Знам да пливам, ама не сум некој многу добар пливач. Ќе дефинирам како подобра од мајка ми, полоша од татко ми.
Знам да пливам, знам и повеќе стилови, ама во подлабоко од мојата височина не одам ни за жива глава. Ме фаќа ненормална паника, целата плажа во воздух ја имам дигнато неколку пати
Знам да пливам, знам и машки и женски, ама женски многу подобро од машки Мада и не сакам многу да пливам, повеќе сакам да се шлапкам во вода
прво се научив да се држам на вода,а потоа да пливам.прво научив женски,па ми стана многу интересно и потоа научив и машки. најубаво и најлесно ми е да пливам на грб,така највеќе се релаксирам поздрави и бакнежи до сите вас
Абе јас си знаев да пливам прилично, тоа пред неколку години, ама ме има фатено некој страв, долго време немам ни пробано да пливам :/ ама сега на одмор што сака нека биде мора да го надминам стравот
Знам да пливам и преубаво се чувствувам.. често идам на одмори и од многу мала се научив да пливам. Оваа година бев во Охрид со друшто во јули.. а сега ке идам со семејството во Албанија обожавам лето, патување, сонце, плажа пливање.. уфф
Знам да пливам машки,женски и грбно,ма да грбново мислам дека не го пливам баш правилно.. Обожавам додека сум на море да одам во длабоко,се заборавам кај одам особено ако е душекот до мене Мајка ми срцето ја стега додека сама одам натаму,ама во длабоко е најубаво Ама тоа го правам само на море...Во Охрид одам во малце подлабоко,ама тука се движам...Во базен ме фаќа голема паника,на Воен особено,па неможам да пливам,што сака нека е. Ракче
Знам да пливам колку да не се удавам! Немам ич мерак да пливам ниту да влегувам во вода. За пливање знам, сите ме пофалиле дека добро пливам, правилно, и не можат да ме разберат зашто, веќе добри 3 години, не влегувам во вода. Едноставно не ми е убаво, таква сум од мала, немам мерак и крај.
Па знам исто колку да не се удавам, незнам некои посебни „стилови“. Знам само женски и грбен. И пливам додека стојам, понатака паника ме фаќа
Јес, ај ноу. Знам само женски и грбно, еднаш пробав машки и ќе се удавев. На грб кога пливам ми е поубаво ама шансите да се треснам во некој позади мене се големи. А женски кога пливам, пливам бааавно. Неможам брзо незнам зошто. Со тие со кои одам на пливање само јас сакам да 'шетам' по длабокото каде не ми допираат нозете на дното па сама си одам натаму, не ми е страв.
Знам да пливам сосема солидно. Немам одено по курсеви или нешто, па немам некоја посебно развиена техника или мускулатура. Ама онака рекреативно си пливам. Убаво ми е ,мислам дека пливањето е една од ретките спортски активности што со задоволство ги правам кога сум на одмор.