Да, знам да пливам и нуркам. Не ме бива за акробации и салто и скокови, ама за кондиција и долго да пливам - знам
Знам да пливам и тоа е една од активностите во која што најмногу уживам. Не сум многу по спортот, но пливањето е нешто што ме одмара. Кога пливам се исклучувам од се она што се случува околу мене и едноставно, пливам. Не правам ништо друго освен тоа. Нешто како медитација би дошло. И најдобра сум во пливање од сите што ги знам. Лани кога пливавме во олимписки, се натпреварувавме со професорот по физичко и го победив, јес !
Да. Само не сум многу издржлива, брзо се заморувам. Минатото лето почнав да го контролирам дишењето и поиздржлива сум од порано. Иако сум охридско дете, не пливам многу колку што би се очекувало. Како и да е, мразам длабочини (фобија си имам) и поудобно ми е кога ќе испливам и се качам на некое кајче да се одморам па назад
Пливам од мала, најпрвин со гума, мускули а од 14 години некаде без никакви помагала. До пред година-две, одев само до каде што допирав со нозете а сега се поопуштив, но сепак не забегувам многу далеку, зошто ко што баба ми вика со водата нема играчка!
Да, знам. Порано ми беше страв во длабоко, а сега полека почнувам да се опуштам, па одам малце подалеку од онаму до каде што допирам со нозете.
мислам дека никогаш нема да научам! имам преголем страв кога водата ке ми стаса 1cm под устата, ме фаќа паника и комплетно се давам во вода.. можеби мие поврзано сето тоа со мојот најголем страв да останам без воздух - на 15 секунди дае јас че умрам од страв