Јас сакав во Борис Трајковски за време на распустот,али е зстворен....на вода се осеќам како во своја област.Нуркам пливамм и уживам. Јас у Охрид до пола езеро со тетин се тркам.Види на веб страната на БТ колку е карта..За ден е 200 денари...Баш од 8 до 12 бев во Банско и мислев има голем базен..и капа и наочари си понесов.Али таксират базенот длабок 1.10 а долг 3 метра.Јас капа си стаив,цвикери и си пливам мајката и одеднаш гледам луѓето ме гледаат ..Они си се брчкаат а ја пливам мајко му.Си викам абе ти Елена чудо си.... (не го сваќајте како фалење)
Знам да ги пливам сите стилови, го имам пливано малиот охридски маратон, од ќеиф, не дека сум се натпреварувала. Имам и дозвола за гњурење до 20 метри, под вода се осеќам слободно
Знам да пливам мушки, женски и кучешки ама многу напорно ми е физчики некако, и не пливам во длабоко се плашам.
како помал со поголеми од мене бев на базен и ме фрлија у длабоко и од зор се научив и од тогаш немам гајле, и во езеро и во море пливам без гајле
Ќе биде ли чудно ако кажам дека не знам да пливам? Се имам пробувано многу пати, ама не успеав...Сега ми е страв да пробувам. А и како мала еднаш се отпревртив додека пливав со гума и од тогаш.....
не си единствена и јас незнам да пливам..не си единствена слично ми се има десено..и сега имам страв ов голема вода....многу сакам да научам да пливам ама никкако да го совлдам стравот...
Нема ништо чудно. И јас не знам да пливам. Ете, имам некаков страв. Кога бев мала не научив да пливам, и неколку пати ми се има случено да се занесам и целосно да влезам во вода.
оди на базент у Карпош, 2000ден мислам беше месечно си има и инструктори кои ке те научат знам да пливам само со кондицијата слабо стојам плус пушач сум па знам да правам почесто паузи и да се заборавам у длабокото ама затоа па цел ден можам да скокам и да псркам џенцки кои се канат со саати да влезат у вода
Добро ко така. А инаку не верувам сега дека сакам да се научам. Порано повеќе сакав ама сега некако не ми е ќеф.
1500 е во Борис Трајковски во тој базен со инструктури, за еден месец може да научиш да пливаш супер, сите стилови ќе ги научиш и ќе го убиеш стравот. Ќе почнеш во плиткиот базен ако ти е толку страв. На почеток се почнува со помагала, незнам како се викаше едно ко штица го држиш со рацете напред и учиш како треба да ги движиш нозете, кога ќе го совладаш тоа преминуваш на рацете и после тоа слободно можеш да се фрлиш и во најдлабокото.
Јас ја имав привилегијата да тренирам 7 години пред 7 години. Сега гледано е премногу скапо. Повеќе се исплати сам да си направиш базен и да пливаш