Да, знам. Се научив да пливам благодарение на брат ми. Еднаш ми го извади душекот од под мене додека бевме во длабокото, деца бевме тогаш, и морав да се одржам над вода сама. После таа случка можев веќе да пливам и на море и било каде. Не мислам на длабочината, се концетрирам на пливањето.
Поубав спорт од пливањето според мене нема, секој дел од телото ти е активен,секое мускулче! обожувам да пливам и да нуркам особено каде што има подводен свет,попријатна глетка нема
Од Охрид сум,можеби ми е голема грешка ама незнам да пливам.... Ни пак мислам дека постои можност да научам.....
дали знам да пливам... живеам за да дојде лето да пливам.. дс одам во длабочините кај што ќе гледам како се менуваат боите на езерото.Само ми го нема веќе друштвото за пливање. Јас, сестра ми и мајка ми, пајката со пајчињата не викаа од што толку пливавме и дали нр спрема за олимпијата.И пак првиот кога ке влезам да пчивам си велам ова за тебе е мамо озвежи се.
Пливам одлично и уживам во пливањето исто сакам и да нуркам, не се плашам од длабочината Научив да пливам на 8 години со помош на тетка ми
Да, и ептен чуден почеток имав кога научив, идиме на плажа со братучетките и ми ги зема мускулите за пливање и јас само се пуштив во вода и запливав. И тие ме гледа онака
znam da plivam i koga sum na odmor non stop sum vo voda retko da sedam jas na lezalka ili ako sednam toa e minumum 3-4min
Знам да пливам и тоа доста добро но сепак се плашам да одам во многу длабоко и во вода секогаш гледам да бидам со некој. Ете, пусти страв без потреба
Не. Затоа кога одам на одмор не ни влегувам во вода, ептен рееетко. Си уживам на лежалки и фаќам боја