Здраво,ова е мојата приказна.На факултет ми се пушташе еден колега кој е во врска 2 години веќе,незнаев што да правам па и не размислив многу и отидов на кафе,многу се сложувавме,многу ми беше интересен после тоа излеговме уште неколку пати и последниот пат се видовме дома му,и сакаше да имаме секс,јас бидејќи бев невина размислував што да направам ама многу ми се допаѓаше и решив да му дадам.После тоа 3-4 дена нонстоп ми пишуваше ме бараше се беше океј,но после го снема 1 недела,па му напишав дали има некој проблем,и ми кажа дека имал обврски а и чекал јас да му пишам,па после тоа кога и да се договоревме да се видиме нешто ќе му излезеше во последен момент,а некогаш и јас така му правев.Значи само еднаш тоа се случи...Сега што да правам?Да се повлечам и да остане на еднаш и да памтам цел живот дека првиот сакал само да ме скине или да најдеме со него некое решение,иначе ко ќе излегував со другарки или некои други или ко ќе зборував на факултет со други тој љубомореше,еднаш ме прашуваше дали излегувам со некој друг освен него и ми рече да не барам други дури со него сум..незнам што да мислам и како да постапам.. П.С не го направив тоа со намера дека ако му дадам ќе ја остави девојка му,бидејќи не се гледам во врска со него бидејќи како што и прави нејзе ќе ми прави и мене
Многу просто и едноставно е сакал само секс со тебе. Ако не сакаш врска тогаш нема што да се прашуваш што да правиш, eдноставно продолжи напред.
Тој е во врска, а тебе ти наредувал да не се гледаш со никој друг дур си со него Реалноста е дека си му била само за секс... На најглуп можен начин си ја изгубила невиноста, ко резерва на некој "јак" еб*ч... Јебига, некогаш морало да се случи. Ти да не си мислеше дека ќе ја остави девојката заради тебе? П. С. Да! Си погрешила.
Нема што да се каеш. Ако си сакала со него и ако те привлекувал, едноставно се случило од радозналост. Си сакала да видиш како е и било посилно од тебе. Дечкото не е стабилен и ако има девојка и ја изневерува истото ќе го прави и со тебе. Најубаво сега е да се правиш како да си се скарала со него. Инаку сите сакаат и машки и женски. Остави ги тие размислувања дека само машкото сака. Женските повеќе сакаат и повеќе имаат. Не те искористи никој, зошто и ти си сакала Да не сакаше немаше да имаш. Сигурно има други момчиња со кои контактираш. Кога ќе бидеш спремна почни да излегуваш со некој нов, по можност да си бидите во врска и ќе се потисне и таа рана. Само немој да мислиш дека си искористена зошто ќе ти е многу тешко
За жал мила @Anne96 си згрешила многу, прво што си дозволила да се сплеткаш со некој кој има девојка и што си се впуштила во секс со него. За жал, на суров начин си научи дека машките прават филмови и тактики додека си им интересна и го добијат она што им е целта и после ги нема!! Нека ти е лекција која си ја платила најскапо . Но не губи надеж, ќе има некој кој ќе те заслужува,сака и почитува Од овој дистанцирај се, под никакви услови немој да го бараш и ако те контактира тој биди ладна!!!
Ех, грешни чеда Божји... Да викнеме некој со кандило да зачади низ темиве, да го прочисти воздухот Грев до грев...
Дечкото убаво те изиграл на еден начин, сакал само секс и тоа и си го добил. Крива си што си се вплеткала во таква врска со него и покрај тоа што си знаела дека имал девојка. На твое место би и кажала на девојка му со каков човек е во врска. Па нека пати идиотот, мило за драго. Максимално избегнувај го ако пробува да комуницира со тебе, ако те притиска за секс или било што ти пишав погоре како да постапиш. Иначе немаш што друго да правиш освен да се помириш со тоа како што е. Лекцијава добро си ја научи.
Најтрагично е што девојка му нема да и верува и ќе направи уште поголема будала од себе. Најубаво девојката на дечкото да не ја меша во приказната.
@pupi.girl Ако се одлучи на таков чекор може многу лесно да и докаже. Предмети од кај него во соба, белези/бемки или подетални објаснувања на делови од негово тело што не може да ги види секој. Нејзино е дали ќе и поверува или нема, во секој случај нема да и биде сеедно и нема мирно да спие со него. Ако не сака да се вплеткува може едноставно да си се повлече.
Обично девојките не прифаќаат такви работи, дека се изневерувани. Колку и да проба да докажува само ќе пропаѓа, барем јас така мислам. Најубаво да не и кажува, само да исчезне од животот на двајцата.
@pupi.girl Не знам, мене не би ми било сеедно да ми каже некоја примерно дека дечко ми има бемка на лево м**е. Не се гледа се дур не ја видиш.
ако е белег или бемка на интимен дел пуста нека остане што расипува врски. Инаку на никој не би му било, ама ете девојката ќе си одлучи што ќе прави.
Свесно влегла во тоа знаејќи дека има девојка, така да е подло сега да оди кај девојка му да се жали. Да ја лажел дека нема девојка друга работа е. Трбаше да пишеш овде пред да го направиш тоа. Но, ништо страшно, не се оптеретувај.
Ајде аирлија скинување Незнам што бараш грешка, што има да се преиспитуваш, а најмалку па вде на форумв да му даваш отчет на некој..(овде се калугерки демек се) Така си сакала, во тој момент таква потреба си имала, ти било убаво, немаш маж, немаш деца, слободна ко птица..абе ајде уживај во животот..мажи еден куп Ако ти се јави или не ти се јави, здравје..Грев немаш никаков
Немаш никаков грев... Продолжи со исто темпо да уништуваш врски, а во иднина и бракови Најубав совет. Расплачи им мајка на сите долгогодишн врски
На почеток искрено помислив - не е до неа, на овој му мрдал опашот. Ама чекај, девојкава знаела дека типот е во врска и пак си продолжила контакт затоа што „и било убаво со него“...мислам, која дрскост човече. Од таквите си пати човештвото за жал, девојката не е единствена. Не знам која е таа сила која ви дозволува да се гледате со зафатени, навистина не ми е јасно.