Леле можи страмота е да кажам, ама ете незнам да пливам , ми е страв мислам дека ако се пуштам во водата ке се случи нешто ( не дајбоже ), иначе со овие мои години мислам и дека желбата да научам да пливам се губии... Ама никогаш не е доцна за ништо, така да ке видиме ....
Сега знам, ама интересно е што додека ме учеа да пливам никој не успеа во тоа, се плашев Ама потоа кога почнав да идам сама на базени и се научив
срамота,ама уште незнам,на одмори се преправам демек пливам нешто а појма немам,еден чичко сакајќи да ме научи кога бев мала,ќе ме удавеше и уплав ми створи,се надевам ќе се научам некогаш
Знам да пливам. Се научив да пливам лани летото кога бевме Охрид.. Еве една интересна случка која ме натера да се научам да пливам Лани летото кога бев на одмор во Охрид со моите родители си лежев на душекот И едно време како да сум дремнала на душек, но големата врева ме разбуди и кога го гледам татко ми доаѓа накај мене и јас си мислев дека ми вика да станам од душек он да полежи... Ама не беше така .. Иди накај мене и едно време опп ме турна од душек (на шала ) а ја појма немав од пливање . И по неколку секунди татко ми ме вади и ми вика абе по грешка те турнав И јас му викам е сега за инает твој ќе научам да пливам и после колку сакаш туркај ме .. И така по некое време мојата (помала) сестра ме научи да пливам..