1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали згрешив?

Дискусија во 'Секс' започната од Anne96, 22 февруари 2017.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Жената ќе се осеќа искористено, само ако другарка и и каже дека е искористена или во случајот тука на форумот. Сексот е потреба, спаѓа во потреби.
    Си пишуваат, значи не се гледаат. Вие самите сакате жртви да сте или да ве гледаат како жртви :) тука е најголемиот проблем.
     
    На Anne96 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Бисерче95

    Бисерче95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Биднало веќе и да се збора џабе.Згреши -незгреши тоа е/Терај си со животот,помири се со ситуацијата.И да како што не ја вреднувал женската и му мрдал газот настраана така и ако би бил со тебе истото би го правел.Тој човек не седи мирен и самоо со една.Грешка во чекори али јбг животот прво го дава тестот па потоа лекцијата.,Биди силна и среќна што нема да западниш во канџите на ова недораснато детее.Оти ако бил МАЖ(а не) ќе си ја гледал таа што ја има ,ама и ти на старт во прва минута гол си ставила гледаш во врска,не е слободен и колку да ти се бендисва остај терај џабе е .Уште пред да почни завршило.Секое добро се ќе се срееди извлечи поука ..поз :*
     
    На Anne96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    6.535
    Пол:
    Женски
    Да, веке некаде се наоѓаме на иста бранова должина. Во некои работи се согласуваме. (y)
    Сексот е потреба. Убав е за здравјето, за изгледот и за среќата во нашите очи. Нема ништо подобро од добар и квалитетен сексуален живот. (y)
    Сепак, тоа е разликата меѓу нас луѓето и останатите животни. Кога ние луѓето имаме потреба се контролираме. Ние можеме, а животните не можат.

    Важно е девојката да разбере. Што биднало, биднало.
    Не е важно дека @Anne96 веке не е невина. Но ќе биде значајно понатаму да се контролира во избирањето на партнери кои ќе ги внесува во нејзиниот интимен живот.
     
    На Victorian и Nausicaa им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Извини но не ми се допаѓа зборот искористена, зошто е мизерен и многу лошо е кога некој го употребува на девојка која за прв пат доживеала нешто ново. Факт е дека се придава огромно значење на невиноста, но не завршуваат сите со првиот партнер. Можеби некој дечко делува сериозно и после таквиот чин да се промени Има многу машки што размислуваат дека е понижување за девојката ако има прв однос со него.
    Дека тој е фраер ако е прв. Напиша една членка дека не треба девојката многу да се притресува од коментарите тука, каде сите имаат совршен љубовен живот. Реалноста е друга, дај боже сите да се среќни и да им е убаво колку тука, ама животот не е убав цело време :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Она нема никаков грев, и се свиѓал дечкото, паднала на него, не и било гајле што имал девојка и го посакувала до таа мера да му дозволи да и биде прв сексуален партнер. Значи никој не ја натерал, сама сакала. А тој ебачот ептен јака врска имал штом легнува секоја што ќе му се засвиѓа. Не можам ниту да ја жалам девојка му или да речам дека она е крива, ма да она е крива зашто таквите дечковци се препознаваат. Не можам да речам дека не била доволно добра за да го задржи, бидејќи такво ѓубре не вреди да се задржува. А може и она си тера мерак на страна, па двајцата си се нашле, може само да нагодуваме за нив.

    А девојкава што ја отворила темата има многу лесни алтернативи, да прекине секаков контакт со него и да си продолжи со животот, да прекине сексуални контакти со него но да продолжи да комуницира со него или ако толку е спопалена по него нека продолжи со сексуални состаноци со него.
    Овде нема никаков проблем, се зависи од нејзините желби и колку сака да биде искористувана.

    @Anne96 ептен лесно си му дала прв пат на некој со кој знаеш дека немаш иднина. Си можела тој момент да го зачуваш за некој повеќе вреден или вистинскиот, но што си направила си направила, ќе имаш наредни шанси и глеј подобро и попаметно искористи ги.
     
    На Alisa22, Victorian, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    6.535
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што не ти се допаѓа зборот искористена @pupi.girl.
    Искористена не е исто со безвредна.
    Искористена е нешто што и е случило. Го ставаме во минато време, и го оставаме зад неа.

    Додека пишував и @Abeja над мене го искористи.
    Искористена не е лош збор. Ама може да биде лош животен стил.
    Сите имаме право на грешки. Ама зависи како ќе ги разбереме и дали ќе ја научиме лекцијата.
     
    На YoungandBeautiful, Victorian, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Абе се знае дека најмногу крив при вакви ситуации и токму тој што изневерува.
    Демек јакиот маж па ќе врти околу него 10 девојки...Јас не знам зошто запозчнуваат врска со една девојка, а после одат паралелно со уште 3-4 други....Оваа едната за украс му е? Не сфаќам |(
    Биди маж, раскини и на девојката па крши глава.

    За девојката што ја отворила темата се обидуваме да и укажеме дека направила огромна грешка што му ја дала таа чест на таков идиот да и ја одземе невиноста....Ама времето не се враќа...
    Пак сега некој ќе се избаци дека не била битна невиноста...Може НЕ Е ТОЛКУ битна, ама ко што кажав погоре сепак си има значење за секоја девојка.
    Девојкава не дека има кој знае каков ГРЕВ, туку сепак и таа си е крива (до некаде) што свесно се плеткала со дечко во врска, при толку многу слободни и паметни млади.

    И на крај (ако чита уште членката) би и предложила да му мане игнор нему и да си продолжи со животот.
    Ако има потреба од сексуални односи, има уште 1000 слободни машки со коишто може и врска да си започне...а може и само за секс да се гледа.
    Значи, твој е животот ама искрен совет- Батали го него.
     
    На honey.11, Згодно Момче, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Јас никогаш не би била со некој дечко што е во врска, прво од причина што знам дека ќе се залетам по него а немам никаква иднина понатаму туку само ќе ме мотка. Ако толку сака да биде со мене ќе раскине прво со првата, ама па и тогаш кој ми гарантира дека мене нема да ме остави за некоја следна прилика што ќе му се прикаже... Второ, некако глупаво ќе се чувствувам за девојчето дури и да ми е само за еднаш, зошто ќе размислам како ќе ми биде мене да сум на нејзино место иако јас не сум таа што е виновна. Така да има многу слободни момци, дали биле за еднаш или за нешто посериозно.

    НО, кога има вакви ситуации, мислам дека кривицата ја носи тој што изневерува зошто ако не било девојчето, ќе била некоја друга, или трета... на таквите секогаш ќе им мрда опашот. Девојчето било слободно и можело да прави што сака, не е она таа што ја расипува врската, таа може да му се понуди на тацна на дечкото, но ако тој вистински ја сака девојката никогаш не би се согласил на тоа да ја изневери.

    За девојчето, погоре има многу добри совети дадено и не би сакала да се повторувам. Било што било, подобро е да се тргне на страна, и да го батали. Тој како и да е, ќе продолжи да се гледа со девојка му а неа ќе ја бара кога ќе му биде досадно, а верувам девојчето тоа не го сака. Во иднина ќе најде некој слободен дечко со кој ќе си има се, од љубов, разбирање, секс... :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да се разбереме, ако тој знае дека таа е заљубена во него па намерно ја контактира за секс зошто знае дека таа нема да може да го одбие- да, тоа е искористување.

    Секс за една вечер, секс без обврски, пријатели со бенефиции, фак-бадис... Партнерите однапред знаат дека „дружбите“ им се стриктно телесни и никој не се надева дека средбите ќе еволуираат во врска. Нема емоции во таа равенка, само добар секс. И тој и таа се среќни и задоволни.. Но, кога еден фраер држи една девојка на закачалка, како златна резерва, за кога ќе му се прие*е, тогаш тој ја користи, злоупотребува нејзината љубов за да извлече корист за себе.

    Не го доживуваат сите исто сексот. За некого сексот може да постои и вон љубовта, да биде стриктно телесно задоволство, одделено од романтиката и емоциите. За повеќето, сексот и љубовта се неразделни и за нив не постои секс без љубов. Односно, сексот го доживуваат како физичка манифестација на љубота. Затоа, во врска со болдираното, а во контекст на ситуацијата опишана од @Momichka ќе повторам „(ис)Корист(ување) е да земе секс а да не возврати со љубов
     
    На fallenangel, honey.11, YoungandBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    не знам дали девојкава ги чита сеуште мислењава ама еве ќе и се обратам и јас..
    прво во самиов текст што го имаш објавено не си свесна само колку пати сама си се се контраш

    ахм..значи не знаеше што да правиш и затоа отиде на кафе :o , ок ... јасно нагласуваш дека си знаела дека е во врска 2 години што значи си била и доволно од свесна во што се впушташ.. иако вината е негова колку што е и твоја според мене не треба да бараш оправдување во неговото изневерување бидејќи ќе нагласам пак ти си била свесна за ситуацијата ..

    ако подолу имаше напишано дека не се гледаш со него во врска заради причини зошто излезе повторно и повторно со него, па и кај него дома?

    многу размислуваш искрено..

    :^) е ова не ми е јасно, прво по стоти пат ќе кажам си била свесна дека има девојка, второ не си го направила тоа со цел да ја остави, а сакаш да барате заедничко решение.. не знам, ако не викнете ја и девојката да каже мислење

    и да..ако не планираш да продолжите која е поентата да го бараш...

    не сакам да сум груба и не ми е цел да те напаѓам само сакам да нагласам дека многу е очигледно дека цело време си била свесна за тоа што се случува и за тоа дека е во врска и единствениот човек кој би те повредил тука или омаловажил си самата ти.. лесно е да се бара кривицата во другиот ама тој тебе на сила ништо не ти направил.. од друга страна ако него му била врската ептен стабилна и исполнета немаше да си бара утеха на друго место ама тоа помалку битно, сега ти бараш мислење и ти си затоа јадрото на приказнава.. знаеш има една поговорка - после еб*ње нема каење- .. си направила што си направила и тоа е, ако се замараш нема да поправиш ништо, и тоа со искористувањето нема смисла, како те искористил кога нагласуваш дека ти се допаѓал и дека ТИ си решила да му дадеш... едноставно е: продолжи понатаму, ако не гледаш, а нагласи дека не гледаш, некаква иднина со него нема поента да се дискутира повеќе за него или да го бараш... те скинал и те шутнал, што да кажат девојките кои се во долги врски па по неколку сексуални односи добиваат корпа..
    ние не сме тие кои можат да кажат дали си направила грешка или не, тоа сама ќе си воочиш во иднина..по не знам кој пат ќе кажам ем нагласуваш дека си знаела, па од друга страна не ми е јасно што очекуваш?
    можеби во моментот си мислела дека е тоа правилно и со тоа што цело време се навраќаш на случајот барајќи оправдувања и сожалување твојот химен нема да се врати во првобитна состојба.. друг пат размисли ама навистина РАЗМИСЛУВАЈ за последиците, нашиве мислења не се толку важни туку твоето, тоа е тоа кое најмногу ќе ти влијае на психата кога утре ќе се погледнеш во огледало
     
    На honey.11, theowndemon, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Тоа е проклетството на x- хромозомот. Така размислуваат жените и ги поврзуваат поимите, додека машките поврзуваат љубов со сексуален однос. Би било убаво сите да може да мислиме машки би рекла, тогаш никој не би бил повреден.
    Би било интересно машко да напише дека првиот пат имал со некоја која ја сакал, но само еднаш било :)
     
    На Victorian и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Се обидувам да ја решам загатката
    -типот бил во врска и тоа 2 години
    -си била невина
    -типот на факултет ти се "пуштал" а си знаела дека има девојка
    -ти забранувал да се дружиш со други и бил љубоморен и ти барал да му бидеш лојална само нему.
    -после едно кафе испиено сте отишле кај него дома и велиш "сакал" секс да имате

    И така дојдов до закључок: Си била очајна за дечко и си немала претходно дечко и си мислела дека со твојата невиност т.е сексот тој ќе те засака/ќе бидете поблиски и ќе ја откачи неговата девојка, а ти ќе имаш конечно дечко.

    Навистина жал ми што се чуствуваш како што самата велиш "искористено" Не си искористена таман работа доколку и ти сакала и невиноста ти била на "товар" (18-19 години) што се согласувам, НО губењето невиност треба да биде со личност кого подолго го познаваш, го сакаш/те сака, те почитува, а не со некој ашљак. Како и да е велат времето лечи се.
     
    Последна измена: 24 февруари 2017
    На theowndemon, cresa-jagoda, Ицолгудбејбе и 5 други им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    А зошто треба да биде со некој што го сакаш ? Или тоа само за девојките важи ? Како бе машките губите невиност со некои што не ги сакате и се само за еднаш ?
    Па после првиот ако те остави, тогаш што ?
     
    Последна измена: 24 февруари 2017
    На sj *O*, elimkd, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mizi123

    Mizi123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2017
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    На женско се познава на машко не... Има и такви кој не би сакале да се со скината
     
  15. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Да, два типа најчесто: оние со набиени комплекси кои не сакаат да бидат споредувани со други зошто потајно се сомневаат во своите способности па така на невина може да се докажува и покажува и невини + среќно заљубени, во подолги врски...макар што во последно време вториов тип испарува и е многу редок
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Има да бог да ги прости.
     
    На theowndemon, eloves и Abeja им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ретко во денешно време некој да сака невина. Тоа им е како одговорност, па знаат и дека потешко можат да ја откачат.
     
    На Mrs.Styels му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Мажите се посебна категорија.Има и такви што се со една цел живот. Ако се утнало, си тераш на втора среќа со поука од првава... Е трета веќе ми е глупост, знам дека ќе ме нападнат сега женски род, ама јас така гледам од моја перспектива.
     
  19. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Па мислам дека и тоа е причината за случаите како овој на девојкава..затоа и кажувам да не се придава толку голема важност...сега малку ќе звучи глупаво ама ете и нешто позитивно од тој нејзин прв однос- веќе е слободна и нема потреба од патетика
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    И се жалиме после немало рамноправност, не не почитувале, маж со многу жени- фраер, а обратно- к*рва и сл., а забораваме дека еве точно вака самиве жени си ја создаваме "скалата на оценување", а не мажите...

    Тие биле посебна категорија..хмм..ние што сме тогаш, каква категорија?
     
    На sj *O* и crimson им се допаѓа ова.