дозволи верувам.
    Се тоа наместо грицки,сол,газирани сокови,шеќери,сувомесно,мрсно секој може да го замени и дури мислам ќе заштеди.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ааа баш е свежо и здраво овошјето и зеленчукот од пазар посебно од маркетите, за пилешкото па да не зборуваме, ГМО-баш најнездравата храна.
    Јас пак мислам тие што живеат во куќи наместо тревници цел двор може 10 квадрати да се одвојат за здрав зеленчук и наместо зимзелени дрва некоја овошка да се насади, така мислам најевтино и најздраво ќе поминеме нели. :)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Е ако гледаме сеа и на тоа ништо не е здраво,и почвата е загадена секаде.А и куќи немаат сите,не пак големи дворови.
    Ама поарно пилешко и зеленчук отколку тесто во зејтин.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    100 денари за кутија цигари биле потреба, а 100 денари за бадеми луксуз :^)
     
    На warrior, Dadusicka, Vitaly и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Веројатно секој од своето искуство има различна перспектива што е скапо. На човек како мене кој ретко јаде надвор (што од неинтерес, што од финансиски причини) и ретко купува производи како чипс и чоколади, скапо му е здравата исхрана.
    Е сега, што е здрава исхрана? За мене тоа подразбира секојдневно конзумирање на некаков вид зеленчук и овошје во текот на целата година. Подразбира и мала количина на редовно конзумирање месо, односно 3 до 4 пати неделно. Значи: 1. зеленчук, 2. овошје, 3. месо. За мене главни компоненти. На ова додавам работи како овес, чиа, корнфелс, пченица, булгур и сл. Додавам туна. Додавам јајца. Додавам урда, кефир и активиа. Горе-доле тоа.

    Во моментов, океј ми се цените на овошјето и зеленчукот, летниов период барем може да се искористи за поефтина храна со повеќе избор. Но, во мај месец годинава на пример, јаболката беа 70 кило, краставицата беше 70-80, доматот беше 100+, дури и морковот достигна цена од 60 ден. За мене, тоа е скапо. Среќа, се налетува на акции тук-таму, па (ете, за луѓе како мене) можеш да си дозволиш. Не барам лосос и бадемово "млеко", се' што сакам е барем зеленчукот и овошјето да е со нормална цена, односно да не биде со европска цена на овој македонски стандард.

    Лично, летото ми е најтоп, зошто најефтини се цените и најмногу избор има. Никогаш не сум сакала паштети, виршли, салама и слични работи (а реално, тоа е најефтино); никогаш не сум јадела многу леб и пекарски работи (екстремно ретко); исто никогаш не сум била љубител на сирења и кашкавали (освен за во паста) или сувомеснати работи; се' на се', во принцип тоа што најмногу го сакам и не е толку скапо, но сакам да е постојано со понормална цена. Сакам да можам во секоја сезона да купувам секаков вид на овошје и зеленчук (иако е дискутабилно, со оглед на тоа дека поголемиот број на видови овошје и зеленчук растат сезонски). Единствена предност е што релативно количински не јадам претерано многу и често можам да се воздржам и да си го испланирам купеното (пример, еве периодов има капини, купувам канче од 65 ден [што и не е така ефтино] и јадам под 15-ина капини на ден и со тоа си пружам здраво задоволство неколку дена по ред од само едно канче).
    Си го спасувам и буџетот купувајќи во Кам (и Стокомак). Пример, во Кам најефтин ми е овесот и чиата. Исто така, туната (таа жолтата, Камко) е вкусна, а ефтина. Од Кам го купувам и црвениот грав во конзерва, замрзнатите брокула и пченка, а често и замрзнатите аронија/вишна/јагода за подготовка на смути. Месо јадам 1 до 2 пати неделно, ретко повеќе и тоа пилешко (пред се зошто е поефтино); свинско јадам 2-3 пати годишно. Во принцип, освен свеж зеленчук и овошје, јадам зеленчук како варена брокула/пченка/грашок/боранија/леќа и слично; често ориз; компир (едно време во Кам беше поефтин и слаткиот компир, сега го нема); шпагети,и сл.

    Што знам, кога ќе влезам во маркет некаде на друго место во Европа, ми делува многу ефтини, дури и често изедначени цени со нашите, а сепак која е разликата во платите. Колку сакаш негирај дека не е скапа здравата исхрана, сепак скапа е во однос на платите, не реални се малку цените.

    Единствена разлика што стварно можеш да ја направиш е наместо да купуваш бурек и други пекарски работи наутро на работа, или да купуваш приготвена салата или бургер и слично за ручек, да си понесеш храна приготвена од дома. Ем поздрава, ем поефтина.
     
    На warrior, annii, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.