Ајде сега да видиме,кој знае да плива,а кој не? колку пливачи има во форумов,а колку непливачи. Какви пливачи сте? Јас незнам да пливам. Искрено немам нит желба нит воља да научам да пливам. Не сум одела по одмори, не научив. Не ми е страм да признаам. Друштвото знае дека не знам да пливам, го знае мојот став исто и дечко ми е запознаен со темава. Инаку, не е важно колку години имаме, дали знаеме да приваме или не, важно е да најдеме совршен начин и Ние да уживаме заедно со нашите пријатели, другари.. Што мислите вие?
не знаев се до ова лето. еднаш на базен се учев, потонав, испаничив и оттогаш ми беше многу страв. не ни сакав да пробам.ова лето си го совладав стравот и сега знам да пливам не сум којзнае каква пливачка ама се снаоѓам битно добив комплимент од едно мало детенце. ми рече- пливаш како риба! А децата нели се најискрени
Добро се снаоѓам, уживам во вода. Се учев уште од мала и секоја година на одмор се повеќе се усовршувам.
Знаеме, знаеме Мада јас не сум некој брз пливач нешто у стил ај ке се тркаме до длабокото и немам баш многу кондиција ама сакам да пливам и полека но сигурно си стигнувам каде што треба. И сакам кога има ограничувања во морето знаете оние како топки што се, да си знаат луѓето до каде треба да пливаат, а не сите распрчкани кој во длабокото, кој во подлабокото, некој го гледаш сам плива во најдлабокото. Вакво нешто имаше во Саранда- Албанија а мислам дека и во Бугарија имаше. Инаку јас најмногу се забавувам кога има бранови е тогаш ми е најубаво, тоа ти е загаринтирана забава.
Јас знам да пливам само кога држам топка, перниче или плута... еднаш на времето ќе се удавев и од тогаш ми е страв сум одела и на часови ама овој страв никако да помини
Секако Најпрво женски се научив, сега сум во фаза на учење и машки, малку знам. Знам и грбно, а би сакала пеперутка да научам
Да, знам, ама само женски. Баш би сакала да научам машки и некој друг вид на пливање, не сакам да останам само со овој.
не а и не сакам да знам пошо имам фобија од вода најсериозно! од големи површини вода,мориња,езера душа неам..и кога одам на одмор само си се печам на сонцето и најубаво ми е..не ми треба ниту капење ниту ништо!!
Исто исто ко дете бран ме има поклопено, и од страв веќе ни да чујам за пливање само со перничиња или до каде што ми стигаат ноџињата па си пљускам навака натака
Да знам да пливам, научив мислам дека кога имав 10 или 11 години. Инаку знам да пливам и машки и женски, само повеќе го практикувам женскиот начин на пливање дека ми е полесен
Па и не баш Знам до кај што ми стигаат нозете, понатака нема шанси пошто незнам да се одржавам на вода
Научив да пливам на 6 години мислам дека , не дека знам нешто многу стилови а у ама обожавам да одам во длабоко , доста често и сама и имам доста кондиција ,а сакам и да нуркамЧ)
Знам да пливам И обожавам да нуркам. И во длабоко знам често да идам,ама еднаш јас си се забораив у море,бев со татко ми во вода,и си пливам онака баш ме боли за све,и одеднаш ми вика татко ми -тука е 8 метри. абе коа почнав да мавтам да пропаѓам дека дознав дека е 8 метри не за друго.. а иначе,за што е добро пливањето?мислам,јас сакам да сменам спорт,оддамна идам на кошарка и ми се здосади,сакам малце да сменам,па мислев на пливање да идам.. да не знаете каде и колку пари е?