Знам да пливам од 10-11 години.Одев на пливачка и се научив правилно и да дишам и да пливам.Обожава да пливам дури планирам и кога ќе сум послободна да одам на пливачка пак ,за да бидам спорски активна
Да, знам да пливам професионално краул. Од 6 години одев на пливачка школа до 14години, скоро 8 години потоа прекинав.
како мала поголемо дете ме фрли во длабокото мислејќи дека знам да пливам и од тогаш си го имам стравот од длабоко, но со душек или елече се опуштам и терам у длабокото
Сама се научив 3 или 4 оделение. Имаше некоја Вила во Опатија-Ичичи мислам се викаше местото и со лекарска комисија одеа деца 1месец како рехабилитација на море, мене ме пратија за скршена нога, сама со други деца на слична возраст. И таму морав да научам, немаше некоја посебна школа ама нон стоп бевме во вода, вилата беше до море и се научив. Сега пливам , најчесто во подлабоко и со мажот пливаме многу покрај обала, понекогаш од една до друга плажа.