Во летото излегував со друштвото многу често, а сега за време на школската година - само петок и сабота. Во петок обично одиме на порелаксирана прошетка низ плоштадот и можеби ќе седнеме некаде на пијалок или ќе се збереме дома кај некој и ќе си поминеме ептен супер. Во саботите одиме по кафичи. Засега мене ми е рано да одам по барови и клубови бидејќи сите се повозрсни од мене и се осеќам како мала ку*вичка (извинете на изразот), па затоа почесто си одам дома, додека некои од друштвото остануваат по клубовите. Сега за сега ми е интересно излегувањето и навистина не можам да издржам ако во сабота после тешка и напорна недела не излезам да се релаксирам и опуштам
Одењето по дискотеки баш и не ми се допаѓа. Многу ретко одам,бидејки се чувстувам повеќе уморна него ли расположена. Сакам да одам на потивки места,на свирки во живо...итн. Истото го практикува и дечко ми.
Преку лето нема ден да не излезам,било каде,во кафиќ,во дискотека,на плоштад си седиме,во некој парк.А кога почнува школската година,повеќе сакам да си седам дома,многу ми студи и ме мрзи да излегувам.Од време навреме одам во некој кафиќ на некое помирно место,со другарка..Чисто да си направиме муабет,да ни помине времето.
Не сум некој голем љубител на дискотеки, ме фаќаат периоди и кога не излегувам и по еден месец. Но, исто така има и периоди кога излегувам петок, сабота недела до 4 сабајле. Се зависи од музиката, друштвото и моето расположение...
Секоја вечер не, бидејќи е многу ладно сега. На сабота и петок обавезно излегувам. П.С- Ова ми е 500 мислење.
последен пат во нокен клуб за 10 годишнината од матура-тоа беше летово другарките не излегуваат на такви места, финансиите се проблем, моите се проблем-кога ке видиш се е проблем-здравје боже да се вработам, можеби тогаш би не дека јас не сакам вака по кафики-што вели другарка ми да или на некој настан(роденден и сл)
Сакам ноќни излегувања, откако работам почесто одам само на пијачка, ама и барем двапати месечно во диско. Некогаш стварно имам потреба од дотерување, провод, гужва, алкохол
Излегувам секој викенд сум по кафичи искисната такво ми е друштвото сите другарки ми се party people.. и ми се допаѓа. Сепак тие години ми се кога сакам онака убаво да се изнаиграм.. И што знам, не ми е смачено воопшто иако излегувам по кафичи уште од 3 година средно. Сетоа тоа зависи до човекот.. ако сака таква музика нема никогаш да му здосади. Не сум љубител на кафани, ниту јас ниту друштвото. А ретко знаеме да отидеме на јадење во некоја пицерија... или па на вечерно кафе во текот на работните денови, така релаксирано. Инаку живеам за викендите.
Излезено преизлезено веќе, да му се смачи на човек од спремање договарање акање и слично. Викенди обавезно преку недела исто така, после работа секако. Кафичи дискотеки кафани, веќе почна да ми се здосадува
Пааа.. зависи. Излегувам, гледам што почесто да излегувам. Затоа што кога сум дома - полудувам, почнуваат да ми се вртат некои лоши мисли и ме напаѓа некакво депресивно расположение. Во викенди одам по кафичи. Доколку најдам некоја другарка или доколку се собереме повеќе другарки знаеме да појдеме во некој ресторан - и тоа повеќе го преферирам. Најчесто излегувам кај 10 и пол и се враќам во 3-4 дома. Понекогаш се собираме во некоја кафана или некој парк и пиеме, но тоа поретко се случува. Инаку по кафичи почнав да излегувам уште од 8мо одделение и смачено ми е, многу. Најлошо е тоа што секогаш се истите кафичи, истите луѓе. Нема ништо ново, ништо интересно. Па понекогаш знам да седнам да читам книга во петок или сабота навер.
Излегувам за време на викендите.Но некогаш и тогаш не излегувам бидејќи ми здосади веќе.Лутај лево-десно низ град, нема ништо интересно.Мал ни е градот и нема каде да се прошеташ како што треба и да си поминеш убаво.Кафичи има малку, ама не одиме.Прво беа проблем штиклите, ги немавме, а сега кога имаме, срам ни е.Значи проблемот бил до нас.Но има уште многу време пред мене, мала сум уште сега по штикли секој викенд во кафичите.Барем средно да појдам, тогаш може.Инаку повеќе сакам да излегувам преку ден, кога е сончево и кога сум во друг град.Абе уживанции