Мајка ми беше првата и единствена што дозна на почетокот, т.е. уште истата вечер. На другарките не им признав уште многу мнооогу долго, ако си претпоставувале тоа е веќе друго.
Знае дека постои, ама ако знае детал повеќе, мислам дека нема да сум психички способна да продолжам со мојот сексуален живот никогаш повеќе
Majka mi mi e najdobra drugarka normalno deka znae za mojot seksualen zivot ama i za se i sesto pravam muabet so nea
Јас лично и' немам кажано. Ама сигурна сум дека не само што претпоставува туку знае и е сигурна. Сепак имам врска од две години, така што... јасно е. Не знам, јас не сум личност што може да разговара за се и сешто па макар и за мајка ми се работело. За првиот пат кажав само на една блиска другарка во која имам неверојатна доверба и до сега не ме разочарала. Ама и со неа немам ништо детално разговарано. Тогаш само еден разговор, ми кажа дека она како поискусна ми стои на располагање доколку сакам нешто да ја прашам и крај, толку. Така што ни со другарки не зборам за таа тема. Е сега можеби и моево не чини не знам. Едно време размислував дека е убаво мајка ми да знае од причина што е мајка и таа најдобро знае. Ама па од друга страна, со неа не сум била никогаш блиска и не можам, едноставно не можам да разговарам за нешто што е само моја работа и ничива друга. Кога подобро ќе размислам со татко ми сум можеби поблиска. Еднаш и му се пожалив дека она како мајка никогаш не се обидела да допре до мене за таа работа и дека не ме прашала за работи во врска со дечко ми. Татко ми сфати за кои работи се мисли па ми објасни убаво дека едноставно јас сум возрасна и дека некои работи си остануваат за мене и дека не се разговара со никој за тоа. Од тогаш реков дека да, татко ми е во право. Плус па и не сум 15 годишна па да не знам што правам. Имам скоро 21 година и можам сама да се справам со сите ситуации. Можам и на гинеколог сама да отидам, не ми треба мајка ми за тоа. А и всушност кога ќе подразмислам, за што би разговарала со неа на таа тема? Така што како и да е на крај останувам на тоа дека некои работи не за џабе се нарекуваат интимни и приватни. За тоа можам отворено да разговарам само со личноста со која и ги споделувам тие најинтимни моменти и никој друг, а тоа е дечко ми.
Знае нормално, инаку фала богу детаљи не сум и раскажувала никогаш (а не ни планирам), ама секогаш знае кога сум се подновила со некој веш...мислам знаете, онака "несакајќи" ќе ги види кај мене во фиока, и обавезно после главата ќе ми ја пукне онака "на шала" . Како и да е без разлика на нашата блискост, мене секогаш по малку ми е непријатно и срам, но кога би имала нешто проблем барем знам најпрвин кај кого да се обратам
Нормално дека знае, не сум и кажала јас но претпоставувам знае да собере 2 и 2. Инаку негледм причина зошто би и кажала, и што е тоа што би го научила од неа, освен пази да не затрудниш. Сексот денес и сексот кога таа била млада е сосема различен, како и начинот на кој, тој се практикува. Така да блискост со родители да, но разговарање за секс тотална лудост. На крајот на краиштата доколку имам некој проблем на таа тема, земам книшката во раце и одам на гинеколог. Негледам што би ми помогнала мајками ако и кажам дека ме чеша, таму долу или дека имам црвенило, исцедок..... Всушност за тие работи никој неможе да ти помогне, без преглед и лапораториски испитувања.
Сигурно знае , ама јас лично не сум и кажала . Впрочем не гледам потреба да и ја изнесувам мојата интима на неа .. Што да и кажама мамо јас се секснав :geek: Јас таа блискост не ја разбирам , освен ако сте 15-16 години и верувам дека нема да и биде драго . Тука пак ќе најдам вина во родителите што од срам не објасниле на децата што значи сексот . Јас имам разговарано на таа тема многу пати како тинејџерка , ми објаснувала дека сексот е за психо-физички зрели личности и дека нема потреба да се брза да се порасне ... Какви последици може да има врз едно младо тело , како да се заштитиш итн . Таа ми препорача гинеколог кога бев 18 години , иако не бев почната со сексуални односи(немав ни дечко ) јас бев чисто за преглед и консултации .. Кога почнав со таа работа бев возрасна личност , веќе знаев се што треба за сексот , и не почуствував потреба да и кажам на мајка ми . А сигурно знае 24 години сум, во долга врска и нема потреба да и цртам некои работи . А и сметам дека сексот е интимна работа меѓу мене и партнерот и никој дург .
Ми е страв да го направам тоа бидејќи никој од домашните кај мене не ја одобрува мојата врска ... а веќе 4 и пол години сме заедно... (можеби е срамно толку време,а уште не сме го направиле тоа) од пусти страв дека секој момент врската може да ми ја прекинат не сум имала уште секс ... а и кога би имала не би и кажала бидејќи не сум блиска со неа,а и на гинеколог таа иде со мене секогаш ...
Мене ептен ми е чудно кога некоја другака ќе ми рече. Скришно одам на гинеколог,скришно купувам вагиналети. А со дечковци се,и имаат по 21- 22 години. Ги разбирам нив незгодно му е, ама како можат мајките да не разговараат отворено за тоа со своите ќерки. !? Мојава не дочека да не ме праша одкако фатив дечко.
Јас лично не се срамам да и кажам но некако непријатно ми е и неугодно да разговарам на таа тема со нејзе, може од околу да и наспомнам но и самата не потпрашува бидејќи на лице ми се чита што мислам и затоа преќутува.
Никогаш не сум разговарала со мајка ми околу мојот сексуален живот. Јасно и е нејзе дека сум сексуално активна, нормална работа коа си во врска. Има пробано како мајка да ми заврти тема али секоаш успешно сум ја одбегнувала. Некако непријатно ми е да разговарам со неа околу мојот сексуален живот. Ако ми треба некоја информација си пребарувам по интернет ама неа не ја прашувам.
И немaм кaжaнo,нo штoм јa прaшaв нa кoј гинекoлoг oди и декa сaкaм дa се прoверaм сигурнo сгaтилa,не е ептен oд Мaрс пaaднaтa. И сo oглед нa тoa штo oиме нa oдмoри и имaме петгoдишнa врскa..претпoстaвувaм декa знaе сaмo нoрмaлнo немa дa и збoрувaм детaли,никoгaш.
сум немала, но ако имам би и кажала но не одма или веќе ако самата ме праша ќе кажам искрено, секако ќе кажам и на најдобрите другарки и друштвото бидејќи со нив секакви работи си споделуваме
Незнае не сум и кажала, а и не планирам да и кажам бидејки ми е срам да зборувам со неа за такви работи. А и можеби и самата е сватила дека веќе не сум малечка.