Мајка ми е невиден паничар и се плашам да и кажам,одма ке полне да плаче и нема да спие навечер,а не дека е заостаната
Да мајка ми знае за мојот сексуален живот. Кога имав прв пат таа беше прва што дозна. Секогаш ми дава совети како да се пазам и бал бла исто така заедно одиме на гинеколог.
Не сум заостаната и со некои глупави сфакања, али никогаш, ама никогаш не би зборувала со мајка ми на оваа тема. Безвеза ми е, не сум тинејџерка па да мора на мамичка да и кажам, доволно сум стара да појдам сама на гинеколог или било што. А и незгодно би ми било да зборувам на таа тема, а и што има неа да и кажувам? Која ми е омилена поза, или дека (не) можам да доживеам оргазам(пример), или каква заштита користиме? Безвеза ми е да седам на иста маса после јас таа и дечко ми, (маж ми), и да знае интимни ствари за нас. Нормално кога се има години, се има и секс, доволно е тоа, самата си знае дека имам односи, глупост ми е да се зборува на таа тема. Сексуалниот живот е моја интимна ствар, која ако сакам ке ја поделам со блиска другарка, и толку. Кој како си сака, ова е мојот став за мене.
разбирам ќерка и мајка да се отворени една сод руга на оваа тема,ама син и мајка?неодамна слушнав дека еден дечко до детаљи си седнува и раскажува на мајка му и коса ми се крена
Јас нема шанси вакво нешто да и кажам,но дечко ми кажува се на мајка му.Секогаш кога имаме сексуален проблем и се обраќа на мајка му.Многу се нервирам за тоа
Мислам дека нема потреба мајка ми да знае затоа што секој си има своја интима , а плус не сум толку опуштена пред неа па сега да и раскажувам до детали ( сепак имам одредена почит па глупаво ми е да зборам за такви работи со неа ) . Сепак со другарки секогаш се доверуваме една со друга но и на нив не им се доверувам толку во детали само можам да разменам мислења и некој совет плус
на мајка ми никогаш не сум и кажала ништо за мене,дали е сексуален живот или друго и да не сака да каже,ке и се испушти сега одкако се мажив некогаш на зафрканција,ке и речам нешто,ама секогаш моето кажано не е вистина
Jас тешко дека ќе и кажам на мојата мајка.А колку би сакала да знае..би ми било 1000 пати полесно. Но мајката од мојот дечко знае и секогаш ни дава совети и кога нешто не е во ред со мене -некој гинеколошки проблем,после дечко ми прва дознава таа.
Не знае и не би се осмелила да и кажам.Никогаш не су била блиска со мајками,никогаш од мала Таа е против мојата врска мислејќи дека ке направам глупост,немат да завршам школо.Вчера баш ми рече дека ако су направела некоја глупост за мене мајка немат више,ме повреди многу со тие зборови . Чуствувам дека никогаш од неа не су била сватена,кога и да се обидам да и кажам нешто таа ке ми се развика како су била несмасна и што уште не.Не викам дека не ме сака и не се грижи за мене,имат и ноќи не спиени ради мене.И поради тоа не можам да и кажам.
не сум и кажала... не, дека не сум доволно блиска со неа за да и кажам но... дефинитивно на некој начин се плашам од нејзината реакција... жената има некои други поинакви сваќања... знам дека доколку би се искажала може многу да ми помогне во мојот интимент живот, но сепак не ... што се однесува до интимниот живот за мене се знае мојата постара сестра ... па често и кажувам неа, сепак најблиските знаат најмногу да не сватат и најдобро да ни објаснат
Знае дека имам секс со дечко ми, но сигурно нема да седнам со неа на маса и да правам муабет на таа тема,конкретно каква заштита користиме или која поза ми е омилена.Тоа нема шанси.
Мислам дека знае,не е од вчера жената,секогаш пред да излезам ми вика пази што правиш,да не се каеш после...
Не сум и кажала ама знам дека та знае...секогаш ми вели пазете деца да не направите некоја глупост...чувајте се Инаку таа има многу современи сваќања во врска со се...секогаш сум била блиска со неа и ако имам проблеми заедно ги решаваме...ама некако не ми иде од уста да го кажам мамо јас имам секс Сигурна сум дека и сама е свесна..имам 2 годишна врска и не сум мала,сепак мило ми е деталите да си ги задржам за себе
Знае па ако не знае мама кој ми е поблизок од неа, кој ме сака повеке од неа и секогаш прашува дали ми дојде и еднаш ми каснеше 1 месец и се знаеше, за срека ми дојде (тогаш) а деталите не ги знае се разбира
Деталите не ги знае, но мајка ми е и од кога станав сексуално активна, на неа и кажав по пола година... А онака понекогаш си ги кажуваме глупостите хаха на пр. како татко ми имал излети кога била бремена мајка ми со мене, како ќе ги фателе, каде се криеле и сл. И ми љубомори што денешно време не мора да се криеш, само си ја затвориш вратата од собата и се знае дека влезот внатре е забранет Си ја сакам мама
Мајка ми е една прекрасна личност со многу модерни и здрави сфаќања, и бидејќи сум единка многу сум блиска со неа. Во тинејџерски години никогаш не сум имала проблем да разговарам со неа на билокаква тема, затоа што ако не таа, кој друг би ми помогнал или посоветувал?! А нејзините совети се богами секогаш реални и на место. Абе во книга да ги ставиш! Така и за сексот, знаеше кога го имав првиот однос, ме праша дали ми треба совет, јас и кажав...нормално ми рече да внимавам, како да се пазам итн. До детали не сум зборела никогаш со неа на оваа тема, ама мило ми е што знам дека кога со нешто би имала проблем барем пред мајка ми не треба да се устручавам дури и ако се поврзани со ваква интимна работа како сексот. Ех, среќно коцкиче сум што си ја имам
Незнае срам ми е да и кажам не сум многу блиска со мајка ми со татко ми сум поблиска ама неможам да зборувам за такви работи со него
Иако не споделувам моменти од мојот сексуален живот со мајка ми, сепак знам дека знае! Кога имав првпат секс не го споделив моментот со неа, ама после кратко време она сама си сфати дека јас сум возрасна и сама одлучувам за тоа прашање!