Јас појма немам од пливање. За живи бруки маж ми лани ме учеше да пливам, со раце под мене како право бебе. Јас претам,пијам вода, сум ја дигнала главата у вис, како ајкула. За секунда кога ќе ме пуштеше, потонував како секира во истата секунда. Брука сум
Пливав порано, па еднаш ме фати грч, а бев многу одалечена од плажата. Ме спаси брат ми, ама ја бев целата у паника. Од тогаш не ни пробав да пливам, многу се плашам и не можам да го совладам стравот. Уствари немам ни пробано дали можам ама не сакам, немам некоја желба за пливање. Убаво ми е така, си играме во водата, се сончам, си наоѓам занимација.
Уфф како ми ја погодивте темата, за фалење Знам да пливам, обожавам да пливам, омилен спорт ми е (да имав шанса од мала да тренирам сигурно би била меѓу најдобрите ) Пливам од многу мала и кога одам на одмор, 80% од целокупното време сум во вода, а и вака не пропуштам шанса ако има базен во близина да го посетам
Да, обожавам да пливам, но многу често ме фаќаат грчеви во листовите, па паники ехааа Затоа практикувам да пливам со придружба, многу ретко одам далеку сама ..
Да,знам да пливам ама никогаш не одам во длабокото, само до кај што ми допират нозете до таму одам и си пливкам
Како риба ама до кај допирам со нозете, кога сакам да пливам во длабоко е тогаш арам некој да ми прави друштво страв ми е грчеви да не ме фатат
знам да пливам..т.е морав да научам пошо имав проблеми со кичмата и за да ја исправам морав да идам на базен и така се научив сеа главна сум в море
Знам да пливам и немам страв од длабочина кога одев на одмор со моите знае да речат пази неоди во длабоко ама нив кој ги слуша кој име крив кога незнаат да пливаат