До сега никој ја нема отворено оваа тема па ми текна мене затоа што јас на мајка ми и кажав пред некој ден за мојот сексуален живот,па ме интересира дали имате кажано и која била реакцијата на вашата мајка???
Па нормално дека знае не е од марс падната,и јас и кажав па тоа не е воопшто срамота,ме посоветува на кој гинеколог да одам и ми даде неколку совети,не навлага што и како а и јас не би сакала да зборам
Знае секако,јас кога почнав со сексуален живот одма и кажав,да не му ја мислам,и сега некогаш се зафркаваме,што,како. Таа ми дава совети,со мене оди на лекар,се буквално.И милсам дека не смеете да криете од мајката,ни под точка разно,таа најдобро знае да ви укаже на некои работи,а не сами да се правиме надри лекари.
pa normalno deka znae prvo sto istrcav da kazam e na majka mi ne kako sto poveketo sto pravat prvo trcat kaj drugarkite no sepak sekoj razlicno razmisluva pozz......
А бе се е добро,и заостанати сфаќања,и ептен строгост,ама немојте да мислите дека мајките пијат мастило,знаат тие,порано или подоцна ќе сетат,и тие знаат како се прави тоа,не не донел штркот така да...
Se soglasuvam ,inaku jas bidejki nemam najdobri drugarki sekako deka na majka mi i kazav za prviot pat
Не знае детали, ама знае генерално општо факти Првиот пат кога имав односи, им кажав само на другарките, зошто сметав дека ќе ја шокирам мајка ми (средношолка, со долга врска, и куп бубачки во глава бев ), меѓутоа кога сестра ми која е постара од мене три години, имаше некој проблем со менструацијата и решивме да одиме на гинеколог, сите три, си кажавме отворено и јас и сестра ми дека сме сексуално активни, дека користиме заштита, дека внимаваме... И мислам дека јасно е, на 22 години нема да бидам калуѓерка, кога си имам дечко си го сакам и си имам нормално, сексуални односи со него. Не ме прашува, ама знае меѓу редови да направи некогаш муабет, или ќе отвори тема за тоа, и нормално разговараме. Драго ми е што со неа сексот никогаш не бил табу, и сметам дека кога и јас ќе бидам мајка, ќе го имам истиот однос со своите деца по прашање на сексот.
не знае се многу нормално, но кога немав добиено 2 месеци, дозна многу нормално, а кога имав 16 дена таа беше со мене на гинеколог.
Знае само дека сум сексуално активна и понекогаш знае да направи муабет за тоа и да ме посоветува, меѓутоа не навлегува во детали. Инаку заедно одиме на гинеколог, па и да сакам, нема криење.
ne sum i kazala, ama imam dolga vrska, ideme sami na odmor - sigurno ne mislis deka sum nevina uste ama ne znaete kolku mi e smesna koga ke pocne od daleku da ja navlekuva temata da pravime muabet za seks. ja osekam deka se obiduva demek da me opusti da i kazam, da izvlece nesto- ama, ne se davam mislam deka nema potreba
Јас и немам кажано, можеби ќе беше полесно за мене ако имав постара сестра, ама вака јас сум таа што треба да ги урива сите препреки и се да прави прва. На сестра ми секогаш и е многу повеќе допуштено за разлика од мене кога бев на нејзини години. Штознам... не сум многу отворена со неа за жал, барем за вакви интимни теми. Малку е старомодна во тој поглед, така што сеуште и немам кажано, но веројатно претпоставува
мојата мајка знае иако кога дозна се разочара малце во мене,зошто е старомоден тип иначе не правам муабет за секс со неа некако ми е глупо
Од што има да се разочара брејј селска работа.Па тоа ако е за разочарување дај деца да не правиме,дај да не се жениме,мажиме и слично.
Не знае и така и треба да остане. Мислам, сигурно е свесна дека не играме домино со дечковците со кои излегуваме Ама не гледам потреба да се кажуват такви детаљи од интимниот живот на мајката. Некои работи треба да останат само за себе Реално, не верувам ни дека може да даде некој совет во врска со тоа, иако е многу напредна и слободоумна жена Зошто да се комплицираат работите кога нема никаква потреба за тоа? И не ги ни сфаќам девојките кои го делат интимниот живот и сексуалните желби со мајката, мене тоа ми е страшно бизарно....
ha ha ha jas bi i kazala zasto da ne,iako smetam deka si znae a bidejki misli deka ke mi bide neprijatna temata ja izbegnuva a mene toa mi ogovara
Знае и без проблем си правиме муабет за тоа. Нема застарени сфаќања, многу е добро кога родителот знае како да разговара со своите деца и да бидат отворени и искрени меѓу себе.