1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали знаете колку имате масни наслаги во вашето тело?

Дискусија во 'Канта' започната од wellnesscoach, 6 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. wellnesscoach

    wellnesscoach Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Дали знаете колку имате масни наслаги, а колку мускулна маса?

    Веројатно веќе сте читале нешто за индексот на телесна маса ИТМ (Body-Mass Index - BMI), што претставува сооднос меѓу тежината и висината на телото. Ако имате ИТМ поголем од 25, во Америка ве сметаат за дебели, а ако тој изнесува преку 30, тогаш ве сметаат за патолошки дебели. Но, ако изолирано анализираме поединечни случаи на висок или низок индекс на телесна маса, може да извлечеме и погрешни заклучоци. Еден фудбалер може да се смета за дебел според она што го покажува ИТМ скалата, но ако тој вишок тежина претставува мускулно ткиво, тогаш тој всушност не е дебел. Жена што не е дебела може да има нормален ИТМ, а сепак да има масни наслаги. Значи, сепак е битно каква е конституцијата на нашето тело.

    Килограмите понекогаш не се толку битни, туку се побитни мастите кои што ги имаме во нашето тело. Можно е една личност да има 70 килограми, но да биде изграден од мускулно ткиво, и една личност да ги има истите килограми но тие да бидат масни наслаги(сало).

    Доколку е некој заинтересиран да научи повеќе во врска со правилниот начин на исхрана може да пише на мојот маил, и ке можам да му подарам една бесплатна анлиза на тело каде што ќе можете да ги измерите мастите во телото и да ја дознаете вашата иделна тежина
     
  2. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека знам за каков апарат станува збор а и кој производ потоа го нудите. Тие апарати не се меродавни и не покажуваат вистински процент на масти. Не викам дека нема во Скопје таква апаратура, меѓутоа тие wellnesscentri кои што сега ги има буквално во секоја населба не ја поседуваат таа опрема туку имаат само еден Fat loss monitor. И тоа што сега секој си зима за право да одредува "body mass index" i “body fat percentage” а пота нуди свој производ и дава режим на исхрана (кој се сведува на конзумирање исклучиво шејк) без претходно да биде запознат со здраствената состојба на тоа лице а воедно и крвна слика, седиментација, хормонски баланс...е мноху, многу многу погрешно и непрофесионално. Ахх и да кај нас обично тие "wellness coach" се од различни професии а не се лица од областа на медицината, нутриционизмот какви што и по некој стандарди треба да бидат.
    Има неколку медицински установи кои поседуваат апаратура за проверка процент на масни наслаги, вода, мускули во телото (покажува точно каде и колку која страна е празвиена и какво е држењето), мегутоа не е препорачливо за бремени, доилки, болни од карцином, или луге кои имаат страни тела (метални шипки, плочки) од скршеници
    п.с. извини несакав да те навредам само го кажав своето мислење и искуство
     
  3. wellnesscoach

    wellnesscoach Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Нема проблем тоа си е твое мислење, јас не би можела да работам доколку знам дека со тој апарат не се точни резултатите, јас лично почнав да работам бидејќи и самата бев прво во тој wellness club,си ги измерив сите параметри и процентот на масти ми беше доста висок. Имаше супер едукација за како правилно треба да се храниме, како треба да бидат распоредени оброците и како правилно треба да се пие вода, некој од тие информации иако цел живот пазам на исхраната и вежбам не ги знаев па затоа и немав до тогаш направено никакви резултати. Почнав да применувам некој од тие работи што ги слушнав таму и за еден месец направив супер резултат, намалив масти и намалив во обем. Затоа и започнав со оваа работа да можат да помогнам и некој други да го постигнат истото
    А во врска со тоа "wellness coach" дека не се соодветни лица и обучени, можам да ти кажам дека ние имаме сопстеви едукации и обуки каде што не учат се што треба да знаеме во врска со исхраната. А притоа јас и сум медицинско лице така да имам и некој предходни знаења, ама и за тие што не се, имаат можност да научат.
    Во секој случај секој има право на свое мислење, ама јас лично имам видено многу резултати на луѓе кои што ги постигнале својот резултат,и сакам да дадем можност и на некој други ако сакаат да го постигнат истото. Т
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.