Прочитав се,извлеков скапа поука,сепак луѓе сме грешки правиме ,никој не е безгрешен,фала со ме осудивте на најлош начин што можеше,не требаше воопшто да отварам тема,бидејќи немам сега желба за ништо,ќе се повлечам во себе и фала што направивте повеќе да се каам,не очекував и не ни барав поддршка,само си ја кажав маката,за на крај да испаднам само јас крива за се,за што ја варал девојка му,за тоа што ми го направи итн. Затоа ве молам не коментирајте повеќе.Ви благодарам на разбирањето.
Имаше една поговорка: После еб*ње, нема каење. Папала маца е работава. Ништо, продужи даље. И со среќа со следниот, се надевам овој пат сингл момак. Ги има доста, што стварно би знаеле да те сакаат и почитуваат. А, не некој локален „фраер“ што не знае да си го чува ку*ето во гаќи.
Размисли дали ти е навистина важно што велат сите овие луѓе овде. Запрашај се дали вредат доволно за тебе луѓе што не ги познаваш, чии животни приказни никогаш не си ги слушнала, па да те повреди нивното мислење. Навистина ли мислиш дека сите што се одлучиле да те осудуваат имаат возбудлив, исполнет и среќен живот, совршени партнери, пари, и доволно знаење за да ти кажат што е најдобро за тебе? Навистина ли ќе дозволиш група луѓе, исти како тебе, несовршени, да те доведат во состојба да чувствуваш вина и самосожалување уште повеќе од претходно? Навистина ли ќе заборавиш дека заслужуваш љубов, среќни моменти, патувања, мир и сѐ убаво што преостанува, само затоа што некој што не те заслужува ти ја одзел невиноста? Размислувај, обвини го него и себе, плачи, мрази сѐ на светов. Но, продолжи понатаму. Што и да правиш, имај на ум дека е сѐ се случува за твое добро, и со цел ти да ја извлечеш најдобрата лекција. И најважно, прости си на себе, и нему. И на сите за кои сметаш дека им треба простување. Така ќе бидеш слободна. Сѐ најдобро и добредојде на форумот. И да знаеш, овие што можеби ненамерно ти го расипаа денот и не се така лоши ликови. Знаат да бидат и поддршка, и да те мотивираат, и да ти помогнат, и да те насмеат. Имај убава вечер.
Абе супер ти е темава душичко, погледни, пет страни изнапишани..и уште ќе пишуваат, едвај чекаат они вакви теми каде можат да критикуваат и напаѓаат некого.
@Anne96, ама навистина, што мислеше ти, што ќе се случи кога ја отвори темава? Нормално дека никој нема да те тапша по рамо и да ти кажува дека правилно си постапила што си се сплеткала со зафатен дечко. Никој нема да те охрабрува да продолжиш да се гледаш со него. Или можеби очекуваше дека ќе добиеш практични совети како да направиш тој да и раскине на девојката за ти да бидеш со него? Сори. Прашуваш дали си згрешила. Да, бајаги си згрешила. Дечкото, бидејќи е во врска, е морално одговорен пред девојка му додека ти си одговорна пред самата себе. Помири се со фактот дека со таа постапка ти самата себе се имаш изневерено. Ти лути се и вреѓај се колку сакаш на коментарите тука, ама длабоко во себе, свесна си дека е вистина, затоа и толку те болат напишаните зборови.
Па ти си ме цитирала... Може си во право, што ми е гајле мене и што ја се замарам. Нели тие што сфаќаат уствари најмногу солат памет.
Па нормално, така треба да биде. Не може некој на кого не му работи логиката да се уфрла секаде, колку да пише нешто.
Имаше едно пријателче една бивша, биле кратко во врска и раскинале. И раскинал. Оваа де, де де, да се фатат. И дечково вика, пробавме не оди. И другар му вели, абе оди, нели гледаш те моли да ја легнеш. Другиот му врака" И објаснив бе брат, нејкам да ми даде. И да ми даде нема да ја сакам повеќе. Џабе е, и така и е тешко. Не можам со неа. + нејкам да ми даде. Имам сестра, не сакам кога девојките се искористени на таков начин." Ех, кешким 90% од машките да размислуваа вака, немаше зелените девојчиња пола живот да се каат што направиле.
Претеруваш... човек ни да пише од вакви ко вас. Од мене толку, ти си најпаметна на форумов треба орден да добиеш.
Сега повеќе се кае и ќе се повлече во себе, ве молам луѓе . Она не ни свесна каде и е грешката и не ја ни гледа грешката очигледно, во памет и е дека легнала со тип што сега ја избегнува на некој начин, боже. Не сме светици секако ама вие што ја тапкате по рамо па баааш е очигледно дека не сте светици пошто кој иначе би и пружил поддршка за вакво нешто. Ние девојките се гледаме како конкуренција за жал наместо да си го чуваме грбот на некој начин и такаа доаѓа до вакви проблеми и ситуации каде ние испаѓаме глупи и искористени и на некој беден тип што изиграва ебач му дозволуваме да ужива и седи на 2,3,4 столици и да се чувствува како бог. Никогаш не судам и сум за она што сакаш да правиш во животот прави ако сакаш и со 50 легни твој живот твоое право ама ова ми е ептен ниско па боже имаш безброј други слободни машки...
Многу ми е жал што постојат вакви машки и што уште вакви муабети прават. Значи ако и е прв тој на некоја, ќе ја искористи ?! Не знам колку години имаш ти ова што гп пиша, ама по ова околу 15 исто и момчињата со тој мозок се. Кога ќе разберите дека никој никого не искористува ако има односи. Корист е да му земе пари и да не му ги врати. Ете додека вака мислат недозреаните машки ќе патат девојчиња.
Според мене воопшто не е крив фраерот си начекал лесна мета си искористил, лесна девојка која опростува превари и чао пријатно.Криви се девојките кои си ја погазуваат гордоста. Што не е тука јасно бај да веј ти што ќе се повлекуваш во себе - сите сме погрешиле некогаш па еве живи здрави сме.
Зависи причината како сигнале до односи. Ако после пиенка, девојката загорена, дечкото запален бара топло местенце да го истресе, Ок е. Никој не е искористен. Ама со недели, месеци, да си пишуваат, да стигнат до кревет и потоа "не сум достапен", не би рекла дека не е искористување. Да, живееме во материјалин свет каде само парите вредат ама лошо и душите да ни станат толку плитки, па имањето на секс да го сфакаме само како забава. - Момичка, 30 год, омажена.