Мене ми е убаво со мајками да зборувам за сексот и моите момчиња не е жена што осудува туку ги разбира младите и мислам дека ми е опуштен маабетот со неа. Со таткоми не комуницирам многу и општо и за вакви теми
Со оглед на тоа што имам само татко....никогаш не сме разговарале на таа тема. Затворен тип е. Само знаеше да ме опомене - Пази што правиш. За се се информирав преку интернет.
Не знае. Ми има кажувано пази со кој,не се прави тоа со било кој. Не брзај. Почекај до 18 барем. И ред други совети. Срамно ми е да кажам "денес имав секс" "завчера се скинав" или како и да е.
Знае дека во првата врска имав секс, одевме и на одмори заедно, сигурно не сме спиеле на посебни кревети. Други детали не знае, не знае ни дека сум била со други после него. Мисли само еден сексуален партнер сум имала. Не сакам да споделувам интима со неа.
Буквално за сѐ можам да разговарам со мајка ми, освен на оваа тема.. Непријатно ми е некако.. Ама ваљда знае дека сексуално сум активна, долго време сум заедно со дечко ми, претпоставила сигурно.
Neznae nishto, msm pretpostavuva sigurno, no sepak sme sudir na generacii i ima postari nekoi sfakjanja pa bi premolchila....