Лелеее што направивме Какво решение очекуваш да најдеТЕ? Продолжи си понатаму девојко. Не си згрешила што си му дала на некој што не ти е дечко и не те ебе ни 2%, си згрешила што си легнала со дечко кој што има 2 год врска.. И сега очекуваш нешто од него? Зошто? А за вас останатите што викате да и каже на девојка му... Научете еднаш дека во туѓи гаќи раце не треба да пуштате Врската е меѓу нив двајца, оставете така и да биде Светици на кило има денес..
зошто ја обвинувате девојката во пола од коментарите овде?Јас не сум имала односи ама овде има доста девојки постари и девојки што имале нешто повеќе со своите момчиња.Секоја една од вас го сторила тоа што го сторила...и мислам никоја членка нема право да навредува друга за некои работи....таа си напишала што се случило и може да дадете подршка а не да ја убивате
Не била она што им ја уништила врската, крив бил тој што не знаел да си седи мирен на газот. Неможе никој од надвор да дојде и врска да им уништи ако еден од нив двајца не попушти. Тука се работи веќе за нестабилен карактер. Ако не било со неа, со друга ке било. Врските со вакви fuckboys уште на почеток се осудени на пропаст. Секако и она не е за оправдување, ама во случајов не ја носи таа кривицата.. таа не била на било каков начин обврзана кон никој. Сигурно не го легнала со сила. Само криво ми е за девојката, јас мислам треба да и се даде до знаење со каков идиот се шета наоколу.
НЕ За не сум се плеснала се однесува, а за каење не дошло. Ме учеа од мала мене - после е**** нема каење.
Ќе и дадеме ум за друг пат да не се осуди да пишува на форум, оти овде се се светици, легендата вели членките од форумов се ск'н'ти всушност од нивните сегашни сопрузи..
Се согласувам дека најмногу крив е тој...Нема почитување ни спрема девојка му, ни спрема оваа девојка што ја зел за резерва. Значи си игра ко што сака со девојките...Ама членкава што ја отворила темава, знаела дека е во врска типот и свесно отишла со него...Ете ок, и се сакало и отишла, ама што се жали сега? Се десило еднаш и нека стави крај. Таа уште очекува да ја бара. И бара совет...Каков совет?? Погрешила дека невиноста ја изгубила со некој таков идиот. Не дека нешто е толку битно, ама сепак си има значење за секоја млада девојка таа пуста невиност. Наместо да појде со некој што ќе ја почитува и сака, таа му дала на првиот што и се насмевнал и и купил кафе. Па мене ми е криво, а можам да замислам нејзи...Да имаш прв сексуален однос, со некој што не те бара после...Што си му резерва...Сигурно тешко е.
Не сум јас за таква опција..може само да го викнам за уште по некоја партија секс( се разбира ако бил добар првиот пат)
Сé се дознава еден ден, дали од тебе, дали од некој друг. Дечкото штом ја изневерил со тебе, ќе ја изневери и со друга, и ќе дознае девојката еден ден. Да, он ќе биде "кретенот", ама и ти ќе бидеш една од "курвичињата". Гледам погоре те советуваат да и кажеш на девојка му, ама не е ова филм за да го прифати тоа и да станете "пријателки за одмазда". Немаш лице за да го направиш тоа, бидејќи си соучесник. Тргни си се, најпаметно.
Ех,грешни чеда.. Когаа еднаш ке научите дека не се фаќа работа со машки што имаат женска Абе пиле тој сакал само секс и го добил и нормално дека сега нема да биде заинтетресиран. Можеш да му бидеш само втора ништо друго Кога ке му е досадно со женската да дојде кај тебе Му здосадило од неа и сеа си бара нов плен за занимација Батали го!! Немој да бидеш негова играчка.