Знам да пливам. Највеќе сакам мирна вода и ноќ. И да пливам гола. Ми се чини дека риба требало да бидам. Во вода се чувствувам слободна и среќна.
Секако, минатата година одев на пливање со другарка 3 пати неделно, од незнам кои причини престанав, најверојатно од мрза.
незнам да пливам ...сакам да научам но ми е страв така да доколку одам на море ќе си седам ќе се печам на сонцето ( може и да пробам да научам ама ако нема никој во близина )
Даа, и уживам во пливањето, не ми се излага од вода. Сакам мирно море, без преголеми бранови. А, и водата да е пријатно топла.
Знам, и обожавам да пливам, посебно во длабочини. Секогаш кога и да одам на одмор повеќе сум во вода отколку надвор, и постојано пливам, кога ќе се пуштам дури се заборавам колку далеку одам, секогаш ги преминувам тие топките што ги ставаат како граница до каде да одиш.
Знам да пливам, а имам фобија од бродови кои пловат нели на голема длабочина... и не пливам многу длабоко.. а дојде оној млаз ладна вода (веќе мн длабоко), одма назад се враќам