И помина мандатот...хехе ма закон ми е старата. Не ме прашувала ама знаела да дели совети на непрашано Просто ми недостигаат тие мигови кога паѓав од смеење. Еее, си поминаа и лудите млади години, сега мажена па старата увце не ја боли. Ја куртулив од мислење
Ја со мајка ми сум многу блиска. Дечковци нормално, кој каков е, како се понаша, до детал анализа на карактер и ситуации како со другарки што разматраме слично. Ама има некои работи, како секс на пример во случајов - неможам со нејзе тоа да го муабетам. Почнувала она такви муабети одоколу не еднаш, ама јас никад не сум ги прифатила.
Знае ,не дека не знае ,и откако дозна живее во постојан страв дека наскоро ќе стане баба. Што мене ми оди по живци ,се разбира ,моја работа си е. Некогаш знае да претера со тие нејзини ФБИ истражувања ,па го колнам моментот кога свечено ја обавестив дека сум уствари новороденче во сексуалниот живот ,метафорички кажано Е сега и јас си имам тактка против нејзиното трубење - на секое прашање и одговарам потврдно. Па нека се секира ако веќе и е дојдено до тоа.
Па со оглед на моите години и на мојата ситуација која не е сингл, смешно би било да не знае дека го имам, а за тоа каков е не знае, а не ни сакам да знае, детали не би да споделувам
Мајка ми дозна на начин потресен за нејзе, кога ми каснеше 2 недели. Поставуваше така смешни прашања што некоја другарка да ме прашала, ќе беше нормално, али она ... Во секој случај не е на арно секогаш кога ми касни, да ме погледа со тој нејзиниот поглед, и нејзините ДБК прашања, арно е да се грижи жената, али доста ми е мојата грижа, уште и она ми фали на сета мака. И подобро е кога знае, бар нема зошто да се кријам, и да се срамам, кога ќе и кажам дека одам кај дечко ми дома, нели да гледаме филм.
Па фала Богу знае.Ама мене и до ден денес ми е срам да зборам со неа за тоа.А и нема потреба...Разбраа ко почнав да одам кај него,сигурно знаеле дека тоа нема да се избегне ,па и тие биле како нас бе
Па знае нормално,не е од марс падната,ама не зборуваме на оваа тему,ниту јас,ниту таа. Аа само едно нешто ми има кажано-ако останеш бремена немој случајно да криеш или да се плашиш да ни кажеш па да направиш глупост (мисли на абортус) ...и така
Се знае дури можеби и повеќе од што треба ама мене тоа не ми смета па јас сама си и кажувам од што многу ми е интересна кога зборам на таа тема и она така загрижена или фацата ах денешнава младина
Јас немам зборено ништо со неа, така да, најверојатно не знае. Освен ако она нешто не си претпоставува, или си прави филмови.
Знае, јас не и реков, претпоставуваше, па си признав. И си реков, Аланис! - кога ќе бидеш мајка ќе ја советуваш ќерка ти , повеќе од мајка ти што те советуваше тебе! Мислам дека , е потребна опуштеност и доколку мислиш дека мајка ти е cool би рекла. И така си планирам
Немаме блиски односи со мајка ми , ама во врска сум веќе 4 ипол години па сигурно знае ... инаку немаме разговарано за оваа тема
Знае и мајками,и двете поголеми сестри... не планирав да им кажам но средната ми сестра ми читала на фб додека јас сум заборавила да се одјавам и и кажа на мајками... на почетокот малку не и беше арно ама сеа си е нормално