Пливам ко рипче. Тоа е една од предностите на животот до езеро - ништо друго не правиш по цело лето кога си дете.
Jas kako pomala sakav da se naucam sama , i taka si potonav kako sekira vo voda , od panika , neznaev kako da isplivam pa taka od premnogu goltanje voda i bez vozduh , pocnav da haluciniram vekje , srekja dojde majka mi i me izvadi ottamu ( inaku taa e odlicen plivac ) . Sega mm sekoj odmor me tera da plivam , me ostava na mesta kade ne dopiram , za sama da se snaogjam , ama stravot e uste tuka nekade dlaboko vo mene .
Јас лани прв пат се научив да пливам и тоа малку само..во Грција кога бев. Декаво морето,солено,не пропаѓам..абе за мерак. Инаку незнам да пливам.Посебно не во базен..Веднаш ќе се удавам.
Јас стално викам дека сакам да пливам а уствари и не сум баш некој добар пливач,си се шлапкам до таму кај што стојам,а да ме остаиш у подлабоко од паника ќе се удавам а иначе научив да пливам на 9 год.
Знам да пливам , не дека сум некоја кој знае каква пливачка .. немам многу кондиција брзо се уморувам
Знам и многу сакам да пливам, ама убедена сум дека изгледам многу смешно гледана од страна додека пливам
Да како жаба сум, ако влезам не искачам најмалку час ипол, сакам да се одржувам со рацете во водата, највеќе обожавам грб позиција со погледот само кон небо.
Се замислувам дека знам, ама знам колку да не се удавам, по 2 мин уморна и задишана си застанувам на нозе