Незнам да пливам, и мислам дека никогаш нема ни да научам. Таква некоја фобија од вода имам, тоа е чудо некое. Како секира сум кога ќе влезам во вода,одма на дно пропаѓам . И душек да земам со мене,и него го потонувам. Незнам што ми е.
Не пливам ни малку, и не ми е срам да кажам, едноставно не можам да го совладам стравот од вода и готово. Ете годинава и морето демек ќе ми помогнеше да научам ама ништо, коа ги видов тие бранови, па медузи и ежиња, па уште поголемиот страв од непознатото плутање во вода, да не можеш да се собереш, па и солта на крај која штипе, пече и е ужасно гадна коа ќе ја проголташ Затоа ја со малите деца во плиткото си се брчкав, или последните денови со на комшиите душечето од малецките и со гума за пливање ХХЛ Не се срамам, едноставно стравот е преголем и не можам да се опуштам, а за тоа е секако виновна кралица мајка, како мали кога одевме на море или на езеро честопати знаела да каже немој понатака ќе се удавиш, нема идење со децата на базен ќе се удавиш .... и се тоа ти влегува во психа, џабе е сега на 25 да се глупирам
Знам да пливам, ама онака тоа класично пливање. А кога одам на одмор си правам некои свои егзибиции, (те грбно пливање,те машко,те кучешко,те мачешко,те зајачко,абе свашта) ама често завршувам со вода во грло. Така да,ми треба уште усовршување.
не а и не сакам да знам пошо имам фобија од вода најсериозно! од големи површини вода,мориња,езера душа неам..и кога одам на одмор само си се печам на сонцето и најубаво ми е..не ми треба ниту капење ниту ништо!! исто и јас да ти кажам,имам скоро 30 години,немав прилика во животот да научам и сега на овие години ич и не планирам
Прво мислење и веднаш тема, браво бе ! Има тема, со ист наслов дури. kafe-muabeti/dali-znaete-da-plivate-t13355/?hilit=%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5
Не. Како мала (па и сега) не бевме семејство што можевме секоја година на одмор да одиме па така и не научив да пливам.
Знам да пливам, и можам да кажам дека многу релаксира. Имам искривување на `рбетот, па кога пливајки добро ќе се исправам, понекогаш чувствувам и мала болка, но поминува.